verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Едностран и манипулативен текст од насловот, па до последната реченица

on 12 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___denesenmk_web-crop-resize

 

[Рецензија: Заев рекордер по лажни и неостварени ветувања]

 

Нагласено пристрасен, едностран напис кој има цел да го оцрни струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ.  Во таков тон е обоен целиот материјал, од тенденциозниот наслов „Заев рекордер по лажни и неостварени ветувања“, па до последната реченица.

http___denesen.mk_web_Линк до оригиналниот напис: Заев рекордер по лажни и неостварени ветувања

Датум и време на објавување: 09.09.2015, 16:38

Датум на рецензирање: 10.09.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

МАНИПУЛИРАЊЕ

Текстот се потпира на изјавата на советникот на ВМРО-ДПМНЕ  во Општина Струмица, Костадин Шолев, од каде е извлечена и поентата во насловната конструкција. Но, Шолев не е претставен како  член на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, туку  само се кажува: „жител на Куклиш“.

И притоа, со еден  манипулативен пристап, читателите се доведуваат во заблуда дека се работи за доминантен став на жителите на Куклиш. Па, уште на самиот почеток на написот се генерализира и се вели:

„Жителите на Куклиш бараат од градоначалникот на Струмица Зоран Заев да го исполни даденото ветување за реконструкција на опожарениот дом на култура.

Тие велат дека Заев две години им ветувал и ги лажел жителите на Куклиш.“

Исто така, во текстот не е пренесена реакцијата на Општина Струмица од каде велат дека за опожарениот дом во Куклиш во буџетот и во програмите на Општина Струмица има предвидено околу 3 милиони денари, а не шест како што се тврди во написот. А, според објаснувањето на локалната власт:

 „… реконструкцијата, односно, изградбата на нов дом на културата се уште не може да почне од проста причина што во моментот се работат испитувања од стручни лица за статистиката на самиот објект, односно, дали овој објект ќе може да се реконструира, или пак, доколку стручните лица укажат на тоа, истиот да биде срушен и на негово место да биде изграден нов. Што значи во тек е утврдувањето на конечната реализација на овој објект во Куклиш.“

Но, видливо е дека  во овој  наменски скроен  производ  воопшто и не била планирана втортата страна, за да може публиката самата да се увери дали навистина се соборуваат рекорди во лажни ветувања.  Или, во прашање е нешто друго – пресметан политички спин за дискредитација на опозицискиот лидер.

Инаку, комплетно истиот  текст,  вклучувајќи ги фотографијата и насловот, половина час претходно е објавен на друг портал од каде најверојатно е преземен.  Истиот ден написи со речиси идентична содржина беа пласирани на повеќе медиуми, што, пак, остава простор за сомнеж дека е во прашање синхронизиран политички напад на Заев.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести