verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропагандистички призвук од почеток до крај

on 27 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___sitel.com_.mk_ekspresna-reakci-crop-resize

 

[Рецензија: Експресна реакција на институциите по посетата на премиерот]

 

Станува збор за нагласено пристрасен прилог во кој премногу се фали премиерот и лидер на владејачката партија. Целиот материјал од почеток до крај има пропагандистички призвук и наликува на предизборен рекламен видеоспот.

http___sitel.com.mk_ekspresna-reakciЛинк до оригиналниот напис: Експресна реакција на институциите по посетата на премиерот

Датум и време на објавување: 24.08.2015, 16:32

Датум на рецензирање: 25.08.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

ПРИЛОГ НАТЕЖНАТ ОД ФАЛБИ

Материјалот што го рецензираме нема проблеми со изворите и со вистинитоста, туку  е спорен начинот на кој е обработен и пласиран. Имено, тој е инспириран од посетата на премиерот на неколку населени места во Општината Студеничани (како сред изборна кампања), која беше претходниот ден (23 август 2015 година)  и за која медиумите веќе информираа, вклучително и оваа телевизија.

Така што, овој напис изгледа како да е наменски правен за да го величи премиерот, кој е претставен како политичар близок со народот, кој има разбирање и „експресно“ наоѓа решение за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Прилогот просто натежнува од фалби за Груевки. Тие почнуваат да се нижат од првата реченица :

„Посетата на Груевски во Моране Општина Студеничани веднаш даде резултати. Институциите уште денеска решија дел од посочените проблеми на граѓаните.“ 

А, резултатот е „продолжување на автобуската линија до центарот на селото Моране“, но и „времено користење на едно возило за собирање смет“!

Изгледа дури смешно колку се предимензионира ефектот од „теренските средби на премиерот“ и неговиот ангажман во „разрешувањето“ на разни локални проблеми – селски водовод  (Долно Количани), пат (Љубош), мост (Цветово)…

Така, на пример, во случајот со водоводот во Долно Количани надлежните институции излегле само „да ги скенираат состојбите“. Но, прилогот, сакајќи да ја нагласи улогата на премиерот, намерно го претставува ваквото „скенирање“ како кој знае каков голем потфат!

Самиот концепт на написот, пак, конструкцијата на речениците  и коментарите од типот дека Груевски бил срдечно пречекан –  граѓани од сите етнички групи му посакле топло добредојде, дополнително го засилуваат впечатокот дека на гледачите им е понуден исклучително пристрасен текст, во кој затаиле професионалните стандарди.

Впрочем, доволно е да се види фалбаџискиот наслов:

„Експресна реакција на институциите по посетата на премиерот“

и станува јасно каква пропагандна содржина ѝ се подметнува на публиката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести