verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Наменски врамен текст по мерка на власта

на 14. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев на поправен кај Хан и Нуланд]

  Станува збор за целосно необјективен, едностран прилог пласиран „во очи“ на посетите на помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, (13 јули 2015 година) и на комесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан, (14 јули 2015 година). Овој материјал го става во негативен контекст претседателот на СДСМ, Зоран Заев, креирајќи перцепција дека високата американска претставничка и еврокомесарот ќе ја насочат „острицата“ на критиките само кон шефот на опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Заев на поправен кај Хан и Нуланд Датум и време на објавување: 12.07.2015, 16:25 Датум на рецензирање: 13.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

КРИТИКИ САМО ЗА ЗАЕВ!

Тенденциозноста на овој политички пристрасен текст е видлива

Туѓата шапка!

на 11. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ го забавува економскиот раст на Македонија]

  Насловот на овој текст целосно виси. Пораката што се испраќа со насловната конструкција: „СДСМ го забавува економскиот раст на Македонија“, не може да се прочита во текстот. Настрана, изгледа смешно, па и куриозитетно, да се смета дека опозицијата може да биде одговорна за движењето на еконосмкиот пораст во земјата! Линк до оригиналниот напис: СДСМ го забавува економскиот раст на Македонија Датум и време на објавување: 09.07.2015, 08:36 Датум на рецензирање: 10.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска Текстот  се потпира на завршната изјава на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дадена по еднондеделното скенирање на состојбите во македонската економија. Фрагменти од овој извештај се точно пренесени, само паѓа в очи селективнниот пристап

Нема никаква „страшна железничка несреќа во Скопје“

на 6. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Страшна железничка несреќа во Скопје]

  Овој материјал преку насловот ја дезинформира и ја вознемирува јавноста, посочувајќи дека во главниот град имало „страшна железничка несреќа“!  За среќа, такво нешто не се случило. Линк до оригиналниот напис: Страшна железничка несреќа во Скопје Датум и време на објавување: 03.07.2015, 08:30 Датум на рецензирање: 05.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

„НЕСРЕЌЕН“  Е НАСЛОВОТ!

Насловот со кој, фактички, се соопштува невистинита информација е главниот проблем во написот. Тој  прозвучува како да известува за некаква голема железничка трагедија со многу човечки жртви. Но, драматика има само во насловната конструкција, а не и во содржинскиот дел на текстот. Всушност, иако не е прецизно наведено, станува збор за вообичаен дневен билтен од МВР, што е објавен

Исклучително необјективен и манипулативен текст

на 6. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Тито Петковски удри по СДСМ: Заев го губи кредибилитетот]

  Станува збор за исклучително необјективен и манипулативен текст чија идеја е да креира слика дека опозицијата се соочува со внатрешни конфликти и со недоразбирања. Во пакет со приказната дека „зоврива атмосферата на Бихаќка“ , неизбежно се споменува и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, а  се прозиваат и медиумите „под контрола на опозицијата и платени од СОРОС“! Линк до оригиналниот напис: Тито Петковски удри по СДСМ: Заев го губи кредибилитетот Датум и време на објавување: 01.07.2015, 12:37 Датум на рецензирање: 01.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Тенденциозноста на написот се гледа  во самиот наслов. Тој прозвучува како претседателот  на НСДП, Тито Петковски, да дал изјава во која жестоко

Криење на изворот за предимензионирање на посетата на премиерот

на 30. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Македонија и Франција покажуваат интерес за продлабочување на економската соработка]

  Основиот проблем со овој материјал е што нема посочено извор за информациите кои ѝ се соопштуват на јавноста. А, таа, секако, има право да знае од каде потекнуваат. Линк до оригиналниот напис: Македонија и Франција покажуваат интерес за продлабочување на економската соработка Датум и време на објавување: 27.06.2015, 09:52 Датум на рецензирање: 28.06.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

А ИЗВОРИ?

Станува збор за куса информација за економската посета на премиерот Никола Груевски на Франција, во која се соопштува дека тој се сретнал со сенаторот Алаин Ричард, специјален претставник на француската влада за економски односи со земјите од Балканот. Притоа се вели: „Соговорниците се  согласија дека Македонија и Франција

Интересна медиумска содржина, ама неточна

на 27. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Груевски ќе го вади зариениот нож, Љубчо ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ]

  Станува збор за интересна медиумска содржина, која, на прв поглед, го привлекува вниманието на публиката, што се гледа и по бројот на посети (околу 15.000 до 22 часот на 25 јуни 2015 година). Текстот паѓа в очи уште со изборот на провокативниот наслов со кој се нуди сигурна информација. Но, дали е навистина така? Линк до оригиналниот напис: Груевски ќе го вади зариениот нож, Љубчо ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 24.06.2015, 23:57:05 Датум на рецензирање: 25.06.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

А, ДА СЕ ПРАША ЉУБЧО!?

Начинот на кој е напишан и пласиран  овој материјал  ги  става под прашалник професионалните и

ТВ-дневник: Премиерот, барем во три прилози!

на 25. 06. 2015 | |
Груевски, Груевски и пак Груевски – три пати во еден Дневник. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“, на 22.06.2015 година во 17.30]

 

Во дневникот не се најде место за последниот извештај на „Хјуман рајтс воч“ за полициската бруталност на 5 мај оваа година

Пишува: Оливера Војновска   Организацијата за човекови права, „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) во својот Извештај за полициската интервенција за време на протестот пред Владата на 5 мај 2015 година, констатирала дека „полицијата употребила прекумерна сила против демонстрантите, случајните минувачи и еден новинар“. Сепак, оваа информација не беше доволно интересна за да стане вест во централниот дневник на телевизија „Алфа“ во понеделникот, на 22 јуни 2015 година. Како што беа, на пример, атрактивни трите

Намерно искривен прилог за извештајот на ЕК, без намера за објективност

на 23. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ЕК го објави договорот ова се деталите]

  Тоа што го има во насловот на овој тенденциозен и манипулативен прилог, го нема во неговиот содржински дел. Деталите од извештајот на експертската група на Европската комисија, кои се најавуваат со насловната конструкција, не може да се пронајдат во написот. Но, затоа таму има „монтирани и сечени разговори“, како и „соросоиди во техничка влада“! Линк до оригиналниот

Поплава не видовме, ние само лиферуваме општински соопштенија

на 20. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: По поројниот дожд, расчистени и проодни улиците во Кисела Вода]

  Пред нас имаме некритички пренесена информација во која е само „проголтано“ соопштението од Општина Кисела Вода, без никаква новинарска доработка, и текстот не дава објективна слика за тоа како изгледаа улиците од оваа населба по поројниот дожд на 17 јуни 2015 година. Во информацијата се соопштува дека улиците се расчистени и проодни, а не се кажува дека дел од населбата беше целосно под вода. Тоа, пак, може да се види од  фотографиите и од видеоснимката што се споделуваа на социјалните мрежи (поставени од жители на Кисела Вода), а кои беа пренесени во некои медиуми со наслови  „Кисела Вода како Венеција“. Линк до оригиналниот напис: По поројниот дожд,

Tенденциозен и шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста

на 17. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Бомба: На повидок голем урбанистички скандал во Центар?]

  Станува збор за тенденциозен и шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста дека Општина Центар подготвува скандалозни измени на деталниот урбанистички план (ДУП), со кои, наводно, на местото на пазарот Буњаковец ќе никне бензинска пумпа. Текстот е воден од идејата да се оцрни опозицијата и градоначалникот на Центар и не нуди докази за урбанистичката „бомба“, која им се подметнува

Претплатете се за најнови вести