verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Школски пример за тенденциозен наслов

on 4 - 08 - 2015       

http___vecer.mk_makedonija_vakva-sli-crop-resize

 

[Рецензија: Ваква слика СДСМ нема 20 години! Нова инвестиција-во Охрид…]

 

Главниот проблем со овој текст, кој бележи уште едно инвестициско остварување на Владата, е насловот.  Првиот дел од насловната конструкција: „Ваква слика СДСМ нема 20 години!“,  е тенденциозен и нема врска со написот. Изгледа како да е „налепен“ на текстот со намера по секоја цена да ја нападне опозицијата.

http___vecer.mk_makedonija_vakva-sli Линк до оригиналниот напис: Ваква слика СДСМ нема 20 години! Нова инвестиција-во Охрид…

Датум и време на објавување: 30.07.2015

Датум на рецензирање: 01.08.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

„МАТЕМАТИЧКА ГРЕШКА“

Направен е таков избор на наслов кој во исто време ја фали власта, која носи нови инвестиции во државата, и ја критикува најголемата опозициска партија, иако, таа вооопшто не се споменува во написот. Намерно се прави и наменска „математичка грешка“, па се изброени 20 години владење на СДСМ. Со што преку насловот е пласирана невистинита информација.

Фактите говорат нешто друго. На кормилото на македонскиот „брод“, ВМРО-ДПМНЕ е речиси 14 години. Односно, десницата е на власт 70 проценти од периодот во изминативте 24 години –  почнувајќи од првата Влада предводена од Никола Кљусев  (20 март 1991 година – 17 август 1992), потоа Владата на Љупчо Георгиевски (30 ноември 1998 – 1 ноември  2002 година) и од 28 август 2006 година наваму на чело на Владата е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Овие податоци се добро познати. Но, несомнено, непотпишаниот автор на текстот намерно ги занемарува, за да може да направи спинерска конструкција дека СДСМ  за 20 години нема инвестициски дострел како ВМРО-ДПМНЕ!

 

ПРЕДИЗБОРНИ ИНВЕСТИЦИИ

Самата информација, пак, е неквалитетно сработена, со значителна политичко-пропагандна доза. Станува збор за извештај од потпишувањето договор меѓу македонската Влада и германската компанија „ОДВ Електрик“ за изградба на фабрика за автомобилски делови во охридско-струшката индустриска зона, кој е поставен наопаку и на кој му е даден фалбаџиски тон. При тоа, акцентот е ставен на тоа дека  преку оваа странска инвестиција ќе се овозможат  150 нови вработувања до крајот на годината, а етапно ќе се вработат вкупно 1.000 македонски граѓани.

Совпаѓањето со изборите е чиста коинциденција! Онака случајно, се нагласува и ангажираноста на премиерот за почетокот на германската инвестиција.

„Челниците на ОДВ Електрик разгледувале повеќе опции за свјата нова инвестиција. Меѓу сите нив ја избрале Македонија, бидејќи како што посочуваат, претставниците на македонската влада точно знаат што очекуваат инвеститорите и што им е потребно.“

А, читателите дури на крајот од текстот разбираат за која компанија се работи, како и тоа дека изградбата на фабриката ќе почне за две недели и дека треба да заврши до средината на 2016 година.

Па, пишуван во таков стил, извештајот од официјалиот настан, наместо на „нозете“ стои на „главата“!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести