verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Премолчувањето и половичното известување се далеку од вистината

on 31 - 08 - 2015       

http___kurir.mk_makedonija_crna-hro-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Мртов коњ лежи во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски”]

 

Оваа куса фото-вест површно информира за случајот со угинатиот коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп-Геoргиев Берoвски“ во населбата Ѓорче Петров во Скопје, кој, според активистите за заштита на животните, бил изгладнуван до смрт. Веста е штура и се обидува да ја симне одговорноста за овој скандал од полицијата.

http___kurir.mk_makedonija_crna-hronЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Мртов коњ лежи во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски”

Датум и време на објавување: 28.08.2015, 09:23

Датум на рецензирање: 28.08.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Написот само половично ја пренесува иформацијата за трагичниот епилог со изгладнетиот коњ, за кој жителите на општината Ѓорче Петров и здруженијата за заштита на животни неколку дена алармираа, а новинарката Јорданка Ивановска-Јоци, која преку социјалните мрежи го обелодени скандалот, доби закани по нејзиниот живот.

Од оваа вест не може да се разбере дека здруженијата за заштита на животните побараа „реакција од надлежните структури“,  искажувајќи незадоволство од односот на полицијата. Имено, повеќе медиуми претходниот ден (27 август 2015 година) го пренесоа соопштението  од Здружението „Анима мунди“, каде се вели дека полицијата била известена, но не презела мерки да го спречи наводниот сопственик да се изживува со животното. Од Здружението, исто така, поднеле и претставка до Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во интерес на вистината, пренесуваме дел од споменатата реакција на „Анима мунди“

„Полиција заштити психопат, садист, деликвент кој со денови измачува коњ,  го изгладнува, чека да умре во дворот на OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски”, како потоа со него би нахранил кучиња чувани за борби, кои исто така ги чува во дворот на училиштето. Насилникот има уште еден коњ кому ќе му дојде редот после.“

 

„Иако граѓани реагирале, иако е обезбедено возило за транспорт на коњот и му е дадена инфузија по што се исправил, собрал малку сила; иако реагирала и новинарката Ј. Ивановска и лично отишла на самото место; иако е повикана полиција за да се одземе и спаси немоќното животно; иако нашиот адвокат разговараше со полицијата и ги информираше дека ова лице злоупотребува животни, учествува во борби со кучиња и во моментот, но и претходно го крши кривичниот закон, полицијата го заштити оној кој овој коњ денес ќе го заколе, и кој егзистира пред нивни очи од борби со кучиња!“

 

ПОЛИЦИЈАТА Е „ЧИСТА“!

По угинувањето на коњот, ова Здружение за заштита на животните побара да има истрага и да се понесе конкретна одговорност. Во знак на револт, повика и на протестен собир во недела напладне (29 август 2015 година) пред полициската станица во Ѓорче Петров .

Но, во веста што ја рецензираме, намерно се премолчуваат ваквите реакции. Па, наспроти забелешките искажани на адреса на полицијата, на крајот од текстот се вели:

„За случајот реагирала и полицијата и  го предупредила сопственикот на коњот кој изнемоштен и гладен бил оставен, да го изнесе од училишниот двор животното.“

И притоа се креира слика дека полицијата навремено реагирала и сторила сѐ за да го заштити коњот од нехуманото постапување на неговиот сопственик.

Токму ваквиот пристап ја прави веста нецелосна и пристрасна. Тоа е  спротивно на професионалните станадрди кои налагаат новинарите при пренесувањето на информациите да бидат чесни, објективни и точни.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести