verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев ја турка државата во нова поголема криза

on 14 - 06 - 2015       

Рецензираме петнаесетина реда, нешто што не е потпишано и што не може да се дефинира дали е вест, информација, коментар, колумна. Уште полошо, тоа што е напишано не знаеме ни дали е точно ни на кого прецизно се однесува, дали на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет за неуспехот на преговорите во Брисел, или на медиумите кои ја „креирале“ неговата позиција и кои се оквалификувани како негови и на Сорос, и кои го „диктираат темпото и рамката на разговорите во Брисел“.

Класична медиумска манипулација „со еден удар да се отепаат две муви“ и читателите да се убедат во нешто што не е вистина, а страната чија позиција ја бранат да се амнестира од одговорност за неуспехот и за можните последици од тој неуспех.

FireShot Screen Capture #103 - 'Заев ја турка државата во нова поголема криза I Република Online' - republika_mk__p=442042Линк до оригиналниот напис: Заев ја турка државата во нова поголема криза

Датум и време на објавување: 11.06.2015, 10:40

Датум на рецензирање: 11.06.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

НОВИНАРСКИ ТЕКСТ ИЛИ ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ

Не е првпат да се наоѓаме пред дилема дали рецензираме новинарски производ или партиско соопштение. Имаме многу причини за ова.

Политичките текстови, особено ако се однесуваат на опозицијата и на нејзината дисквалификација, редовно се непотпишани и аналогни на партиските соопштенија или конференции за печат на партијата која е на власт. Тоа произлегува уште од самиот наслов, во кој категорички се тврди дека Заев ја турка државата во нова поголема криза. Манипулација е забележлива и на фотографијата од која со помош на фотошоп е исечен лидерот на владејачката партија за да се засили кај читателите чувството на одговорност само кон спротивниот табор.

Медиумот применува тактика на бајачка и видовито и таксативно ги набројува „последиците што ќе ни се случат“ поради однесувањето на лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Владејачката партија однапред ја амнестира од одговорносот за тие последици.

„Со уривањето на преговорите Зоран Заев прави неповратна штета и ја турка државата во уште поголема криза.„

„Со ваквата разврска, на државата ѝ се заканува:

– Губење на препораката од ЕУ.

– Назначување специјален пратеник од ЕУ што значи дека државата се става во групата земји со безбедносен и политички ризик.

– Изолирање, како и неповратна економска штета, несигурност за граѓаните и за инвеститорите, запирање на реформите, нетрпеливост и продлабочување на тензијата.“

 

ЧУВАРИ НА ФОТЕЛЈАТА

Непотпишаниот автор со отворена пристрасност и со спинување на она што во овој момент е најбитно за власта, се става во улога на чувар на фотелјата на премиерот. А, со заплашување на граѓаните од „последиците“, воедно ги мобилизира на чија страна треба да бидат. Новинарски апсолутно некоректен текст и спротивен на основните принципи и на етичките вредности на Кодексот на новнарите на Македонија, кој во член 14 повикува на непристрасно и избалансирано известување од политичките процеси.

„Заев ги демантираше неговите медиуми финансирани од Сорос, коишто ширеа лаги дека премиерот Никола Груевски прифатил техничка влада и негово повлекување и единствено отворено прашање бил периодот на негово повлекување. Заев самиот изјави дека Груевски не се повлекол. Со ова медиумите на Сорос уште еднаш покажаа дека лажат и манипулираат.“

Овој недефиниран новинарски производ содржински е нецеловит, хаотичен и конфузен. Нема никаков извор или соговорници со кои би можеле да се потврдат некои изнесени тези, како таа дека, наводно, опозицијата ги урнала преговорите. Колку што е познато, ништо не е урнато, само, како што изјави портпаролка на Јоханес Хан, Маја Коцијанчиќ, не е постигнат договор, што не значи дека во следната рунда нема да се постигне. За неуспехот, барем, според официјалните изјави што доаѓаат од Брисел, никој не е обвинет, само е побарано лидерите да се однесуваат одговороно и да направат обид да се пронајде решение за кризата.

Од почетокот на преговорите, учесниците се обврзале на молк за она што зад затворените врати се разговара. Дали страната чии интереси отворено ги штити медиумот, не го прекршува овој договор и не им дошепнува на новинарите детали што им одат во прилог или би сакале да им одат во прилог на оние кои се на власт?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести