verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Хокус-покус: Сивиот „џип“ со белградски таблички се претвора во „мерцедес“ со прешевски патници

on 22 - 12 - 2015       

(Видео)ДАЛИ ПАРИТЕ ПРОНАЈДЕНИ ВО МЕРЦЕДЕСОТ СЕ ЗА КАМП_ - http___infomax.mk_wp_ 1

[Рецензија:Дали парите во мерцедесот се за кампања на СДСМ: Заев се финансира од црни пари од Прешево?!]

Дали ако на некој текст ставите прашалник, можете во него да ставите кого било и да го „вмешате“ во каков било контекст? Ја брише ли прашалникот одговорноста за релациите што се нудат во веста или, сепак, треба да постои некаков извор  – рационално објаснување за таквата „сложувалка“ на написот?
Овие и некои други прашања си ги поставуваме читајќи го текстот што е предмет на рецензија, а чиј мотив е фактот дека на 16 декември, околу 20 часот, на граничниот премин Табановце, на излез од РМ, од запрено патничко моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин од Прешево, пронајден е специјално направен бункер од каде се извадени 152.395 евра. Во текстот се окрива дека во согласност со Законот за девизно работење, на лицето му се вратени 10.000 евра (упс!), износ кој нерезидент може слободно да ги изнесе од државата без да ги пријави, додека останатите пари се задржани и депонирани во Трезорот на НБРМ.

И, нели, сè било во ред со оваа вест, која обично влегува во рубриката „Црна хроника“, ако парите не се припишани на една политичка партија, па и на нејзиниот политички лидер?! Од текстот не произлегува зошто парите би биле на тие „адресанти“, а не на кои било други, освен што се кажува дека СДСМ зело белградска екипа за медиумски советник. Иако, патем, посочениот лидер во последната изјава не потврди дали договорот е потпишан!
(Видео)ДАЛИ ПАРИТЕ ПРОНАЈДЕНИ ВО МЕРЦЕДЕСОТ СЕ ЗА КАМП_ - http___infomax.mk_wp_Линк до оригиналниот напис: Дали парите во мерцедесот се за кампања на СДСМ: Заев се финансира од црни пари од Прешево?!

Датум и време на објавување: 18.12.2015

Датум на рецензирање: 20.12.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

 

МАЃИОНИЧАРСКИ ФАНТАЗИИ

„Настанот е исклучитечно сомнителен доколку се знае дека СДСМ за својата црна кампања ја има ангажирано Белградската фирма “Артс енд Крафтс” кои пак се поврзани со корупциски скандали, но и со пропагандата во Косово по која се случуваат масовни протести и судири меѓу полицијата и Србите на Косово во кои има и жртви. Додека земјата тонеше во политичката криза, „белградската врска“ ја креирала стратегијата на СДСМ, неретко со силни кавги и со викотници на српски јазик за неспособност и за потреба од водење на интелигентна политика, дознава „Република“. Непознато е колку пари и преку кои канали Заев ги плаќал советите.“

Веднаш се прашувате, по оваа пишувана сентенца, дали акцијата на царината и на полицијата значи дека сега е познато како се исплатувале тие пари, ако веќе се тврди дека нечија „црна пропаганда“ (!) е српска режија? Кога би се дал линкот кон неделникот„Република“, би се видело дека се работи за белградска агенција, која ја водат асли белграѓани, а не граѓани на соседно Прешево. Настрана, нели, во тоа гратче не е познато дека постои агенција која се занимава со суптилни задачи од типот на политичка пропаганда, па згора да има и меѓународно искуство. Иако, би ни паднале на ум дузина професии, во кои може да се врти кеш во еден таков пограничен град!

Како „сив џип со белградски таблички“ се претвора во црн „мерцедес“ од кој се вадат пари и кој веројатно има прешевски таблички? На вакви лаички прашања во текстот не се дава одговор, иако тие се од доменот на хокус-покус практиката. Но, затоа од таквите маѓионичарски фантазии се плете една конструкција од која би ви се подигнала косата на главата! Дури и покрај фактот дека парите одат во погрешна насока од онаа која би била логична – зошто прешевски пари би оделе ваму-таму, кога на „белграѓаните“ би им се исплаќале во гратчето на Јужна Србија и во „мирна Бачка“!?
Секој новинар, па дури и почетник би тргнал, се разбира, од она што го поседува во овој случај, а тоа е – големиот износ на кешот и имињата на присутните во возилото. А, богами и од фактот дека ние како организирана и правна држава ниту сме имале потреба некому, кој и да е, да му враќаме некакви пари на илегалниот пренесувач (пренесувачи) на парите, ниту би го пуштиле, како што се насетува од информацијата (таа е значи и елементарно нецелосна). Впрочем, редакцијата можела да добие вакви фотки само од официјален орган, а не од некој друг?! Тоа се без сомневање фотографии што се прават при официјална истрага. Ако веќе бараме врски и релации со политиката, тие секако можеле да се бараат токму тука!

Секако импривизираното и дури пакосно вметнување на името на една партија и име на лидерот, има во себе и елементи на побудување насилство кон него, односно, кон организацијата. Како со измисленото „татковство“ на парите, така и со споменување на наводните совети „како да ја дестабилизира Македонија?!“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Има неколку точни и дузина неточни факти

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести