verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напис за „непроспан“ договор ја чува фотелјата на премиерот

on 8 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: Нема да одиме на избори без преодна влада]

 

Уште „непроспан“, договорот кај Хан се најде во весник во верзија на ВМРО-ДПМНЕ!

Нецел ден по преговорите во вилата во Пржинo на ЕУ, меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на кои се придружија и други заинтересирани страни, објавен е напис во кој се сугерира прекин на преговорите и тоа од СДСМ и тоа во наднасловот („СДСМ ќе го урива договореното со Хан“). Тука е многу важен датумот кога е објавен текстот, бидејќи, во текот на следниот ден, значи во петокот, на 5 јуни, бевме сведоци на драматични промени во однос на преговорите и на нивното толкување. Сепак, со оглед на содржината која во четвртокот наутро им е понудена на читателите, излегува дека или во весникот постојат видовити луѓе или, пак, некои чекори на преговарачот биле познати однапред? Весникот не ни помага да ја одгатнеме дилемата, ама сугерира дека фотелјата на Груевски во преговорите била „неприкосновена“?

Dnevik-Han-DogovorЛинк до оригиналниот напис: Нема да одиме на избори без преодна влада

Датум на објавување: 04.06.2015, 09:33

Датум на рецензирање: 08.06.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Дали измените во Изборниот зкаоник, пречистувањето на Избирачкиот список, како и низа други прашања врзани за избирачкиот процес, одредени кадровски промени кај власта, како и меѓупартиските работни групи што ќе ги усогласуваат разликите меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е механизам за надминување на кризата? Или СДСМ сепак, нема да отстапи од барањето за преодна влада што би го поништило и завчера договореното со комесарот Јоханес Хан за нови избори најдоцна до април 2016 година?“

Ова е цитат од воведниот дел од текстот, кој сам по себе е условен – значи ако СДСМ инсистира на условот предвремена влада, договорот е готов! Ама тоа, така како што е напишано, значи дека ДПМНЕ е таа која условува!

Но, најпрвин мора да се каже нешто околу содржината која се објавува во овој медиум, независно од вистината. Имено, договор од средбата беше стриктно поставен: ништо за деталите да не се објавува надвор од она што го кажа самиот посредник Хан! Уште „непроспан“, како што гледаме од текстов, тој договор осамна во интернет-изданието на овој дневен весник. И тоа не како претпоставки на весникот, туку преку еден доста долг текст имаме дексрипција на настанот преку извори означени како „упатени во средбата“, „и едните и другите“, „од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално тврдат“… кои јасно упатуваат на тоа дека како дошепнувач е искористена едната страна во преговорите, која веќе се обврза на тајност!

Во извесна смисла тоа и ја доведува под сомнеж вистинитоста за содржината на средбата во медиумот, бидејќи, зошто во ДПМНЕ би биле толку глаголиви ако сè одело како што ним им одговара? (а, според изнесеното во весникот така треба да биде)! Дали зад „провалата“, фактички, се крие форма преку која би го натерале СДСМ да излезе од преговорите и тие би пропаднале?!
Тврдењето дека во СДСМ потврдиле оти прашањето за преодната влада не е ни отворено, не соодејствува со вистината. Неколку функционери на СДСМ говореа на малите екрани (Илинка Митрева, Радмила Шекеринска), ама едната немаше информација за разговорите, а втората, иако директен учесник, се држеше до договорот за молчење на текот на преговорите! Потоа, фактот дека во Пржино едноставно се разговараше со часови, а изборите како термин беа утврдени веќе во 13 часот, на кусата информативна средба на Хан, го отвора прашањето – што се случувало по тој термин, во наредните неколку часови! Зошто преговарачите се задржале толку долго кога во антрфилето еден од учесниците – Али Ахмети, вели дека албанските прашања не се отворени, додека за другите имало компромиси. Компромиси околу што?

Сосема сигурно е дека овој текст е готвен, „не му давале да спие на договорот“, уште веднаш по заминувањето на Хан, во средата навечер, за рано наутро во четвртокот да се прави спин околу она што во мигот за власта е, се чини, најбитно – чувањето на фотелјата на премиерот!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

Во мигот на објавувањето тој е тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести