verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непристоен наслов со улични квалификации

on 3 - 02 - 2016       

КАТИЦА ДЕФИНИТИВНО ИМА ФАЗЛА ВО ГЛАВАТА_ Пред Советот_ - http___infomax.mk_wp_ 11

[Рецензија: Катица дфинитивно има фазла во главата: Пред Советот на обвинители изјавила дека може што сака и кого сака да брка!]

 

Малку кој пред 10-15 години би верувал дека еден од основните проблеми на македонското новинарство ќе стане пристојноста. На ова, секако, помислуваме секој ден, откако некој се сети дека старовремското надвикување преку соседската ограда може да се замени со навредување преку написи, коментари, прилози…

На овој збор – пристојност, се потсетуваме и кога го читаме текстот што е предмет на оваа рецензија, поточно насловот кој како да е излезен од бапските кавги по сокаците. Не само што терминот „има фазла во главата“ е некако архаичен, па дури и неразбирлив за повеќето од консументите на вести од помладата генерација, туку е недозволив во јавната комуникација. Овојпат се користи во ставањето на некаква „круна“ на извештај од еден настан, кој е релативно коректно пренесен во самиот текст, можеби и преземен од некоја агенција или друг медиум, но тој требало да стане дел од една силна и оркестрирана кампања против специјалната јавна обвинителка.

КАТИЦА ДЕФИНИТИВНО ИМА ФАЗЛА ВО ГЛАВАТА_ Пред Советот_ - http___infomax.mk_wp_Линк до оригиналниот напис: Катица дефинитивно има фазла во главата: Пред Советот на обвинители изјавила дека може што сака и кого сака да брка!

Датум и време на објавување: 01.0202016

Датум на рецензирање: 02.02.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

НЕСПОРНА НАДЛЕЖНОСТ

„Комисијата утврдила дека има разрешување и отказ и дека Јанева има законска можност за намалување на бројот на обвинители, но законот не обезбедил второстепеност во вакви ситуации, каде оштетените сега можат да се жалат. „Јас сум таа што одлучува кој и како ќе работи во обвинителството и не би сакала да коментирам понатаму. Што има, ќе си каже Советот на обвинителите“, рече Јанева.“

Ова е само доказ дека настанот, кој беше насловен „сослушување на специјалната јавна обвинителка“, е коректно пренесен и со акцентирање на најважните детали.

По повод намалувањето на бројот на вработените во Советот за јавни обвинители, секако може да има и коментари и правни (и други ) анализи, ама е недозволиво, како прво, да се става наслов кој нема буквално никаква врска со содржината (текстот), а, како второ, уште полошо е кога во насловот се користи израз кој е надвор од споменатата пристојност. Да не зборуваме за жанровската неадекватност (коментатоски наслов на вест), но тоа е најмалиот проблем во случајов.

Да се послужиме во оваа пригода со дефинирањето што за овој термин го користи упатството на „Википедија“, што ни се чини разумно (види тука).

„Пристојноста е основното и најважното начело за поведение на „Википедија“. Неговата примена е задолжителна при уредувањето на статии, при пишувањето коментари на страниците за разговор, а исто така и при опишувањето на уредувањата. Неучтивоста може кратко да се опише како однесување кое придонесува за создавање атмосфера која создава конфликти и непочитување. Според принципите и упатствата на „Википедија“, сите корисници се должни во меѓусебните односи да бидат учтиви.“

Со оглед дека „Википедија“ има и расчленети примери на непристојност, овој наслов ја заслужува таа оцена барем по неколку – користење на грубост, недоличен опис, понижување на оној субјект кој е во веста… и да не наведуваме понатаму.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор во насловот

Насловот поттикнува омраза кон функционерката од веста

Насловот може да поттикне насилство кон функционерката од веста

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести