verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Слика прикажана само од аголот на власта

on 10 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___kanal5.com_.mk_vesti_detail.asp_ID78051-crop-resize

 

[Рецензија: Подобри услови и намалени трошоци – поставен камен темелник на државното станбено претпријатие]

 

Извештајот од поставувањето камен-темелник за новата административна зграда на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) ги нагласува позитивните аспекти од изградбата на објектот – дека  ќе се подобрат условите за работа на административците и ќе се намалат трошоците за кирии. А, тоа што изградбата ќе чини 8,5 милиони евра го соопштува дури во последната реченица од прилогот, како да станува збор за некоја минорна сума!

http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=78051Линк до оригиналниот напис: Подобри услови и намалени трошоци – поставен камен темелник на државното станбено претпријатие

Датум и време на објавување: 07.09.2015, 16:22

Датум на рецензирање: 08.09.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПАРИ ЛИ СЕ ОСУМ И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА?!

Имено, написот информира за официјалниот почеток на изградбата на новата зграда на државното станбено претпријатие (поранешно ПУИК), која ќе се протега на градежна парцела од 1.547 квадратни метри, ќе биде на шест ката и приземје, со вкупен административен простор од 6.400 квадратни метри и девет деловни простории.

Во него се прецизно посочени изворите и точно се пренесени настапите на премиерот и на директорот на АДСДП, но се забележува интенцијата да се пофали потегот на Владата (премиерот).

Затоа, фокусот се става на фрагменти од изјавите во кои се истакнува дека се работи за економски оправдана инвестиција, која освен заштеди за кирии и за сметки (ќе биде енергетски ефикасен објект), ќе носи и профит. И ваквата порака ја испраќа уште со насловната конструкција, која е од два дела и е предолга.

Информацијата, пак, за вредноста на вкупната инвестиција на објектот од 519 милиони денари, ја маргинализира и ја поттурнува сосема на крајот од текстот.

А, токму за ова имаше реакција од СДСМ, од каде забележуваат дека нема потреба да се потрошат повеќе од осум милиони евра за изградба на административна зграда на АДСДП.

„Нови простории може да се обезбедат со многу помалку пари, преку поскромен објект, современ и енергетски ефикасен, согласно најновите стандарди“

Но, овој прилог не го пренесува соопштението од најголемата опозициска партија, туку ја прикажува сликата само од аголот на власта.

 

А, ПРОЕКТОТ ОД ПРЕД ТРИ ГОДИНИ?

Инаку, специјализираниот портал кој обработува теми од градежништвото, „Билд“ (Build.mk) во текстот со наслов „Равенка со многу непознати е новиот „барокен“ објект на АДСДП“, потсетува дека Министерството за транспорт и врски пред три години распиша оглас за продажба на локацијата каде што се бараките на АДСДП на улицата Орце Николов во Дебар-маало.

Во него се наведува дека на оваа локација од 5.675 квадратни метри беше планирано подигнување на две згради со приземје, четири ката и со потпокрив, со деловни простории на површина од 19.395 квадратни метри. А, од целокупниот канцелариски простор АДСДП преку јавно–приватно партнерство со домашен или странски партнер, можеше да обезбеди бесплатни 4.000 квадратни метри за сместување на вработените.

Текстот забележува и дека „засега никој од надлежните институции не излегува со информации зошто не е реализиран овој проект“.

Овие моменти кои воопшто не се споменуваат во прилогот што го рецензираме, несомнено, даваат поинаква претстава од таа што се креира во јавноста дека изградбата на овој објект е полн погодок – се прави на вистинско место во вистинско време!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести