verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Успешна бегалска фоторепортажа

on 20 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

golgota-majka-dete-09876-0098-crop-resize

 

[Рецензија: Голгота: мајка со шестмесечно бебе трага по подобар живот]

 

Нема сомнеж дека по изјавата на премиерот Груевски за бегалците („половината од тоа што е напишано да е точно…“) како да беше дадено зелено светло поголем дел од медиумите што ги крстиме „провладини“, да го сменат ставот кон овие страдалници. Наеднаш тие не беа само проблем за земјава, туку несреќници кои бараат спас. Ова, секако, не значеше веднаш дека е подигнат битно квалитетот на прилозите во медиумите во однос на оваа појава и на овие луѓе. Но, во сета таа „конфекциска“ поплава од текстови и од фотографии, секако веќе се дефинира некаков квалитет и тој треба да се посочи.

golgota-majka-dete-09876-0098Линк до оригиналниот напис: Голгота: мајка со шестмесечно бебе трага по подобар живот

Датум на објавување: 18.06.2015, 09:27

Датум на рецензирање: 18.06.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Детска насмевка ни ги стопи срцата а во исто време ни создаде и грутка во градите. Мора да е маката голема штом мајката со шестмесечно бебе се одлучила да тргне на пат долг илјадници кипометри на кои демнат безброј опасности … Мајката се обидуваше да го преслече бебето, но немаше друга облека или сакаше да ја сочува за подоцна, па само го поднамести да му биде поудобно.“

Прилогот влегува зад вообичаената површност и дава доста податоци за едно семејство во кое, покрај таткото и шесте деца, посебна приказна е молчаливата мајка, која очигледно пати најмногу од сите и, според обичаите, мора да молчи и да трпи. Нејзините обиди да излезе на крај со бебешките потреби и фактот дека најверојатно по пат го родила бебето и го минала периодот на леунството некаде таму, назад, на Блискиот Исток, е особено шокантно сознание.

Во прилозите на поголем дел од медиумите доминира една потисната, ама присутна сегрегација на „ние“ (принудени да ги трпиме дојденците) и „тие“ (кои ќе си заминат, да ги истрпиме). Дури, кај многу колеги фоторепортери, особено тие со име, се забележува една просто „шизичка филозофија“ на полесен влез во европските магазини преку нереалистички прилози, како што се, на пример, сликите од автопатите каде велосипедистите наликуваат на спокојни семејни излетници, кои се насмевнуваат при зајдисонцето (!) или на некакви тркачи од „Тур д Франс“, како да се работи за спортски манекени.

Секако дека текстот што е пред нас го нема оној „Достоевски“ што го бара ситуацијата, ама е далеку поискрен и е – непосреден, како што авторот е доследен да дознае податоци за некој кој не знае англиски, па се барале преведувачи меѓу Авганистанците. Тука е очигледно изгубено доста време, ама фоторепортерот бил упорен. Сигурно дека и фотографиите не се правени да се допаднат – туку да доловат една ситуација, што денес сè уште е реткост.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

Не e релевантен бројот на изворите

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

Се работи за фоторепортажа

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести