verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тоа што на баба ѝ се сонило!

on 14 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали _ - http___front.mk_archives_8800 1

[Рецензија: ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали кои се тајна во предистражна постапка]

 

Некогаш кога ја критикуваме работата на еден државен орган, без да сакаме незаслужено ја фалиме работата на друг орган, и обратно. Некогаш, пак, може и да си додадеме малку фатназија, како „зрно сол“, на веста со која правиме релација меѓу двата органа. Еве пример за тоа.

ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали _ - http___front.mk_archives_8800Линк до оригиналниот напис: ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали кои се тајна во предистражна постапка
Датум и време на објавување: 11.12.2015
Датум на рецензирање: 12.12.2015
Рецензент: Љубомир Костовски

 

ЖЕЛБА НАМЕСТО ФАКТ

 

„Во тек е предистражна постапка во која досега е прибавена релеватна писмена документација и потребни податоци. Во тек е спроведување на истражни дејствија, за кои во моментот не сме во можност да споделиме детали.“

Ова е изјава на Основното јавно обвинителство по повод случајот со личните карти, со кој јавноста е добро запознаена. Точно е дека е во прашање официјален став на обвинителството, ама никаде во него не гледаме конкретен прекор кон заменик-министерот за внатрешни работи Чавков (онака како што се тврди во насловната конструкција на написот).

Имено, цитирањето на членот 289 од Законот за кривична постапка:

„сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“,

е само невешта одбрана на Основното јавно обвинителство за недавањето информации од нивна страна на медиумите, односно јавноста. Тоа не е доказ дека обвинителството ќе го гони Чавков!

Тука нема, како во фудбалот, опомена и жолти и црвени картони. Чавков, во една претпоставена ситуација –  на барање на Основното јавно обвинителство, би можел да биде сменет за неговото, наводно, оддавање службена тајна, но само во постапка која би била недвосмислено потегната и би имала адресанти (премиерот како извршител, Чавков како санкциониран). Без да имаме таква постапка или нејзина најава, не можеме да ги фалиме обвинителите како „чувари на законот“, во овој случај на очевидниот „фаул“.

Инаку, во веста на „Телма“, на пример,  ги имаме фактите, ама не и шпекулациите, додека во веста на „Либертас“ имаме укажување на „фаулот“ на Чавков, ама без тој да се доведува до некаква конкретна активност на обвинителството.
Веста што ја рецензираме, пак, сакала да оди понатаму, презентирајќи желба наместо факт.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

неточен заклучок

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

има во насловот

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести