verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Набиени фалби за набиената агенда на премиерот Груевски

on 14 - 08 - 2015       

http___kanal5.com_mk_vesti_detail.asp_ID76088-crop-resize

 

[Рецензија: Набиена агенда на премиерот Груевски – ветените проекти се остваруваат]

 

Станува збор за исклучително пристрасен прилог, правен без никаква новинарска диоптрија. Целиот материјал има агитроповска интонација и наликува на политичко-пропагандна содржина, во која се величи премиерот и лидер на владејачката партија.

http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=76088Линк до оригиналниот напис: Набиена агенда на премиерот Груевски – ветените проекти се остваруваат

Датум и време на објавување: 10.08.2015, 14:39

Датум на рецензирање: 11.08.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

САМО КОМПЛИМЕНТИ ЗА ПРЕМИЕРОТ

Изборот на насловната конструкција, која е од два дела, во кои отворено се фали премиерот, навестува каква славопојка им се нуди на гледачите.

Написот е објавен еден ден по работниот викенд на премиерот, за кој медиумот опширно известуваше во повеќе прилози. Во овој материјал, пак, само се преповторени веќе објавените  информации за активностите на премиерот, при што се става акцент на  неговата „ангажираност и посветеност“ на функцијата.

„Премиерот Никола Груевски изминативе денови го посети охридско – струшкиот регион и пушти во употреба ново реновирано училиште кое е дел од проектот 350 реновирани училишни згарди низ државата, постави камен темелник на колекторски систем, пушти во употреба нов водовод, а најави и 2.000 нови вработувања во индустриската зона Охрид, 5 проценти повисоки пензии, како и продолжување на проектот за бесплатно летување на децата од социјално загрозените семејства…“

Фактички,  во него нема ништо ново што не било веќе кажано во претходните текстови. Се препознава дека тој е наменски правен за да ја воздигнува десницата и нејзиниот лидер дека реализирале „голем број проекти ветени во предизборната програма“.  Тоа, впрочем, се констатира уште во првата реченица од прилогот.

Впечаток е дека и експертот е вклучен во текстот за да му подели комплименти на премиерот за неговата „посветеност“ како „врвна карактеристика во политиката“. Тоа, пак, изгледа некако неумесно и предизвикува чувство на непријатност.

Професорката, инаку, е позната по своите јавни настапи во кои искажува отворена поддршка на политиката на премиерот, а ја критикува опозицијата. Па, иако написот се потпира на прецизни извори на информации, тие се еднострани – ја држат само линијата на власта и не даваат објективна слика за состојбите.

 

РЕКЛАМЕН ВИДЕОСПОТ!

Во истиот дух е и заклучокот на прилогот каде авторката само врз основа на изјавите на премиерот и на професорката, излегува со тврдење дека нашата земја се издвојува од другите држави во регионот со брзиот развој, зголемување на платите и на пензиите, како и ао социјални мерки што соседите се обидувале да ги воведат кај нив по примерот на Македонија!

Но, наспроти ваквите наводи, според последниот извештај на „Евростат“, Македонија е рангирана меѓу најсиромашните држави во Европа. И, како што објавија неодамна медиумите, македонската нето-плата од 354 евра е на самото дно во Европа кога станува збор за просечна месечна плата по жител. Деновиве (5 август 2015 година), исто така, можеше да се прочита дека „Словенците имаат највисоки, а Македонците најниски плати во регионот“.

Меѓутоа, прилогот што го рецензираме, очигледно, немал амбиција да се занимава со ваквите статистички податоци и онака како што е напишан и пласиран, повеќе изгледа како предизборен рекламен видеоспот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести