„Мек“ притисок врз судијата за случајот „Поткуп“
Објавено во Рецензии
on 21 - 12 - 2015 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: „Поткуп“ на Заев закажан дури за 25 јануари]
Написот што го рецензираме, во насловот и во содржинскиот дел инсинуира извесна процедурална пристрасност на судот кон првиот човек на опозицијата, Зоран Заев, обвинет за земање поткуп од 200.000 евра. Во самиот обемен текст, инаку, на законските факти што би го оправдале насловот и основниот тон на авторскиот производ се посветува помал простор, додека главното внимание е посветено на цитирање и на илустрирање на обвинителниот акт, како „осветлување“ на ликот и на делото на Заев. На тоа, пак, што го тврдела одбраната се посветува само една реченица, што говори за несоодветен сооднос меѓу нападот и одбраната и создава услови да говориме за релативно невнимание кон презумцијата на невиноста.
Во текстот, исто така, нема никаква изјава или сведоштво кое би говорело за процесниот дел (должина на судењето, односно закажувањето низ практиката) или би имало врска со реалната должина на процесите кај нас и со нивното евентуално траење.
Написот кој, наводно, следи некаков кривично-правен континуитет, прескокнува важни настани со што создава искривени заклучоци за процесот, па може да се рече дека е манипулативен. Не се кажува, на пример, дека пред кривичната пријава „некој“ објави снимки од разговорот за наводниот поткуп во просториите на градоначалникот на Струмица на „Јутјуб“ (може да се види тука ), а потоа ја пренесоа многу домашни медиуми. И, до ден-денес не е објаснето зошто никој не одговараше за таков акт на оддавање службена тајна, иако оттогаш изминаа речиси седум месеци?!
Линк до оригиналниот напис: „Поткуп“ на Заев закажан дури за 25 јануари
Датум и време на објавување: 16.12.2015 18:28
Датум на рецензирање: 18.12.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
А ТУЖБАТА НА ЗАЕВ ПРОТИВ СТРУМИЧКИОТ БИЗНИСМЕН?
„Имено, според ЗКП, по приемот на обвинителниот акт, со списите на Кривилниот суд Скопје 1, тие веднаш треба да му се достават на Советот кој одлучува за Обвинителниот акт. Обвинителниот акт го доставува и до осомничеиот со рок за приговор од осум дена. По истекот на овој рок, а не повеќе од 15 дена, се закажува рочиште на кое се дава оценка на обвинителниот предлог…Поради правна празнина во ЗКП немаше законски основ во кој се дава оценка на обвинителниот предлог“.
Од изнесено паѓаат во вода основаноста на насловот и наводите во делови од текстот дека тука има некакво прекршување на постапката. Судот, барем во овој случај, се придржувал до роковите што му биле ставени на располагање. Написот дури инсинуира и со термините. Говори дека снимката против Заев, каде наводно се гледало дека има поткуп, е објавена на 13 мај, при што требало да се објасни дека и адвокатот на Заев веќе поднел тужба против лицето кое нудело поткуп и дека за тој разговор е составен записник, кој го потпишале сведоци! Ова е, секако, релеватен момент – имаме, значи, една тужба која ја поднесува обвинителот против Заев, а истовремено и друга, која Заев ја поднесува против лицето, струмички бизнисмен, кое се јавува како наводно оштетен. Заради истовременоста на тие процеси, не може да се третира едната тужба независно од другата и тоа, секако, треба да се спомене.
Потоа, што е многу битно, треба да се каже дека два процеси во кои стоеше дека Заев поткупувал, „поткупувачите“ ги загубија (еден во Струмица и еден во Штип), што говори за некаква фабрикација на истоветни кривични постапки против Заев.
Дека постапката е држена докрај во законските рамки, пак, имаме признание и во прилогот на текстот (рамка), каде преку еден мисловен дисконтинуитет, се констататира дека
„надлежниот судија чекаше до вчера, буквално два дена до истекот на рокот, за да го одреди датумот на рочиштето.“
Конечно, не постои законска основа да се сомневаме дека некој во правосудниот систем чувал нешто во фиока, бидејќи не е прекрешен ниту еден сегмент од постапката пред судењето и само внимателен читател на текстот и самиот тоа може да го заклучи. Ова може да се смета и за еден „мек“ притисок врз судијата, дека тој уште сега „му попушта“ на обвинетиот.
Допирањето на прашањето за (не)доаѓањето на јавни функционери на суд, секако, е добро, но останува текстот да истражи кои се тие функционери кои со години не доаѓаат на суд и дури не ги примаат поканите за судење, иако тие им се упатуваат на работно место (имаме случаи со експортпаорлот на МВР, со министерот Ставревски…). Имаме такви случаи и за Гинис, верувајте!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови