verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Хаос на Бихаќка – СДСМ „удри“ и по Жерновски

на 5. 02. 2014 | | sq
Текстот со спинерски наслов: „Хаос на Бихаќка – СДСМ „удри“ и по Жерновски“, прозвучува како да се случил некаков конфлит во редовите на опозицијата. Тоа е, всушност, и намерата на овој напис, кој се обидува да креира во јавноста сензација дека пукаат рабовите во опозициските редови. Материјалот што го рецензираме е преземен од  друг портал и во него се целосно изместени поентите од прес-конференцијата на СДСМ, при што се плете една теднедциозна приказна која се потпира на паушално нафрлани информации. Линк до оригиналниот напис: Хаос на Бихаќка – СДСМ „удри“ и по Жерновски Датум и време на објавување: 2.02.2014, 00:11 Датум на рецензирање: 4.04.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Написот е мешавина од вистинити факти и податоци, чија вистиниотост

Рецензија: Заев на инструкции кај Црвенковски

на 3. 02. 2014 | | sq
Заев на инструкции кај Црвенковски“ е тенденциозен  и пристрасен текст кој има  сериозни проблеми со релевантноста. Овој шпекулативен редакциски материјал  не посочува извори, нема факти и аргументација, туку врз основа на непотврдени информации наменски ја турка тезата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев нема капацитет и дека конците во партијата и натаму ги влече екс-лидерот, Бранко Црвенковски. „Зоран Заев очигледно не може сам да ја води партијата на

Рецензија: Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?

на 31. 01. 2014 | |
Пред нас е еден пристрасен прилог со тендециозен со наслов: „Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?“, кој алудира на тоа дека постои  мистерија околу некаков луксузен стан на заменик претседателката на СДСМ. Иако, Шеќеринска на прес-конфернција објсани за каков стан се работи. Односно, јасно кажа дека: „Станува збор за надоместок од страна на фирмата во која работи нејзиниот сопруг за трошоци за станот во кој живее со семејството“ И наспроти  просторот што му е отстапен на директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски , кој ја прозва Шеќеринска за стан што таа го пријавила во анкетниот лист, нејзиниот одговор е сметен во само две-три реченици на крајот од текстот и е целосно маргинализиран.  Авторот

Рецензија: Во Македонија невработеноста наскоро вртоглаво ќе почне да опаѓа

на 29. 01. 2014 | | sq
Веста насловена: „Во Македонија невработеноста наскоро вртоглаво ќе почне да опаѓа“, прозвучува прилично оптимистички. На читателите им се сугерира едно цврсто уверување дека  претстои период  во кој драстично ќе се намали бројот на невработените. И таквиот бум ќе се случи многу брзо! Гледано во поширок контекст тоа имплицира дека државата направила значаен економски и стопански исчекор, па со сигурност може да се очекува отворање на  нови работни места кои значително ќе ја сменат сликата за невработеноста. Но, во веста нема елементи што ќе го поткрепат ваквиот оптимизам. Линк до оригиналниот напис: Во Македонија невработеноста наскоро вртоглаво ќе почне да опаѓа Датум и време на објавување: 27.01.2014, 21:03 Датум на рецензирање: 28.01.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Веста се

Рецензија: Шилегов ги заборавил другите новинари што имаат фирми

на 27. 01. 2014 | |
Весникот на својата насловна страница излегува со крајно тенденциозен текст во кој на еден дегутантен начин се валкаат имињата на повеќе македонски  новинари. Овој наменски скроен производ се обидува да стави знак на равенство со мегаскандалот што го обелодени СДСМ, поврзан со уредничкиот двоец во една телевизија со национална коцесија, а во кој е директно инволвирана „омилената  уредничка“ на премиерот. „Освен Талевска и Латас има уште десетина новинари во Македонија

Рецензија: Стечајците оптимисти дека овој пат ќе бидат обесштетени

на 20. 01. 2014 | | sq
Текстот што е пред нас уште со насловот „Стечајците оптимисти дека овој пат ќе бидат обесштетени“, сугерира дека сите стечајни работници во државата имаат надежи оти последниот владин предлог ќе стави крај на нивната долгогодишна голгота. Меѓотоа, материјалот што го рецензираме прикрива битни информации. Имено, во прилогот се дадени изјавите на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и на поранешниот претседател на Здружението на стечајните работници, Стојан Стојанов. Но, нема ниту збор за  кумановските и кочанските стечајци, кои не се задоволни од понуденото решение и се сомневаат дека се работи за предизборен трик. Нивната реакција ја пренесоа дел од медиумите и таа дава поинаква слика на приказната. Линк до оригиналниот напис: Стечајците оптимисти дека овој пат

Рецензија: Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица

на 16. 01. 2014 | |
Прилогот со наслов „Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица“ просто „плаче“ за рецензија  и тоа негативна. Во него нема кредибилни извори и без никаква аргументација  се нафрлани обвинувања  за незаконско трошење на пари од општинскиот буџет во Струмица. Со невидена леснотија  се атaкува врз роднини и блиски луѓе на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев. И притоа се плете тенденциозна приказна која има за цел да го дискредитира Заев во јавноста. „Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица. Освен браќата, сестрите и најблиските роднини пари од струмичкиот буџет се испумпувале и на сметките на невладините организации на функционери на партијата од Бихаќка. Со прилогот се нарушени повеќе

Рецензија: Странските инвеститори со меморандум за соработка ќе ја подобруваат бизнис климата во земјата

на 14. 01. 2014 | |
Написот насловен како „Странските инвеститори со меморандум за соработка ќе ја подобруваат бизнис климата во земјата“, всушност, претставува еден екстензивен извештај од протоколарен настан во Стопанската комора. Основниот проблем  со текстот е што е фокусиран само на протоколот и воопшто не ја пренесува  главната поента од настанот: „Агенцијата за странски инвестиции ќе иницира изработка на нов извештај од независна ревизорска куќа, бидејќи се незадоволни од укажувањата во извештајот направен од страна на Државнииот завод за ревизија“  Што, пак, можеше да се види во дел од медиумите, а во некои тоа беше вест број еден во дневникот. Линк до оригиналниот напис: Странските инвеститори со меморандум за соработка ќе ја подобруваат бизнис климата во земјата Датум и време на објавување:

Рецензија: Холандската амбасада финансира опозиција и создавање парадржавни системи во Македонија

на 13. 01. 2014 | | sq, en
Пред нас е текст во кој се суспендирани сите етички и професионални новинарски стандарди. Овој шпекулативен редакциски материјал не посочува извори, нема факти и аргументација, туку тежи од обвинувања кон амбасaдата на Кралството Холандија. За неа се тврди, дека, наводно, со грант од 80.000 евра ќе финансира опозициски настроени медиуми и ќе работи против Владата и интересите на државата! „За намерата на холандската амбасада да работи против актуелната владејачка гарнитура и против Република Македонија говори и фактот дека еден од финансираните проекти е сајт на кој ќе се објавуваат податоците за сите медиуми во Република Македонија: кои се нивните основачи, колку пари вложиле, кои им се уредниците, колку новинари работат за нив, колку приходи и расходи оствариле во текот на

Рецензија: Вистина.мк: Семејно-политичка борба за тронот меѓу Теута и Ермира

на 10. 01. 2014 | | sq
Написот„Вистина.мк: Семејно-политичка борба за тронот меѓу Теута и Ермира“, просто зрачи со тенденциозност  почнувајќи од насловот, поднасловот, конструкцијата на текстот, па  се до изборот на фотографиите. Уште во самиот старт е нагласена родовата припадност, со што е нарушен принципот за еднаквост меѓу половите. Каде што има две жени на високи позиции, особено ако уште и се во семејни релации, работата или ептен оди или не оди никако. Јавноста во последно време срамежливо почнува да шпекулира дека ова второво се повеќе избива на површина кога се во прашање односите на најпознатите снаа и золва во политиката меѓу Албанците во Македонија, или поточно во нивната владеачка партија ДУИ, Ермира Мехмети и Тeута Арифи, инаку обете важни и високи функционер(к)и 

Претплатете се за најнови вести