verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напади и дискредитација за да се пренасочи фокусот од вистинската информација

on 4 - 09 - 2015       

http___kurirmk_makedonija_vesti_2-crop-resize

 

[Рецензија: Новинарката Катерина Цаневска-Арсовска лажно се претставувала како градежен инспектор]

 

Овој текст ја дезинформира јавноста дека „Новинарката Катерина Цаневска- Арсовска лажно се претставувала како градежен инспектор“. Написот, всушност, е со изместен фокус.

Акцентот  намерно се става на новинарката, која сега е вработена во Општина Центар – задолжена за односи со јавноста. А, притоа, се поттурнува настрана главната вест дека инспекцискиот надзор на Општина Центар констатирал оти балконот на партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба.

http___kurir.mk_makedonija_vesti_2Линк до оригиналниот напис: Новинарката Катерина Цаневска- Арсовска лажно се претставувала како градежен инспектор

Датум и време на објавување: 02.08.2015, 16:06

Датум на рецензирање: 02.08.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот е граден на неточна информација, која е содржана и во тенденциозниот наслов и во самиот вовед:

„…според информациите до кои дојдовме, за време на денешната инспекција од страна на општина Центар на новото седиште на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Цаневска-Арсовка лажно претставувајќи се како градежен инспектор се обидела заедно со инспекцискиот надзор да влезе во зградата“

Ваквите тврдења ги негира Цаневска-Арсовска, која по објавувањето на написот, на својот ФБ-профил, меѓу другото, напиша дека не се претставила како градежен инсектор, туку на еден од вработените му кажала: „…дека има претставници од ОБСЕ кои сакаат да ја набљудуваат инспекцијата, но ниту ОБСЕ, ниту медиумите не беа пожелни“.

Но, материјалот што го рецензираме намерно пласира непроверена и невистинита информација , која потоа наменски е искористена за дискредитација на Цаневска – Арсовска.

 

ОЦРНУВАЊЕ

И, не само неа, туку во вториот дел од овој плукачки текст се оцрнува и раководителот на секторот за инспекциски работи на Општина Центар, Кочо Стојчески.

Тоа се прави преку пренесување на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ (на кое му е отстапен прилично голем простор) и во кое со навредлив и со омаловажувачки тон се изнесуваат паушални обвинувања за „хаус-мајсторот“, кој, наводно, преку ноќ станал раководител на спомената општинска служба.

Инаку, Стојчески неодамна ги демантираше ваквите наводи, квалификувајќи ги како невистинити и ставени во функција на „валкана медиумска кампања“

„…Во јавна администрација работам од 2001 година по договор на дело, а од 15.04.2005 година како државен службеник со завршено високо образование…“

 

„…Од 22.12.2009 до 07.06.2012 година бев раководител на Одделението за матични работи на град Скопје во Управа за водење матични книги при Министерство за правда ПО ОВЛАСТУВАЊЕ, каде што имав значајна улога во градењето на таа институција…“

Меѓутоа, очигледно е дека текстот што е пред нас воопшто немал намера да се занимава со вистината – како што тоа го налагаат новинарските стандарди, туку со напади и со дискредитација на личности да го пренасочи вниманието од вистинската информација. А, таа е дека инспекцискиот надзор на Општина Центар покажал дека иако новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е веќе пуштено во употреба, за балконот на истиот објект е дадено противправно одобрение од Град Скопје. Односно, спорна е терасата за која од Општина Центар велат дека е балкон, бидејќи е прилепена на објектот и до неа единствено се доаѓа однатре, а не урбана опрема како што ја третираат надлежните од Град Скопје.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Една мисла во “Напади и дискредитација за да се пренасочи фокусот од вистинската информација

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести