verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Формирање нова партија како пат во банкрот

на 25. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Двајца Британци и 1.000 Македонци може да формираат две партии]

  Текстот што е предмет на рецензирање направил добра анализа на тема која одамна не била предмет на новинарска опсервација. Секако, не била и предмет на некаква политичка трибина, организирана од кој било релевантен субјект. Се работи за можноста некој поединец да основа нова партија бидејќи проценува дека постојните не ги задоволуваат неговите политички опсервации за потребите на општеството. Од друга страна, исполнувањето на оваа волја е битна за реализација на политичките слободи и права на граѓаните, ама според анализата, таквите опции не се толку релевантни за елитите што ја водат политичката игра.
Линк до оригиналниот напис: Двајца Британци и 1.000 Македонци може да формираат две партии Датум

Хокус-покус: Сивиот „џип“ со белградски таблички се претвора во „мерцедес“ со прешевски патници

на 22. 12. 2015 | |

[Рецензија:Дали парите во мерцедесот се за кампања на СДСМ: Заев се финансира од црни пари од Прешево?!]

Дали ако на некој текст ставите прашалник, можете во него да ставите кого било и да го „вмешате“ во каков било контекст? Ја брише ли прашалникот одговорноста за релациите што се нудат во веста или, сепак, треба да постои некаков извор  – рационално објаснување за таквата „сложувалка“ на написот?
Овие и некои други прашања си ги поставуваме читајќи го текстот што е предмет на рецензија, а чиј мотив е фактот дека на 16 декември, околу 20 часот, на граничниот премин Табановце, на излез од РМ, од запрено патничко моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин од Прешево, пронајден е специјално

„Мек“ притисок врз судијата за случајот „Поткуп“

на 21. 12. 2015 | |

[Рецензија:  „Поткуп“ на Заев закажан дури за 25 јануари]

  Написот што го рецензираме, во насловот и во содржинскиот дел инсинуира извесна процедурална пристрасност на судот кон првиот човек на опозицијата, Зоран Заев, обвинет за земање поткуп од 200.000 евра. Во самиот обемен текст, инаку, на законските факти што би го оправдале насловот и основниот тон на авторскиот производ се посветува помал простор, додека главното внимание е посветено на цитирање и на илустрирање на обвинителниот акт, како „осветлување“ на ликот и на делото на Заев. На тоа, пак, што го тврдела одбраната се посветува само една реченица, што говори за несоодветен сооднос меѓу нападот и одбраната и создава услови да говориме за релативно невнимание кон презумцијата на невиноста. Во текстот,

Тоа што на баба ѝ се сонило!

на 14. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали кои се тајна во предистражна постапка]

  Некогаш кога ја критикуваме работата на еден државен орган, без да сакаме незаслужено ја фалиме работата на друг орган, и обратно. Некогаш, пак, може и да си додадеме малку фатназија, како „зрно сол“, на веста со која правиме релација меѓу двата органа. Еве пример за тоа. Линк до оригиналниот напис: ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали кои се тајна во предистражна постапка
Датум и време на објавување: 11.12.2015
Датум на рецензирање: 12.12.2015
Рецензент: Љубомир Костовски   ЖЕЛБА НАМЕСТО ФАКТ   „Во тек е предистражна постапка во која досега е прибавена релеватна писмена документација и потребни податоци. Во тек е спроведување на истражни дејствија, за

Весниците како фабриканти на политичката манипулација

на 14. 12. 2015 | |
  Умберто Еко и неговиот најнов роман „Numero Zero“. Фото: Википедија  

Медиумите, според писателот Умберто Еко, сè помалку го пренесуваат тоа што се случило или што се случува сега, туку се впуштени во креирање на измислената стварност, убедувајќи ја дури и јавноста дека има погрешни или расипани сопствени перцептори за своите желби и очекувања. Затоа неговата редакција на измислениот весник „Утре“ се занимава со креирање на настаните што допрва

Соседска кавга за домашни „аргументи“

на 10. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Аларм: Мијатовиќ го изгубила јазикот]

Тезата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за тоа дека одредени медиуми се негови политички непријатели и тоа поголеми од политичките партии на македонското „боиште“, од страна на прозваните беше проследена со закана од реакција на меѓународниот фактор. Имено, квалификацијата на Заев се процени како фактор на пресврт на оцените на меѓународната заедница од негативен, во позитивен кон власта (види). Кон написот што го рецензираме бевме привлечени со најавата (наднаслов, наслов и поднаслов) дека имаме прилог на таа тема, но излезе дека се вплеткуваме во „туѓ конфликт“! И тоа во оној, во кој веќе има доволно актери: ОБСЕ, рускиот министер за надворешни работи Лавров, српските медиуми и премиерот Вучиќ!
Линк до оригиналниот напис:

Атмосферата на „Фарма“ пренесена во студиото на МТВ

на 5. 12. 2015 | |
Најголем дел од гледачите ги следаат нивните телевизии. Фото: скриншот  

[Емисија „Акцент“, 2 декември 2015 година. Тема: Четирите најгледани телевизии и највлијателниот дневен весник се политички непријатели на СДСМ]

 

Водителот на една од последните политички дебати на МРТВ беше изгубен во кусата меморија на учесниците. Понекогаш за нашите колеги еден час е предолга временска отсечка, па се заборава, што се рекло во првата, а што во 20-тата

Дојавувачот од 1971 година: Приказната за Серпико

на 3. 12. 2015 | |
  Ал Пачино во филмот „Серпико“ од 1973 година. Фото: филмски плакат  

Јунакот во борбата против корупцијата, Френк Серпико, речиси половина век се бори за својот опстанок, а медиумот кој направи тираж од неговата сторија, прв го заборави.

  Пишува: Љубомир Костовски   Како дел од корпусот акти што треба да се усвојат во фазата на стабилизација на земјава по Договорот од Пржино, е и предлог-законот за заштита на

Шок од празен сензационализам!

на 3. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег]

  Во новинарството постојат вести и лажни вести. Но, некако не сме чуле дека постојат вести и не-вести. Односно, дека постои наслов, згора и сензационален, ама вест не постои. Како што во конкретниот случај, ни се најавува „ жежок костен“, ама во „ќулавката“ нема ни трага од плодовите. Линк до оригиналниот напис: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег
Датум и време на објавување: 29.11.2015 Датум на рецензирање: 01.12.2015 Рецензент: Љубомир Костовски   ПАНИЧЕН НАСЛОВ  Сензацијата што се најавува со паничниот наслов: „(ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција,

Грев – Заев го копирал Обама!

на 30. 11. 2015 | | sq
   

[Рецензија: СДСМ потврдија дека немаат визија туку работат копи-пејст само за провизија!]

  Најавата на СДСМ дека ќе држи програмски конгрес во првата половина од декември, за текстот што е предмет на рецензија, означи повод за бесповоден напад. Програмите на партиите не се многу присутни во јавноста, а тие треба да бидат дел од секојдневието на која било активна организација што сака да се занимава со политика. Да не заборавиме, најчест напад на владејачката партија кон СДСМ е дека таа е „партија без програма“. Овојпат, „кога решила“ да прави програма, таа е обвинета за „копи-пејст“. Врз основа? Линк до оригиналниот напис: СДСМ потврдија дека немаат визија туку работат копи-пејст само за провизија! Датум и време на објавување: 26.11.2015,

Претплатете се за најнови вести