verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Првоаприлска шега во ненадеен репринт

на 25. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Пратеници и министри од ВМРО ДПМНЕ барале бугарски пасоши под итна постапка]

  Последиот викенд во неколку медиуми излезе веста на бугарската информативна агенција „Фокус“, често користена кај нас кога се работи за бугарски погледи кон Македонија, а во која се тврди дека 17 пратеници на владејачката партија итно побарале бугарски пасоши, по што во низа медиуми следеа и коментари во стилот „Абре Македонче, каде се спремаш?“ Се покажа дека медиумите што ја пренеле оваа вест наседнале на информациска замка! Линк до оригиналниот напис: Пратеници и министри од ВМРО ДПМНЕ барале бугарски пасоши под итна постапка Датум и време на објавување: 21.11. 2015, 17:18 Датум на рецензирање: 24.11.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Бугарската Новинска агенција „Фокус“ обзнанува

Париски терористички фасади за кумановски политички рехабилитации

на 22. 11. 2015 | |
Париз и Куманово – пукање и ваму и таму, но до каде одат сличностите. Фото: скриншот  

Има ли сличности меѓу кумановската „дводневна војна“ од 9 и од 10 мај годинава и теористичките напади во Париз од 13 и од 14 ноември и што стои во заднината на поврзувањето на овие два немили настани?

  Пишува: Љубомир Костовски   Настанот кој власта сакаше бргу да го заборави, по дебаклот што 

За Албанците без Албанци

на 21. 11. 2015 | | sq
 

[Aналитичари: Сценариото за федерализација за партиски цели нема да успее]

  Една од темите што имаат „групен третман“ во домашните медиуми е и прашањето на т.н. федерализација на земјава. Повод е конференцијата закажана за 1 декември, на која ќе се проследи презентацијата на извештајот за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, направен од Институтот за мир на фамозниот аналитичар Питер Фејт. И политичката редакција на телевизијата „Алфа“ се вклучила во обработка на таа тема и тоа со амбиција за тоа пред камерите да говорат аналитичари. Дали таа задача што си ја задала оваа ТВ-куќа е остварена и дали по тоа на гледачот работите му биле појасни? Линк до оригиналниот напис: Aналитичари: Сценариото за федерализација за партиски цели нема да успее

Залепен „падобрански“ наслов на туѓ текст

на 18. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Од Диво насеље до Париз – се гасат светлата во Европа!]

  Обидите да се изедначат настаните во Париз, од петокот навечер (13 ноември), со настаните во Куманово (потсетуваме – дека се случија на 9 и на 10 мај) почнаа многу рано, уште во т.н. емисии (или шоуа) во живо, кои одеа доцна во ноќта на некои наши телевизии. Ова стана – како по наредба – начин да се спои емотивниот шок од париските собитија со истрагата која не е завршена за споменатите кумановски настани, а чија разврска, во вистинскa смислa, се очекува дури по консолидација на обвнителството, судството и евентуално другите сегменти од правосудството. Но, обидот за сопствено „пресудување“, секако, е од пропаганден аспект „интересен“ и укажува

Постојано „чешање“ од амбасадорите

на 17. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Гарет, Алтхаузер,Орав, Бејли ги нема во извештајот за притисок врз судството?]

  И ова е еден од оние текстови што не може да се воздржи, а да не „почеша“ од меѓународната заедница. Се заборава и тоа одново и одново дека нашата состојба во земјава не е добра и дека сите големи политички партии ја повикаа меѓународната заедница да интервенира и да помогне во нејзиното надминување, како и дека во меѓувреме на најдобар начин покажавме оти ја загрозуваме и безбедноста во регионот. Патем, докажавме и дека и покрај ветените чекори во правец на закрепнување на политичката состојба, умеевме да бидеме „недисциплинирани“ на начин на кој секако ги нервираме и тие што претходно ги молевме да нè водат кон излезот.

Напис демантиран по сите изнесени ставови

на 13. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Луксузни возила за себе и соработниците – прв приоритет на новиот министер за внатрешни работи]

  Овој текст уште додека беа свежи именувањата на новите членови на сега веќе техничката влада на РМ, се истрча со информација дека Оливер Спасовски, инаку нов министер за внатрешни работи, се залетал кон „луксузите“ што може да ги понуди МВР: за разлика од порано, очигледно сега истото министерство, кое треба да смета дека може да биде мета, даде и официјален демант на таквото известување. Линк до оригиналниот напис: Луксузни возила за себе и соработниците – прв приоритет на новиот министер за внатрешни работи Датум и време на објавување: 11.11.2015, 18:58 Датум на рецензирање: 12.11.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Луксузни возила за себе и

Денот кога државната информативна агенција го изеде зборот „оставка“

на 12. 11. 2015 | |
Фотографиите на веб-страницата на МИА од Клиничкиот центар на 9 ноември 2015. Протестот го нема никаде.  

Македонската информативна агенција (МИА) даде голем придонес во прикривање на настаните во Клинички центар на 9 ноември – во вестите оттаму не се споменува зборот оставка, ниту протестот на лекарите и инсистирањето министерот Тодоров да понесе одговорност, како услов луѓето во бели мантили да се вратат на работа, како и масовното враќање на

Совет на јавни обвинители во командна подреденост

на 7. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Прифатено барањето на Јанева што не можело да се одбие]

  По прашањето за работата на Советот за јавни обвинители, дневниот весник што го објави рецензираниот наслов имаше три последователни извештаи. По првиот, понеделничкиот (2 ноември 2015 година) дневниот весник веројатно прв во земјава објави дека до крајот на неделата (петок, 6 ноември 2015 година) специјалната јавна обвинителка Јанева ќе има комплетен состав, инаку пречка за усвојување на заклучоците од Договорот од Пржино веќе три недели по ред. Следниот ден следуваше вест – демант од првиот човек на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, дека тие го „затвориле“ случајот Јанева и за нив нема никакво помрднување од ставовите, односно нема потреба од ново свикување состанок. Ова беше демант

Цитати од соновникот

на 4. 11. 2015 | |

[Рецензија: Зошто Хан е разочаран]

  По сè појасните укажувања на дипломатскиот кор за тоа кој е виновникот за кочeње на политичките процеси во Македонија (две здружени изјави на американската амбасада и на амбасадите на земјите од ЕУ, неколкуте изјави на посредникот Ванхауте, како и демаршот на германската влада дадени на македонскиот амбасадор во Берлин), како дел од печатот да е фатен во стапица: прашање е сега како да се одржува во живот тезата дека странскиот фактор го обвинува СДСМ дека е виновен за можниот комплетен дебакл на примена на договорите од Пржино. Овој текст што се рецензира е пример за тоа како се прави спин преку пренос на мислите на еден западен политичар, кој бил разочаран, ама не кажал

Контроверзии околу амнестијата или амнестиите

на 3. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Дали зад барањето за амнестија на Верушевски се крие амнестија за Заев?]

  Кога почнаа преговорите на четирите партии со посредство на меѓународните олеснувачи, постоеше договор да не се изнесуваат никакви детали околу она што се случува зад затворените врати во Клубот на пратениците. За ова постоела јaсна обврска на активните учесници во преговорите. Одвреме-навреме Ванхауте, Белгијанецот кој ги води преговорите, дава изјави, секако, со согласност со преговарачите и врз основа на функцијата која ја има во тој процес. Индикативно е што во прилогот, кој е предмет на рецензија имаме не само пробивање на дискретноста на преговорите, туку тоа се случува во време кога преговорите се во застој барем три недели и кога практично се преговара на релација

Претплатете се за најнови вести