verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Владата на РМ како „Застава филм ви прикажува…“

on 5 - 06 - 2015       

 

[Рецензија: Тепачка меѓу членовите на СДСМ пред Влада]

 

Дел од медиумите во неделата објавија фоторепортажи од кампот пред Владата, каде, наводно, се случила тепачка меѓу камперите, при што речиси сите го имаат истиот наведен наслов. Секаде има и една видеосторија долга 19 секунди, која треба да биде додатен доказ дека тепачка имало. Фоторепортажата со кусиот видеозапис, за волја на вистината, би била неупотреблива ако некој во таа наводна тепачка се пожали на суд дека бил удрен, па нуди нешто како доказ: „еве видете, тука бев тепан и тоа од овој и од овој!“ Такво нешто нема, нема дури ниту влечење за јакни, плукање и закани или каква било назнака за некаква агресија, вообичаена за такви настани. Само собрани луѓе кои распаваат за нешто. Ама нејсе, сторијата се појави и треба да се прокоментира. Особено што станува проблематичен изворот на фотоматеријалот, кој, и на мало дете би му било јасно – „доказниот материјал“ е снимен од зградата на Владата! Многу веројатно заради промена на аголот на снимањето од камера, која се движи лево-десно и не може да задржи еден кадар со потребна должина, треба да заклучиме дека се работи за безбедносна камера!

ФОТО ВИДЕО Тепачка меѓу членовите на СДСМ пред Влада NetPressЛинк до оригиналниот напис: Тепачка меѓу членовите на СДСМ пред Влада

Датум на објавување: 31.05.2015, 11:13

Датум на рецензирање: 02.06.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Физичка преметка во кампот на СДСМ пред Владата, помеѓу нивни членови и симпатизери, се случила доцна во ноќта во саботата, потврдуваат за Нетпрес очевидци. Според сведоштвата и материјалите кои ги добивме, имало закани, пцуења, викање, како и чкрипења со автомобили. Вревата на улицата ги разбудила околните станари во близина на Владата. Очевидците кажуваат дека две групи на млади момчиња, од по десетина, физички се пресметале во кампот на СДСМ, при што, во улога на медијатори и помирувачи пристигнале и функционери на партијата кои сакале да го сокријат инцидентот од затекнатите минувачи и околните станари, како и да спречат негово ескалирање.“

Текстот содржи детали за тоа каде почнала кавгата, со името на кафулето, кој ја смирувал и слично, ама никаде нема извор кој би бил релевантен и извесен. Се споменуваат „Нетпрес очевидци“ небаре тие се сведоци со некој посебен ков, па не им требаат имиња и презимиња. Или барем некаков поблизок опис. Особено што во текстот се тврди дека лицата кои се тепале биле под дејство на алхохол, кој наводно „се консумира во огромни количества“, па затоа, нели, „било прашање на време“ кога ќе дојде до пресметка. Уште потешко е обвинението за користење „недозволени психотропски супстанци“, со назнака некои велат (нели, кои?) и така имаме релативно долга сторија, особено кога во наднаслов се кажува дека се работи за фоторепортажа. Според должината, тоа и не е фоторепортажа, бидејќи должината на текстот треба да ги дополни практично неупотребливите фотографии. Се вели дека фотографиите се направени по тепачката, како да е тоа оправдување. Зошто тогаш се користат фотографии ако треба да се верува „на жими мајка“?!

Фотографиите, фактички, не докажуваат ништо, иако би требало да се тоа „клучните сведоци“, освен што, особено од последните, се гледа дека се снимени од понискиот кат на зградата на Владата! Значи, оттаму се снима сè, па и да имало тепачка, таа секако би била снимена?! Но, како ваквите материјали стигнуваат до медиумите? Дали тоа не е злоупотреба и не кажува ли тој метод дека власта се меша во уредувачката политика на редакциите или дека, едноставно, си нарачува прилози?! Како Владата да се претворила во „Застава филм ви прикажува“ од Титово време, пропагандна камера во функција на интересите на владините ешалони. Дали видеоопремата на премиерот е пренасочена сега, кога никој не му оди на гости на премиерот –  „кон надвор“. Во тие фотографии лежат сериозни обвинувања за слободата на медиумите во оваа земја, заради користење на споменатите снимки. А барем нешто и да вредеа…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести