verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Математичките импровизации на јавниот функционер

на 10. 02. 2016 | | sq

[Поповски: Не одете на Запад, по 600 работни места се отвoраат секој ден во Македонија]

  Дека математиката е лесна дисциплина, постојано нè уверувале наставниците и професорите од основно училиште па натаму. Само што, треба да се вежба. Некои присутни на манифестацијата од која известува овој прилог, за жал, тоа не го направиле. Иако е, нели, неодговорно кога јавни функционери, кои имаат посебна одговорност за јавно изговорен збор, не вежбале доволно или, пак, сметаат дека некогаш одредени математички импровизации нема кој да ги провери? Брзата и луцидна реакција во веста пред нас,  која е испратена од самиот настан, посебно наиде на добар одек на социјалните мрежи. Тоа, во принцип, и ја потврдува блискоста меѓу прилозите кои одат на интернет (оваа

Пресудата за лустрација на Трендафил Ивановски со површен третман во медиумите

на 6. 02. 2016 | |
Протест на „Новинарски пленум“ пред комисијата за лустрација. Фото: Мета, март 2015  

Правната и критичка јавност просто како да го одмолчи она што им го дадоа како повод судиите од Стразбур со пресудата за лустрацијата на поранешниот уставен судија Ивановски. Провладините медиуми повеќе се занимаваа со прашањето како да се сокрие или обезвредни содржината на пресудата, користејќи ги „умувањата“ на Томе Аџиев, а оние независните се задржаа на исмејување

Непристоен наслов со улични квалификации

на 3. 02. 2016 | |

[Рецензија: Катица дфинитивно има фазла во главата: Пред Советот на обвинители изјавила дека може што сака и кого сака да брка!]

  Малку кој пред 10-15 години би верувал дека еден од основните проблеми на македонското новинарство ќе стане пристојноста. На ова, секако, помислуваме секој ден, откако некој се сети дека старовремското надвикување преку соседската ограда може да се замени со навредување преку написи, коментари, прилози… На овој збор – пристојност, се потсетуваме и кога го читаме текстот што е предмет на оваа рецензија, поточно насловот кој како да е излезен од бапските кавги по сокаците. Не само што терминот „има фазла во главата“ е некако архаичен, па дури и неразбирлив за повеќето од консументите на вести од помладата генерација,

Споредување на неспоредливото

на 1. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица со закана за медиумите – Зврлевски без ниту една закана или тужба]

  Специјалната јавна обвинителка најави на прес-конференција дека ќе поднесе кривични пријави против сите медиуми што се закануваат на нејзините вработени или ги навредуваат (што може да се прочита и тука ). Во нејзината изјава е споменат еден портал и се наведува дека има „и други“. На реакции не мораше долго да се чека, при што, како што сме навикнати, тие со речиси целосно идентични наслови и содржини се појавија на многу места. Го рецензираме овој прилог кој е барем потпишан, односно зад кој стои автор со наведено име и презиме. Индикативно е дека таа – одново да споменеме – хорска и идентична реакција на конференцијата

Извитоперена логика!

на 27. 01. 2016 | | sq

[И пресудата во Стразбур потврди дека Ивановски бил соработник на службите]

  Судот за човекови права во Стразбур неодамна ги информираше странките од Македонија дека ја укинал пресудата што ја донесе Комисијата за верификација на фактите против уставниот судија во пензија Трендафил Ивановски. Предметот е отворен на барање на жалителот Ивановски, откако тој ја проба среќата со домашното правосудство (Основниот управен суд, Вишиот управен и Врховниот). Тоа сознание со големо поттурнување од социјалните мрежи некако стаса и до пошироката јавност, иако постоеше очевиден обид таа вест најпрвин да се сопре во стилот „Зауставите Ројтерс“. А потоа, кога веста не се сопре, се тргна кон тоа одлуката да се прикаже во сосема спротивна светлост. Како што се прави тоа и во

Балконска кражба како политички чин

на 19. 01. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР резултираа со упад во просториите од нашата редакција]

  Ако на информативно гласило му се случи грабеж со кршење врата и се одземат од службените простории средства за работа, тоа, секако, е сериозна работа. Овој текст јавува за таков настан и дава изобилство фотографии кои треба да покажат – скршена брава! Веројатно би се очекувало да има и неред во просторијата и други траги… Во секој случај, читателот би сакал да види прецизна вест. И тоа најпрвин околу начинот на кој криминалецот (криминалците) влегле во просториите, штетата која е направена, како и другите елементи од овој чин, кои секој што известува од слични настани би ги барал и би се интересирал да

Оптимизам од рано наутро!

на 17. 01. 2016 | |

[Рецензија: Денот во Пржино почна со оптимизам – сите, освен Заев се за избори на 24 април]

Прилогот што е предмет на оваа рецензија ја поставува демаркационата линија – ако изборите бидат на 24 април, тогаш има основа за оптимизам кај Македонците! Но, што ако не бидат? Дали, тогаш тоа е повод за поинакви чувства?! Тука целосно се пренебрегнува фактот дека среќа за еден народ можат да бидат фер, чесни и добро подготвени избори. А, ако тоа не се, тие можат да бидат основа за разни форми на несреќа за истиот тој народ!
Линк до оригиналниот напис: Денот во Пржино почна со оптимизам – сите, освен Заев се за избори на 24 април
Датум и време на објавување: 15.01.2016, 18:06

Авторизацијата на текстот, деавторизација на новинарот

на 16. 01. 2016 | |
Актерите во контроверзното интервју: Шон Пен, Хоакин Гузман, викан Ел Чапо и Кејт дел Кастиљо. Фото: скриншот
 

Интервјуто на актерот и активист Шон Пен со најпознатиот криминалец во светот, Ел Чапо, подигна многу прав. Мејнстрим медиумите му забележаа на авторот дека на „наркобосот“ му дозволил да даде авторизација на интервјуто, премолчувајќи дека тоа е речиси вообичаена практика и кај најголемите новинарски имиња.

  Пишува: Љубомир Костовски   Најпознатиот нарко-криминалец

Со анализа против брзо заборавање на фактите

на 3. 01. 2016 | |
   

[Рецензија: За патни трошоци потрошени 7.4 милиони евра: пратеникот Наумовски наплатувал како со кола да доаѓа од Австралија во Македонија]

  Несомнено дека деновиве едно од најчесто цитираните истражувањa во медиумите е она на Центарот за истражувачко новинарство „Скуп“ Македонија, со кое се анализира трошењето на парламентарниот буџет за покривање на патните трошоци во користење на сопствено возило на парламентарците. Само по себе тоа е веќе голем успех за која било потрошена енергија во насока на укажување на големите девијации во политиката, а ова несомнено е такво – за 10 години по оваа основа на пратениците им се исплатени 7,4 милиони евра. Со овие пари можеше да се изградат пет нови училишта со капацитет од 2.600 деца или

Селективна приказна за аџилакот во Мека

на 29. 12. 2015 | |

[Рецензија: Со фалш-турски пасоши од фабриката за афери се продавале визи за аџилак по 400 евра]

  Иако текстот што го рецензираме има наднаслов „Се расплеткува клопчето“ (една од најкористените стилски фигури во новинарството), се чини дека написот ептен ја заплеткува целата ситуација во аферата со работилницата за лични карти. Секако, без да навлегуваме во толкување на процесот на истрагата, по повод ова откритие и вредноста на најдените материјали (докази), одново имаме исфрлување на дилемата како еден медиум може да добие цела сторија и да пополни страница со интригантна содржина, повикувајќи се на полициски извори? Потоа, наводно најдените материјали  се врзуваат за ИВЗ. Дали тоа значи дека имаме сосема поинакви интереси во аферата со лични карти? Каде е тука обвинението

Претплатете се за најнови вести