verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Реферирање, пишманење, шпекулации

on 14 - 06 - 2015       

 

 

[Рецензија: Кај кого реферира Заев за да го потврди договореното?]

 

Прашањата на партиската демократија се стара тема на која никогаш не е најден некаков одговор во секојдневната прагма. Не само кај нас, туку и на еден поширок план немаме никогаш извештаи како во Германија, на пример, големите партии се договараат за некој став, иако во политичкиот живот, секако, тие дејствуваат со некакви ставови – кога Ангела Меркел донела став на партиски состанок пред да се види со Ципрас или дали Путин свика партиски пленум пред да го анектира Крим? На овие размисли нè тера читањето на текстот кој е предмет на рецензија, а е врзан секако за една многу важна тема: преговорите околу политичката иднина на земјата со посредство на ЕУ.

Zaev-referira-09876-0987Линк до оригиналниот напис: Кај кого реферира Заев за да го потврди договореното?

Датум на објавување: 08.06.2015 11:59

Датум на рецензирање: 11.06.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Му се јавува ли некому лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по секоја донесена одлука или изјава која се чини похрабра од негова страна, за потоа веднаш да се корегира или пишмани? Ова е прашање кое се поставува по последното премислување на Заев и тоа по неколку часа за една крупна одлука дали СДСМ ќе остане или не во политичкиот дијалог што е со посредство на ЕУ.“

Текстот што е предмет на рецензијата сугерира теза дека лидерот на опозицијата и во случајот претставникот на невладините организации, не може да одлучува за нешто што не ја минало верификацијата на некој форум или статутарно одредена форма, па затоа, во конкретен случај, Заев може така често да ги менува ставовите!

Во еден релативно голем текст, весникот, кој е предмет на рецензијата веројатно, како противтежа, би требало да ни понуди пример како тоа го прават другите тројца учесници во преговорите од македонска страна – најнапред премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и претставниците на албанските партии – Али Ахмети (ДУИ) и Мендух Тачи (ДПА). Веројатно се тоа лидери со поголем демократски капацитет и просто не можат пред да донесат важна одлука, а да не свикаат партиски состанок, ако ништо друго тогаш на претседателството на партијата, кое, кај трите други партии просто чека зад врата за да го каже своето мислење.

Потписникот на овој текст и не помни кога Груевски излегол, на митинг, прес-конференција или слично, каде зад некоја одлука од која било сфера на животот се повикал на своите партиски другари. Нека било тоа случај, да речеме, со предлогот на еврокомесарот Хан, на пример, кога предложил избори за април 2016 година и околу тоа набрзина се консултирал со базата или со најблиските – претседателството на партијата, на пример?!

По овој предлог од 2 јуни, само Ахмети испрати писмо до Хан дека ги поддржува неговите барања, ама не се кажа за кои барања и како дошол до согласност, па читателот веднаш заклучува дека се работи за нешто како лична преписка!

Дури и на другата страна – кај Хан, видовме исфрлување од екипата за преговори во Македонија на претставникот на левицата (Ховит), потоа на либералниот центар (Вајгл) и на десницата (Кукан), па на преговорите остана комесарот Хан, кој, сепак, доаѓа од десницата и зад себе во преговорите ја нема политичката палета на другите партии од Европарламентот!

Пред нас е текст без барем еден пример од спротивниот табор како тоа треба камарадите на Заев да носат одлуки. Секако дека е тоа напис кој настојувал пред одењето на Заев во Брисел да му ја стеснува политичката база, нешто што и онака е компликувано поради фактот што тука имаме и други партии и невладини организации. Кога го завршувате читањето на прилогот, нема да дознаете ништо за демократскиот амбиент на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, иако на почетокот од читањето очекувате таков одговор – почетните амбиции на авторката барем се такви.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести