verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Класична дезинформација

on 24 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

333333-09876-0987009-crop-resize

 

[Рецензија: Лежел на улица во крв – мигрант прободе полицаец кај Гевгелија]

 

Пласирање вест неточна „до коска“. Не само што со ваквото непроверено „кроење“ на еден настан се заблудува публиката, туку и се придонесува за појава на негативни чувства кај јавноста во еден крајно сложен и тензичен период низ кој минува државата.

333333Линк до оригиналниот напис: Лежел на улица во крв – мигрант прободе полицаец кај Гевгелија

Датум и време на објавување: 21.08.2015, 09:49

Датум на рецензирање: 24.08.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ТРЧАЊЕТО“ ПО СЕНЗАЦИЈА ДОВЕДЕ ДО ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Во овој материјал прекршено е светото новинарско правило – да се објавуваат вистинити и проверени информации. На крајно сензационалистички начин се пласира преземена вест за наводен напад врз полицаец во Гевгелија, за кој е одговорен мигрант, а сето тоа е „зачинето“ со пластичен опис како „полицаецот се тресел во грчеви и лежел на улица во крв“. Но, вистината не може да биде подалеку. Точно е дека има повреден полицаец, но не од мигрант, туку од самиот себеси – се сопнал од заштитна ограда и паднал врз столпчиња што ги штитат тазе насадените палми во близина на гевгелиската железничка станица. Нема ниту „м“ од мигрант напаѓач, ниту „н“ од нож. Иако, како што веќе рековме, станува збор за преземена информација, тоа сепак не е валидно алиби за објавување непроверена, а од суштинска гледна точка, исклучително лесно запалива вест во сложени околности кога дел од јавноста е сензитивна за прашањето за мигрантите и за нивното присуство и транзит низ Македонија. Проблемот и без тоа е голем, и за несреќните мигранти и за државата, и секако дека нема потреба од дополнително „долевање масло на огнот“.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.

Јасно е дека оваа, така да ја наречеме, еснафска процедура на проверка, не била запазена и затоа резултатот е таков каков што е – груба дезинформација.

И други портали се „лизнале“ на оваа информација, но подоцна тоа го признаваат и се поправаат. Некои, пак, слепо не полетале по основната вест, туку прво ја провериле кај најповиканата институција – МВР, кое јасно соопшти дека таков настан, односно напад на мигрант врз полицаец, воопшто не се случил. Ете што се случува кога се користи само еден, ама не многу доверлив, извор за ваков потенцијално многу значаен настан.

Затоа, може да се заклучи дека не е сè во брзината, има „нешто“ и во вистинитоста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

преземена вест

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

не директно

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести