verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Споредување на неспоредливото

on 1 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___sitel.com.mk_katica-so-zaka 11

[Рецензија: Катица со закана за медиумите – Зврлевски без ниту една закана или тужба]

 

Специјалната јавна обвинителка најави на прес-конференција дека ќе поднесе кривични пријави против сите медиуми што се закануваат на нејзините вработени или ги навредуваат (што може да се прочита и тука ). Во нејзината изјава е споменат еден портал и се наведува дека има „и други“. На реакции не мораше долго да се чека, при што, како што сме навикнати, тие со речиси целосно идентични наслови и содржини се појавија на многу места. Го рецензираме овој прилог кој е барем потпишан, односно зад кој стои автор со наведено име и презиме.

Индикативно е дека таа – одново да споменеме – хорска и идентична реакција на конференцијата за печат на специјалната обвинителка Јанева, се темели на една единствена основа: Зврлевски, „обичниот“ јавен обвинител, бил толерантен иако бил навредуван многупати од одредени весници и медиуми. Држи ли таквата споредба?

http___sitel.com.mk_katica-so-zakaЛинк до оригиналниот напис: Катица со закана за медиумите – Зврлевски без ниту една закана или тужба

Датум и време на објавување: 31. 01. 2016 – 17:22

Датум на рецензирање:31.01.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ОРКЕСТРИРАН  НАПАД

„Зврлевски постојано е мета на напади и разни омаловажувања од опозицијата, но државниот јавен обвинител за разлика од Катица Јанева иако имал реална основа сепак ниту еднаш не се заканил со тужба, велат медиумите. Според нив обидот за дискредитирање на Зврлевски од страна на опозициските медиуми отиде и доттаму што измислиле дека поранешна ТВ водителка станала негов соработник. На ваквите лаги и измислици не изостанаа ниту разни фотомонтажи. Сепак, Зврлевски и за овој случај не излезе со никакви закани за медиумите.“

Ако го земеме само овој цитат од текстот, најпрвин забележуваме едно оградување –  наводите за „ладнокрвниот“ Зврлевски ги констатирале „медиумите“. Ова не е неважна дребулија, бидејќи го релативизира авторството на соржината. Написот се повикува на други прилози, кон кои треба да даде линкови, а не само скриншотови, заради поголема уверливост, бидејќи не добиваме комоплетен увид во „доказниот материјал“. Во ваков тип „обвинителни“ тесктови, сознанијата мора да се комплетни, а не „преџвакани“. Тоа се постигнува со линк, освен ако текстовите не се вадени од постари архиви.

Ова е особено битно бидејќи во прилогот имаме  цитати од написи кои се оценети како навредувачки против јавниот обвинител Зврлевски, за кои тој, наводно, требало да реагира со тужба. Ама, од погорниот цитат гледаме дека сите се тргаат настрана и никој не се прикажува како „селектор“ на истите, односно како автор на изборот! Може само да се претпостави дека, веројатно, е во прашање претпазливост од можна тужба од цитираните новинари, бидејќи имаме пример на наведување. Имено, иако на Зврлевски му се познати тие написи, тој не реагирал (некои се со постар датум), ама сега треба да се кае и веројатно да приреди „ретро-спектакл“?!

Понатаму, истиот тој Зврлевски е јавен функционер со доволно образование и искуство и со доволно сознанија за својата работа што објективно и непристрасно можел да процени дали треба да се јави со тужба кон некој новинар или не. За тоа не му треба „солење памет“ од страна, особено што во крајна линија, без оглед дали се работи за наводен напад врз неговата работа или врз работата на институцијата што ја претставува, секогаш треба да има индивидуален мотив за тужба кај него.

Изедначувањето на јавниот обвинител со специјалниот обвинител е просто недозволиво, бидејќи, јавното обвинителство има зад себе стотици и стотици акти и однесувања кои биле критикувани во јавноста и влегле во оцени и на меѓународните набљудувачи, додека Јанева сè уште го нема донесено ни првиот акт! А да не ја заборавиме суштината: Специјалното јавно обвинителство е формирано заради нефункционалноста на Јавното обвинителство!
Одново имаме пример на срамна новинарска оркестрација, без оглед што на едно место имаме дури и новинарски потпис.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести