verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Премиерското интервју пренесено, поводот скриен

на 14. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Груевски: Ќе се забрза реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а ќе се гради и нов студентски дом]

  Овој текст информира половично и тоа го прави свесно. Во него е пренесна само опширната изјава на премиерот  за тоа дека „ќе се забрза реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а ќе се гради и нов студентски дом“. Но, нема ниту збор за објавата и за фотографиите на „Студентски пленум“, па фактички, невидлива е поплавата во Студентскиот дом по обилните врнежи (10 октоври 2015 година), поради што публиката не може да добие целосна и објективна слика. Линк до оригиналниот напис: Груевски: Ќе се забрза реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а ќе се гради и нов студентски

Нов „раскол“ во најголемата опозициска партија без квалитетен „штоф“

на 11. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Раскол, викотници и на работ до тепачка викендов во СДСМ]

  Рецензираме  тенденциозен, шпекулативен материјал кој е преземен од друг медиум и пласиран во целосно иста форма, без никаква новинарска доработка.  Во овој исклучително пристрасен текст не е направен минимум напор да се провери тврдењето дали во СДСМ се случува драматичен внатрепартиски конфликт, туку како неприкосновена вистина е земен написот  од споменатата веб-страница, кој, пак, се потпира на анонимни извори. Ваквиот потег изгледа како едвај да се дочекало да се објави приказната озаглавена со спинерскиот наслов: „Раскол, викотници и на работ до тепачка викендов во СДСМ“. Тој го привлекува вниманието на публиката, ама четивото под него не нуди квалитетен „штоф“ за да ја убеди публиката дека

Површна, нецелосна информација за објавувањето „бомби“ да стане кривично дело

на 9. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Предлог  за нов закон: Објавувањето „бомби“ да стане кривично дело]

  На читателите им е понудена површна, нецелосна информација за намерата на двете владејачки партии , ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со закон да се забрани објавувањето на прислушуваните материјали, за што коалициските партнери  доставија (6 октомври 2015 година) предлог во Собранието. Написот премолчулва многу битен момент –  дека медиумите може да се сооочат со драконски затворски  казни, доколку објават разговори или транскрипти од таканаречените опозициски „бомби“. Линк до оригиналниот напис: Предлог  за нов закон: Објавувањето „бомби“ да стане кривично дело Датум и време на објавување: 06.10.2015, 15:14 Датум на рецензирање: 07.10.2015 Рецензент:  Оливера Војновска   А ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ? Веста што ја рецензираме е половична. Имено, таа соопштува дека пратеничките групи

Упорно со приказната „добил вазна во глава“

на 6. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Бившиот градоначалник на Охрид добил вазна во глава во тепачка]

  Текстот што го рецензираме погрешно ја информира јавноста дека „бившиот градоначалник на Охрид добил вазна во глава во тепачка“. Дезинформирањето се прави уште со самиот наслов, а целосно идентична порака се испраќа и со поднасловот, кој е во иста форма, што изгледа некако чудно. Инаку, според изјавата на поранешниот охридски градоначалник, Александар Петрески, тој воопшто не бил мета на напад, туку бил инволвиран во инцидент, при што го спречил напаѓачот да употреби огнено оружје во расправија со друга личност. Линк до оригиналниот напис: Бившиот градоначалник на Охрид добил вазна во глава во тепачка Датум и време на објавување: 03.10.2015 Датум на рецензирање: 04.10.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

Од „петни жили“ се брани омилен политичар

на 4. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Трајановски ги демантираше манипулациите на Жерновски: Кејот кај ГТЦ нема да биде транспортна улица]

  Пред нас имаме нагласено пристрасен напис кој од „петни жили“ се труди да го одбрани градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Всушност, текстот изгледа како да се става во улога на „адвокат“ на Трајановски,  истовремено фрлајќи „дрвја и камења“ по градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Линк до оригиналниот напис: Трајановски ги демантираше манипулациите на Жерновски: Кејот кај ГТЦ нема да биде транспортна улица Датум и време на објавување: 30.09.2015, 14:26 Датум на рецензирање: 01.10.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

А ПРЕСОТ НА ЖЕРНОВСКИ?

Нападите кон градоначалникот на Центар почнуваат уште со тендециозниот наслов – во кој се тврди дека се работи за „манипулации на Жерновски“, а

Наменски текст во кој жртвите на пешачките премини на скопските улици се маргинализирани, речиси невидливи

на 29. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Бројот на несреќи со жртви опаѓа, протестите против Трајановски се манипулација]

  Овој прилог е правен без никаква новинарска диоптрија. Тој, наместо да го штити јавниот интерес и да пренесе чиста, политички необременета и точна информација, целосно се става во одбрана на градоначалникот на Скопје. Линк до оригиналниот напис: Бројот на несреќи со жртви опаѓа, протестите против Трајановски се манипулација Датум и време на објавување: 27.09.2015, 16:47 Датум на рецензирање: 28.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ФАЛБИ БЕЗ СРАМ!

Медиумската содржина што ја рецензираме не се потпира на факти, туку во неа наменски се нафрлани паушални податоци, без да се посочи конкретен извор и без да се поткрепат изнесените тврдења. Нејзиниот автор, дури, има амбиции да ја претстави како анализа,

Цел куп имагинарни пари

на 28. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: 17 милијарди евра помош за Македонија и Србија]

  Единствениот проблем со овој материјал е грешката во насловот „тешка“ 17 милијарди ерва! Гледачот останува просто фрапиран од износот (во евра) што се споменува во најавата на прилогот, а кој, наводно, треба да го поделат Македонија и Србија. Сепак, нема место за возбуда, во прашање се илјада пати помалку пари! Линк до оригиналниот напис: 17 милијарди евра помош за Македонија и Србија Датум и време на објавување: 23.09.2015,  16:26 Датум на рецензирање: 25.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НАМЕСТО МИЛИОНИ – МИЛИЈАРДИ

Имено, финансиката помош од Европската унија за Македонија и за Србија за решавање на мигрантската криза, нема врска со фантастичната сума која ѝ се соопштува на публиката при најавувањето

Емирот од Дубаи, неговиот несреќен син, Цеца и нејзиниот син Вељко

на 21. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар]

  Пред нас имаме вест упропастена со погрешен наслов и со промашена фотографија. И ваквата двојна грешка го прави написот лош и збунувачки, кој наместо да информира – дезинформира. Линк до оригиналниот напис: Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар Датум и време на објавување: 19.09.2015, 15:16 Датум на рецензирање: 20.09.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

ВЕСТА „УТЕПАНА“ СО НАСЛОВОТ И СО ФОТОГРАФИЈАТА

Самата вест се потпира на вистинити факти и посочува прецизни извори на информации (иако не се линкувани). Но, првата порака што им се испраќа на читателите преку насловната конструкција „Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар“,  е неточна. Имено, не

Од него ќе биде човек, ама од овој текст не бива вистина

на 19. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Од него ќе биде човек – погледнете го ова дете од автобус на ЈСП]

  Оваа куса фото-вест  е неточна. Со фотографија снимена во Турција, се дезинформира јавноста дека е овековечена несекојдневна глетка од градски автобус во Скопје. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Од него ќе биде човек – погледнете го ова дете од автобус на ЈСП Датум и време на објавување:  17.09.2015, 16:19 Датум на рецензирање:  19.09.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

ВО АВТОБУС, АМА ВО ТУРЦИЈА!

Веста има само три реченици кои се инспирирани од фотографијата за која се тврди дека е направена во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).  Што е целосна невистина. Сликата е снимена во автобус, ама во Турција, каде се вртела на

Вака вести пишува пропагандист! Од којзнае која провинција!

на 15. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција!]

  Главниот проблем со оваа куса фото-вест е насловот: „Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција!“. Тој е исклучително навредлив, звучи невкусно и дури со отворен анимозитет кон странските дипломати. Линк до оригиналниот напис: Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција! Датум и време на објавување: 14.09.2015, 14:27 Датум на рецензирање: 14.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРИМИТИВИЗАМ

Веста има само две реченици ама е „отровна“! Од  неа просто извира силна нетрпеливост кон странските претставници во земјата. Особено, од  насловната конструкција, која е со таков навредлив речник што се граничи со примитивизам. Инаку, „столбот“ на веста се две фотографии на кои е прикажано возило со дипломатски таблички, паркирано со предниот дел

Претплатете се за најнови вести