verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без баланс веста се смета за еднострана

on 5 - 08 - 2015       

 

[Рецензија: Скопскиот Универзитет, бизнис на ДУИ маскиран во „национална кауза“]

 

Веста која во текстот ги опфаќа сите страни претставува една целосна информација. Еден од основните принципи на новинарството е секоја информација да биде балансирана и страните да се претстават на праведен и рамноправен начин.

download (2)Линк за оригналниот текст: „Скопскиот Универзитет, бизнис на ДУИ маскиран во „национална кауза”

Датум и време на објавување: 28.07.2015

Датум на рецензија: 29. 07. 2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Рецензираниот напис имал цел да известува за ставовите на аналитичарите во врска со отворањето на еден нов универзитет во Скопје. Аналитичарите и познавачите на политичките прашања кои го кажале својот став во врска со гореспоменатиот универзитет ги изнесоа и своите мислења.

„Поранешниот министер за образование, Сулејман Рушити, оценува дека оваа идеја има за цел лични придобивки, и предупредува дека имајќи предвид оти сме во предизборна кампања и субјектите немаат некоја конкретна развојна програма, ќе слушнеме разно разни смешни идеи… Професорот Назим Рашиди вели дека засега ќе продолжи да се поставува прашањето околу тоа зошто е потребен еден нов универзитет, а не зајакнување на веќе постоечките… Новинарот Џелал Незири за Порталб изјавува дека високото образование сега веќе не може да биде некоја голема национална кауза, но дека се повеќе се претвора во бизнис… Од друга страна пак академикот Изет Зеќири вели дека сето ова се прави поради политички мотиви.“

Но, во целиот текст, недостига официјалниот став на албанската партија на власт, ДУИ, во врска со отварањето на новиот универзитет или, пак, ставовите на Министерството за образование.

Новинарот со право покренува прашања кои се во интерес на јавноста и се презентираат преку аналитичарите и соговорниците, но паралелно треба да се настојува да се презентира на рамноправен начин и другата страна.

Недостатокот на еден официјален став може да се интерпретира како нешто тенденциозно, затоа што информациите кои не ги содржат ставовите на сите страни новинарскиот продукт го прават едностран. Новинарот на јавноста треба да му ја претстави полемиката за проблематиката вклучувајќи ги ставовите на сите страни.

Во случај да нема одговор од некоја страна, ова треба да се стави до знаење, или, пак, ако нивниот став е изнесен порано, истиот треба да се опфати. Во било кој случај, јавноста не треба да биде информирана само со ставовите на едната страна.

 

(Од Сервисот за проверка на факти на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести