Ниту „Н“ од новинарство
Објавено во Рецензии
on 14 - 06 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Ефективни мерки за намалување на невработеноста]
Оваа рецензија може да заврши веднаш по втората реченица. Во неа констатираме дека не е новинарство кога медиумските содржини, целосно исти од првата буква до последната точка, кои очигледно доаѓаат од еден дистрибутивен центар, се објавуваат во различни медиуми, па дури и ги потпишуваат различни новинари.
Тое е „тејлор-мејд“ новинарство, или, на кирилица, тоа се написи креирани, лепени, сечени, прелепувани, скроени според мерките и желбите на еден центар, и потоа дистрибуирани до редакциите. Таму, очигледно, има некои кои добиваат задача да ги прочитаат текстовите, ако се работи за аудиовизуелни медиуми или да направат „копи-пејст“ ако се работи за печат или интернет-портали.
Во оваа постапка нема ниту „н“ од новинарство.
Линк до оригиналниот напис: Ефективни мерки за намалување на невработеноста
Датум и време на објавување: 15.04.2015, 09:14
Датум на рецензирање: 20.04.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
На овој, прв линк ви нудиме преглед на скроениот и дистрибуиран текст објавен на интернет порталите, а на овој, втор линк, преглед на истиот тој текст објавен на неколку телевизии.
Тоа значи дека, всушност, и нема што да рецензираме, односно, ако веќе мораме, се работи за нарачана, испорачана, медиумска содржина. Бидејќи доаѓа од еден центар за дистрибуција, тој текст е пристарасен политички и го крши членот 14 од Кодексот на новинарите, кој инсистира дека новинарите ќе обезбедат професионална дистанца од политичките центри на моќ. Дури и насловот кај повеќето медиуми е ист.
Освен што се работи за плагијат, кога веќе некои редакции го потпишуваат овој текст, кутрите некои во редакциите го забораваат и членот 17 од Кодексот кој препорачува:
Новинарот има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.
Дали слушам дека, додека го читате, му велите на рецензентот дека е наивен и дека, ова е, всушност, уште еден прилог во перманентната политичка кампања. Знаете што, сосема сте во право!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови