verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Етикетирање колку сакаш, аргументи никаде

on 23 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___kurir.mk_makedonija_vesti_210-crop-resize

 

[Рецензија: Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР]

 

Тенденциозен и наменски скроен напис кој ја разводнува рекацијата на Хелсиншкиот комитет, од каде упатија критики за мерките на присила кои ги употреби полицијата на граничните премини, каде е прогласена кризна состојба поради напливот од бегалци.

Споменатото соопштение, во кое се доведува под  прашалник законитоста на ваквата владина одлука, фактички, е искористено за напад и за етикетирање на оваа невладина организација за заштита на човековите права.

http___kurir.mk_makedonija_vesti_210Линк до оригиналниот напис: Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР

Датум и време на објавување: 21.08.2015, 16:47

Датум на рецензирање: 22.08.2015

Рецензент: Оливера Војновска

Текстот користи прецизни извори на инфромации и вистинити факти. Но, проблемот за кој забележува  Хелсиншкиот комитет – односот на македонските власти кон мигрантите, целосно се маргинализира. Затоа, пак, фoкусот е ставен на дискредитација на невладината организација, при што на нејзините критики намерно им се дава партиска, опозициска боја.

Имено, реакцијата  поради „нехуманото постапување од страна на специјалните полициски службеници кон бегалците“ и начинот на кој е донесена одлуката за кризна состојба, беше повод  Хелсиншкиот комитет да се маркира како „сдсмовски“.

А, тоа се прави  уште со изборот на насловот: „Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР“, како и со првата реченица од написот. Притоа, како крунски доказ се посочува (има принтскринови) дека во Управниот одбор и во Собранието на Хелсиншки

„членуваат истакнати членови на СДСМ и нивни блиски новинари.“

Во истиот тон е и заклучокот на текстот, каде поименично се споменуват личности кои во јавноста отворено ја критикуваат власта.

Тоа по дефиниција треба да подразбира дека тие се од редовите  на најголемата опозициска партија или нејзини поддржувачи!  Бидејќи, нели,  секоја критичка мисла, дури и најмалата забелешка мора да е злонамерна и мора да има некаков линк со опозицијата!

Па, иако, написот точно го пренесува соопштението од Хелсиншкиот комитет,  тоа е така пласирано што неговата поента е комплетно изгубена во налепените партиски етикети.

Односно, онака како што не треба да изгледа еден новинарски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести