verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шаблон-квазиновинарство

on 27 - 07 - 2015       

bbbb-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: СЕ НАЈАВУВААТ НОВИ ОСТАВКИ ВО СДСМ: Внатрепартиските препукувања и конфликти во СДСМ се повеќе растат]

 

Зошто рецензија и тоа негативна? Затоа што е неиздржано, неаргументирано, фрагментирано, пристрасно и четиво „илустрирано“ со монтирани фотографии!

bbbbЛинк до оригиналниот напис: СЕ НАЈАВУВААТ НОВИ ОСТАВКИ ВО СДСМ: Внатрепартиските препукувања и конфликти во СДСМ се повеќе растат

Датум и време на објавување: 19.07.2015

Датум на рецензирање: 24.07.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

Ова е пример за шаблон-квазиновинарство, многу застапено во последно време во дел од домашните медиуми. Ептен е едноставен: земаш сериозна тема – не затоа што така си проценил или, пак, си имал некакви „инсајдерски“ сознанија, туку затоа што другите така направиле или им било кажано да направат, максимално ја упростуваш, пожелно е со што е можно поуличарски речник, не користиш какви било кредибилни извори на информации, копираш неколку фејсбук-статуси, јавно ја соголуваш својата пристрасност, не „продаваш“ вистинска и проверена информација и, конечно, таквиот пакет-аранжаман им го пласираш на читателите како легитимен медиумски текст. А, не, тоа така не оди, барем не во нормалните новинарски води. Еден од клучните елементи во овој занает е новинарскиот сенс, чувството каде има приказна, каде еден настан може да доведе до серија други и врз основа на тоа потоа следи ангажираноста која се артикулира преку конечниот производ. Да бидеме на чисто, можеби оставката на еден од опозициските потпретседатели е најава за нешто покрупно, ама едноставно тоа така не е сработено, ниту, пак, темелно обработено во конкретниот текст, туку чинот на повлекување е искористен за низа конструкции, кои не се поктрепени со цврсти аргументи. Оставката можела да се искористи и како директен повод за сеопфатна анализа, но тоа не е сторено и само се нафрлани тврдења „како чекови кои не можат да бидат покриени“.

 

„ЧЕКОВИ БЕЗ ПОКРИТИЕ“

Впечатокот е дека сè е „намачкано збрда-здола“, само за и овој портал да се придружи на лепезата други што го искористија моментот и да „удрат“ врз опозицијата дека е „пред распад“.

Дополнително, се прави и манипулација преку обидот за корелација на оваа т.н. ситуација на „раскараност во опозициските редови“ поради Договорот од Пржино и оставката на Узунов, иако неговото повлекување, како и што самиот најави, е од други причини. Ајде малку за делот за „нови оставки во најави“. Каде се тие, кои се тие, колкумина се? Навистина, таква информација би била „бомба“, ама ако е проверена и ако е точна. Вака е само чиста шпекулација, што најмногу се должи на отстсуството на новинарски извори на информации. Пак имаме „експерти“ и пак тие се анонимни. Очекувано, секогаш кога најверојатно личниот или диригираниот став е контра опозициските политики и чекори, тогаш без исклучок е преправен во експерт или аналитичар. И, аман веќе од фејсбук-статусите на „луѓе блиски до опозицијата“. Да, социјалните мрежи се извор на информации, ама не и единствениот. Мислам, еден телефонски повик до споменатите луѓе во написот ќе сврши многу работа. И, да не заборавиме, дел од статусите на дел од тие лица се поблиски до власта, отколку до опозицијата. Толку за тоа. Пристрасноста е неизбежна, како преку текстот, така и преку фотографијата-монтажа, која е сè само не прифатлива. Станува збор за навредлива и воопшто некозерична „фотка“ која ја дополнува атмосферата на текст со ниско ниво на комуникативни елементи.

Сè на сè, каша-попара, набрзина сработена, без амбици за сериозна информативна нишка со многу тенденциозност, малку концизност и речиси воопшто веродостојност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести