Фото-сесија за „пожарникарот“ Трајановски
Објавено во Рецензии
on 7 - 09 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: СИТЕ НА НОЗЕ: И Коце Трајановски отиде да гаси на Водно (ФОТО)]
Текстот што е пред нас сосема непотребно го нагласува учеството на скопскиот градоначалник во гаснењето на пожарот на Водно. Оваа информација соопштена уште во насловот и поткрепена со три ударни фотографии со Коце Трајановски, ја става во втор план веста дека „пожарот кај Теферич што избувна попладнето на 02.09.2015 година, е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување“. И токму поради ваквиот начин на обработка, написот добива значителен маркетиншки тон.
Линк до оригиналниот напис: СИТЕ НА НОЗЕ: И Коце Трајановски отиде да гаси на Водно (ФОТО)
Датум и време на објавување: 02.09.2015, 21:59
Датум на рецензирање: 04.09.2015
Рецензент: Оливера Војновска
„ПОЖАРНИКАРОТ“ ТРАЈАНОВСКИ!
Овој материјал нема проблеми со вистинитоста, изворите и со содржајноста. Поткрепен е и со видеоматеријал, како и со ексклузивни фотографии од местото на настанот.
Но, во што е тогаш проблемот? Манирот во кој е напишан и пласиран написот, го става под прашалник професионалниот пристап.
Имено, паѓа в очи желбата да се истакне ангажманот на градоначалникот на Трајановски. И, правен во тој дух, текстот вели:
„… веднаш по дојавата за пожар на местотот пристигна и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој активно се вклучи во гаснењето на пожарот“
Па, од 20 добри, „живи“ фотографии, направени од локацијата каде гореше шумата на Водно, ударно место во написот имаат трите илустрации кои прикажуваат како Трајановски, „рамо до рамо“ со пожарникарите се справува со огнената стихија! А, ваквиот избор на сликите, несомнено, не е направен случајно.
Од друга страна, пак, воопшто не е чудно тоа што градоначалникот на Скопје во тие моменти бил на местото каде имаше пожар. Меѓутоа, нема потреба од тоа да се прави „драма“ и на таквиот потег да му се дава премногу значење. Дури поголемо од самиот пожар во кој изгореа 15 хектари мешана шума, грмушки и трева.
Со тоа, наместо чиста и необременета вест, на читателите им се презентира содржина која наликува на пропаганден материјал, во кој вистинската информација, ставањето под контрола на пожарот, се загубила во фото-сесијата за „пожарникарот“ Трајановски!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови