verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба и да прашува, не само да напаѓа

on 12 - 09 - 2015       

 

Пулените на СДСМ  Поповски и Унковски  земале над 73.000 евра од Општина Центар   NetPress   NetPress - crop-resize

 

[Рецензија: Пулените на СДСМ, Поповски и Унковски, земале над 73.000 евра од Општина Центар]

 

Овој текст е политички пристрасен и има цел да го оцрни градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, да го обвини дека истура пари од ракав нему омилени поединци, во случајов режисерите Унковски и Поповски, за проект, за кој, во случајов, нема никакво објаснување. Од друга страна, се оцрнуваат и имињата на македонските режисери посочени во написот.

Пулените на СДСМ  Поповски и Унковски  земале над 73.000 евра од Општина Центар   NetPress   NetPressЛинкуван наслов на анализираниот напис: Пулените на СДСМ, Поповски и Унковски, земале над 73.000 евра од Општина Центар

Датум и време на објавување: 07.09.2015

Датум на рецензирање: 11.09.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Целта на авторот се гледа уште во насловот – да ги дискредитира имињата на двајцата познати македонски режисери. Имено, во написот се нагласува нивната „отворена поддршка на политиките на СДСМ и критики кон власта“.

„Скандалозно е што и двајцата, Поповски и Унковски се отворени поддржувачи на политиките на СДСМ, што често може да се заблежи и во нивните јавни настани. Слободан Унковски е и поранешен министер во владите на СДСМ. Тие се критичари на актуелната владата и предничат со својот жолчен и на моменти агресивен настап. Очигледно тие за ваквото однесување имале дебела финансиска причина. “

Кога немаш факти, тогаш нападни. Тоа е случајот со овој текст. Во него нема никакви факти и докази, туку само ги напаѓа Унковски и Поповски. Тие биле критичари на власта и за тоа зеле пари од СДСМ. Никој не смее да ја критикува Владата и да мисли со своја глава. Ако го прави тоа, тогаш е платеник на СДСМ. Така отприлика би звучела тезата на овој напис. Вакви сериозни обвинувања треба да имаат дебела подлога за да се сервираат како новинарски продукт.

Во текстот никаде нема спомнато за што режисерите ги добиле овие пари, за каков проект станува збор. Наместо тоа, има само напади и дискредитации, што новинарски е непрофесионално. Во ред е новинарот да има дилеми и да поставува прашања, но на тие прашања треба да побара и одговори. Авторот требало да крене слушалка и да ги побара режисерите и да ги праша за што ги добиле тие пари. Или, пак, можел да го побара градоначалникот на Центар и него да го праша на која основа и како одлучил да ѝ даде пари токму на нивната фирма.

„Останува Жерновски да објасни по кој критериум доделил парите и тоа токму на луѓе од СДСМ, дали се работи за разработена финансиска мрежа за финансирање на СДСМ и зошто има пари за нивните проекти а нема за решавање на проблемите на граѓаните- како осветлување, канализација, проблеми со неасфалтирани улици.“

Секако дека останува Жерновски да објасни и тоа сигурно ги интересира читателите, но во овој случај, новинарот не се потрудил да побара одговор. Наместо тоа, само напаѓал без никаква основа и аргументи. Во случајов зазел политичка страна и напишал текст кој, во суштина, повеќе потсетува на партиско соопштение.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести