verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прилог на кој никој не му е потребен – сè сам си прашува, сам си одговара

on 5 - 08 - 2015       

ALFA-TV-09876-0980-crop-resize

 

[Рецензии: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?!]

 

Реторички прашања за кои во основа нема одговор, бидејќи публиката не е должна да даде одговор на истите. Прозваната страна, која би можела да одговори на дилемите, нема добиено шанса да се изрази. Празен текст кој во своите шпекулации не многу вешто ги има свиено навивачките елементи, судејќи по едностраноста на објавата.

ALFA TVЛинк до оригиналниот наслов: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?!

Датум и време на објавување: 26.07.2015

Датум на рецензија: 01. 08. 2015

Рецензент: Александар Пешев

Ако нешто не е јасно, прашај. Публиката ќе биде благодарна за понудените одговори. Така, барем, би требало да се одвиваат работите во идеална новинарска практика, за да се избегне текстот кој го имаме пред нас. Објавата се отвора со прашања насочени на погрешна адреса – фрлени во етерот  кон публиката, која нема обврска да ги проверува овие информации.

Авторот го отвора телевизискиот прилог со прашања во самиот вовед.

„Подготвува ли СДСМ партиски кадар за прв човек на Агенцијата за медиуми за која лидерот Заев во последното интервју за Фокус вели дека е предмет на преговори.“

Не е оставен впечаток дека е направен напор да се добие одговор на овие дилеми од страната која се прозива, што сведочи за едностраноста на објавата. Во продолжение имаме коментирање. Авторот сам си одговара на прашањето со тврдење за тоа како размислува јавноста.

„Ваквиот став на опозицијата во јавноста се оценува како чекор наназад и партизација на институции кои треба да функционираат професионално.“

Во која јавност, колега? Стручната јавност или комшијата од карши? Нејсе. Ваквото коментирање остава впечаток на ароганција. Семоќниот автор тврди дека знае какво е расположението во јавноста, но самиот коментар сведочи за политичката пристрасност на објавата. Веќе во следната реченица може да се забележи за кого навива авторот:

„Актуелната власт при екипирањето на актуелниот состав на Агенцијата за медиуми по препорака на ЗНМ повеќе членови се по препорака на невладини институции.“ 

Објавата се резимира со општи коментари и со ставови за нешто што некогаш се пишувало без никаква понуда на докази или аргументација за напишаното.

Во основа имаме празен текст, во кој нема изјави што е погубно за телевизиски прилог. Гледачот е оставен да го слуша авторот кој се обидува да го убеди дека јавноста не навива за опозицијата, а дека власта коректно постапува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести