verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Ако може претседателот да ја ревидира историјата, зошто да не и аматерот-историчар?

на 26. 06. 2015 | |
Владо Павлов – трибина за македонските пирамиди. Амфитеатар на Филозофскиот факултет, Скопје, 8 февруари, 2013. Фото: YouTube  

Претседателот на државата во гостувањето на „Ломоносов“, „им ги подари“ на Русите цивилизациските дострели на античките Македонци, без што тие не би биле тоа што се, а аматерите-историчари се натпреваруваат, во силна конкренција во која има и академици од МАНУ, за малку простор со „капиталци“ кои ќе привлечат внимание. Извесен Павлов на

Успешна бегалска фоторепортажа

на 20. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Голгота: мајка со шестмесечно бебе трага по подобар живот]

  Нема сомнеж дека по изјавата на премиерот Груевски за бегалците („половината од тоа што е напишано да е точно…“) како да беше дадено зелено светло поголем дел од медиумите што ги крстиме „провладини“, да го сменат ставот кон овие страдалници. Наеднаш тие не беа само проблем за земјава, туку несреќници кои бараат спас. Ова, секако, не значеше веднаш дека е подигнат битно квалитетот на прилозите во медиумите во однос на оваа појава и на овие луѓе. Но, во сета таа „конфекциска“ поплава од текстови и од фотографии, секако веќе се дефинира некаков квалитет и тој треба да се посочи. Линк до оригиналниот напис: Голгота: мајка

Реферирање, пишманење, шпекулации

на 14. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Кај кого реферира Заев за да го потврди договореното?]

  Прашањата на партиската демократија се стара тема на која никогаш не е најден некаков одговор во секојдневната прагма. Не само кај нас, туку и на еден поширок план немаме никогаш извештаи како во Германија, на пример, големите партии се договараат за некој став, иако во политичкиот живот, секако, тие дејствуваат со некакви ставови – кога Ангела Меркел

Кој спие подолго – дописниците или цензорите?

на 14. 06. 2015 | |
По „главната“ вест за завршувањето на школската година и втората, исто, „главна“ вест“ за отворање на аква-парк, се најде време да се извести и за преговорите во Брисел – во 5 часот попладне. Фото: скриншот   Што се случува во МТВ?, си го поставува прашањето гледачот кој очекува на 10 јуни наутро вест со најава за средбата во Брисел меѓу македонските политички лидери? Тоа е тема на денот, а во

Напис за „непроспан“ договор ја чува фотелјата на премиерот

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Нема да одиме на избори без преодна влада]

  Уште „непроспан“, договорот кај Хан се најде во весник во верзија на ВМРО-ДПМНЕ! Нецел ден по преговорите во вилата во Пржинo на ЕУ, меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на кои се придружија и други заинтересирани страни, објавен е напис во кој се сугерира прекин на преговорите и тоа од СДСМ и тоа во наднасловот („СДСМ ќе го урива

Владата на РМ како „Застава филм ви прикажува…“

на 5. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Тепачка меѓу членовите на СДСМ пред Влада]

  Дел од медиумите во неделата објавија фоторепортажи од кампот пред Владата, каде, наводно, се случила тепачка меѓу камперите, при што речиси сите го имаат истиот наведен наслов. Секаде има и една видеосторија долга 19 секунди, која треба да биде додатен доказ дека тепачка имало. Фоторепортажата со кусиот видеозапис, за волја на вистината, би била неупотреблива ако некој во таа наводна

Оркестрирана кампања која падна на граматиката

на 31. 05. 2015 | |
Лицето на циничниот национал-шовинизам: ист центар ги пишува графитите, им измислува лажен автор и лажна приказна за да му наштети на политички противник. Фото: скриншот  

Од центарот на владејачката партија, од каде се оркестрираат кампањи против политичките конкуренти, излезе дека мора да научат нешто и од граматиката на албанскиот јазик. Или да најдат барем еден пријател Албанец. А, треба нешто и да повторат околу природата на социјалните мрежи

 

Држење на темата на руска рингла

на 26. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тајна мисија на ОБСЕ престојувала во април во Македонија?]

  Во пошироката новинарска јавност, предизвика изненадување насловот што се појави и кој е предмет на рецензијата. Најнапред, мора да се истакне дека се работи за актуелна тема, која заслужува внимание – тоа е впрочем текст кој претставува поширока презентација на една опсервација на рускиот министер за надворешни работи Лавров за Македонија. Се работи за негов настап во Советот на Руската Федерација на 20 мај. Во говорот Лавров „обзнанува“ некаква тајна мисија на членови на ОБСЕ, кои дошле во земјава во април и вршеле непримерен притисок врз премиерот Груевски, како да ја реши внатрешната криза. Тоа е говор кој се базира на една базична невистина – мисијата не е

Шнајдерајот е работа на шнајдерите, новинарските текстови известуваат целосно

на 20. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Орав: Последните недели видовме неколку позитивни нешта]

  Ако го прочитавте извештајот на „А1 он“ од едно обраќање на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, во Скопје, можевте да забележите дека клучна сентенца на неговиот говор е „Државата има сериозни проблеми во поглед на вредностите за демократија, слобода и правда кои ги промовира Европската унија“. На дебатата на која учествуваше (Европската унија треба да се прошири и да ги вклучи земјите од Западен Балкан) на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Орав истакна дека мирните антивладини протести се една од ретките позитивни работи што се случиле во земјава. Ако во исто време го читате извештајот на агенцијата МИА и таму ова со протестите е извлечено од контекстот на

Кумановски настани: дводневна девалвација на професијата репортер од местото на настанот

на 19. 05. 2015 | |
Аматерските видеоснимки беа првиот прозорец кон местото на настанот за време на настаните во Куманово. Фото: видеоклип скришот  

Интернетот беше побрз од етаблираните медиуми, неконтролираните од оние „под заклетва“, локалните од печатот и од телевизиите од метрополата. Особено загрижува што дел од медиумите своите екипи во Куманово ги користеле за проста илустрација на она што се пишува во Скопје! Овојпат немаше значајно ширење на меѓунационална омраза низ медиумите и

Претплатете се за најнови вести