verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Замаглување на вистината

on 17 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___kanal5.com_.mk_vesti_detail.asp_ID74183-crop-resize

 

[Рецензија: Членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнаа договор]

 

Насловот на овој материјал е погрешен. Тој испраќа неточна информација дека „членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнaле договор“. Всушност, вистината е дека пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  во ова собраниско тело си се договорија да направат „контролна посета“ на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), откако претставниците од  ДУИ и независната пратеничка Роза Топузова-Каревска ја напуштија работата на Комисијата.

Тоа, практично, значи дека владејачката партија самата ќе направи надзор и ќе побара извештај за работата на тајната полиција, чиј директор го именува Владата!

http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=74183Линк до оригиналниот напис: Членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнаа договор

Датум и време на објавување: 14.07.2015, 14:42

Датум на рецензирање: 15.07.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

„ЗАМАГЛУВАЊЕ“ НА ВИСТИНАТА

Но, не само насловот, туку целиот извештај е проблематичен – манипулативен. Прилогот известува за седницата на Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, ама тоа го прави површно и без да ја пренесе вистинската атмосфера од комисиската расправа.

Овој напис само навидум ги има опфатено сите засегнати страни, а фактички е прилично селективен. Иако се прикажани изјави – тонски парчиња од учесниците во комисиската дебата, сепак, прилогот го маргинализира напуштањето на ДУИ на работата на Комисијата, поради тоа што претставникот на ДУИ во оваа надзорно тело, Зулуфи Адили, досега (14 јули 2015 година) нема добиено безбедносен сертификат.

Исто така, во текстот бегло се поминува преку тоа што претставникот на ДПА не беше присутен на заседанието. Па, по заминувањето на ДУИ и на независната пратеничка, членовите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ,  самите – со пет гласови „за“,  ја донесоа одлуката –  Заклучокот да се направи надзорна посета на УБК и да се побара од оваа институција да достави извештај за нејзиното работење во минатата година!

И наспроти овој битен момент, уште на самиот почеток на прилогот се соопштува дека:

„Пратениците ќе одат на втора работна средба во УБК и Агенцијата за контраразузнавање. Вака реши Комисијата за надзор на нивната работа“

Тоа, пак, прозвучува, како да се работи за консезуална одлука на Комисијата и не може да се разбере дека евентуалната посета би ја направиле само нејзините членови од владејачката партија.

А, веројатно и таква била целта на вака стокмениот прилог. Наместо да ја испочитува, да  ја „замагли“ вистината!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести