verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ништо не е јасно, ама барем Иванов е испофален

on 27 - 07 - 2015       

www.alfa_mk_Newsaspx_id96916.VbME4vmqqkp-crop-resize

 

[Рецензија: Претседателот Ѓорге Иванов одбива наметнати решенија од Одбрана]

 

Овој материјал не им ги дава на читателите сите детали, му фали „штоф“! Насловот навестува интересна вест: Претседателот Ѓорге Иванов одбива наметнати решенија од Одбрана“ . Но, наспроти првиот впечаток, внатре веста е речиси празна и прилично нејасна. Од скудната информација не може да се разбере кои се наметнатите решенија, кога се наметнати и од кој министер за одбрана се предложени –  Зоран Јолевски, Фатмир Бесими, Талат Џафери…

www.alfa.mk_News.aspx_id=96916#.VbME4vmqqkpЛинк до оригиналниот напис: Претседателот Ѓорге Иванов одбива наметнати решенија од Одбрана

Датум и време на објавување: 23.07.2015, 16:23:20

Датум на рецензирање: 24.07.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

А КОИ СЕ ВОЕНИТЕ АТАШЕА?

Текстот е непрецизен во однос на изворите на информации. На самиот почеток се повикува на неофицијални извори, при што користи формулација „дознава Алфа“, а потоа како извор го посочува Кабинетот на претседателот. Тоа изгледа збунувачки.

Истовремено, написот  е површен. Тој  пренесува техничка информација дека Иванов ги потпишал указите за поставување двајца воени аташеа во Вашингтон и во Берлин, ама не ги пренесува сите детали. Поточно, не ги кажува имињата на воените претставници во двете метрополи, иако не станува збор за некаква тајна информација. Впрочем, тие беа објавени во повеќе медиуми, кои се повикаа на Кабинетот на претседателот.

 

ОДЛУЧНОСТА НА ИВАНОВ!

Текстот е неконкретен во презентирањето на фактите и не дава одговори на сите прашања за да може јавноста да добие комплетна информација.

Имено, им соопштува на читателите дека петседателот не дал согласност за шест предлози за воени аташеа во исто толку градови во странство:

„Иванов не дал согласност за предлог решенијата на Министерството за одбрана и чека нови кандидати, но во никој случај шефот на државата нема да даде согласност за наметнати решенија“

Меѓутоа, не информира за кои личности станува збор, кој министер за одбрана ги предложил и зошто Иванов не дал согласност.

Не се открива ниту кои градови се во прашање, како ни тоа која е личноста што му наметнувала решенија на претседателот!

Исто така, во веста недостига ставот на другата страна –  Министерството за одбрана. Не се забележува ниту дека е направен обид да се добие мислење од овој ресор.

Единствено се нагласува одлучноста на шефот на државата да се спротистави, наводно, на некакви наметнати решенија. И, токму ваквиот пристап остава впечаток дека намерата, всушност, била да се пофали претседателот, што, пак, ја прави веста политички обоена.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести