verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Вестите бараат потпирање на повеќе извори

на 11. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Путин: Русија е подготвена да го финансира гасоводот во Грција]

  Веста е дека Русија е подготвена да ѝ помогне на Грција така што кај неа ќе го изгради делот од гасоводот „Турски тек“. Прва ја објави „Република“, а потоа ја презедоа речиси сите други медиуми и таа, секако, има своја актуелност и за нас. По пропаста на проектот „Јужен тек“, за нас проектот за гасификација остана без реален извор на суровина! И, секако, ова би требало да биде една скромна порција „оптимизам“ во ова темно секојдневие. Тука имаме едно „ама“, кое бара истите вести да се одмеруваат од повеќе страни. Резултат: голема грешка во датумирање на крајот на проектот! Линк до оригиналниот напис: Путин: Русија е подготвена

Читателот треба да верува на „жими мајка“

на 11. 05. 2015 | |

[Рецензија: Убиецот на Мартин Нешковски e осуден на 14 години затвор. СДСМ го убива по втор пат!]

  Примитивизмот во новинарството секогаш има почетни траги во жанровското талкање на медиумите. Појавата на категоријата вест-коментар секако е еден од тие феномени и речиси е наша особеност. Последната (29.) „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во медиумот на кој се однесува текстот што го рецензираме, не сака да објави речиси ништо за содржината на таа прес-конференција. Но, затоа уште во наднасловот имаме серија недолични „крстења“ – примитивизам, некрофилија и други дијагнози за отворањето на случајот за покојниот Мартин Нешковски! Потоа следува насловот (СДСМ убива по втор пат), кој е комплетно нејасен и граматички и како најава на содржината. И, конечно, имаме

Карикатурални црти

на 6. 05. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Проектот „Македонија вработува“ со очекувани првични резултати]

  Акцијата за вработување која ја покрена власта во рамките на постојаната политичка криза и се чини во пресрет на конгресот на владеечката партија, од почетокот е прогласен за волшебно стапче за едно сериозно економско и социјално прашање. Кога на овој проблем се приоѓа пропагандистички, се добиваат текстови со карикатурални црти и може да служи и за потсмев. Сеедно, за министерот за труд тие резултати се доволни за самофалба и овој текст е пренесен во дузина други медиуми: акцијата наводно веќе по неколку денови постигнува „резултати“. Да видиме за што се работи? Линк до оригиналниот напис: Проектот „Македонија вработува“ со очекувани првични резултати Време на објавување: 30.04.2015, 18:15 Датум на

Каде е границата на спинот со користење истомислечки соговорници

на 5. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Каде е границата на мешање во внатрешнополитичките проблеми?]

  Како по команда, во речиси сите македонски медиуми се појавија коментари за тоа колку „далеку одат“ оценувањата на странските дипломати за состојбите во земјава. Тоа е донекаде логично поради фактот што оценувањето на состојбите во земјата, која е во политичка „кома“, од луѓето кои ги претставуваат странските држави, кај нас навистина веќе значи вадење на дипломатските ракавици. И, секако, тој интерес на медиумите мора да подлегнува на извесни критериуми. Најголем дел од тие текстови првин се потпираат на едни те исти експертски имиња и, што е поважно, не ги објаснуваат околностите во кои доаѓа до „зголемување на тонот“ кај дипломатите и, што е уште поважно, доброволно одбраната позиција на

Сите луѓе се Македонци – и тоа не само денес, туку отсекогаш

на 28. 04. 2015 | | sq
  „Излезе Македонија најголемо царство било кога што постоело, прва цивилизација, а Грција мора да признае… дека и самиот Господ од Македонија го создавал светот и човекот и животните“. Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи во регионот, по пренесувањето на веста од нашите медиуми дека човекот е создаден во Македонија (на пример, овде), што служи за масовна подбишега. И не е пријатна и за нашата наука, а секако и за медиумите кои малку би требало да ѕирнат во првиот прирачник за темата пред да пренесат сензации од најлош вид. Линк до оригиналниот напис: Човекот настанал во Македонија, а не во Африка?! Време на објавување: 27.04.2015, 19:01 Датум на рецензирање: 28.04.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Фосили од

Сексистичките реклами исчезнуваат, но власта ни воведува ретропропагандни пораки

на 27. 04. 2015 | |
Повлечена реклама во Хрватска заради сексисзам. Фото: fenomeni.me, 2014
 

Кога го допираме подрачјето на рекламните пораки како огледало на родовите односи, можеме да забележиме една цивилизациски прифатлива еволуција кај комерцијалната пропаганда присутна на малите екрани. Но, нашата власт тоа го урива со својата генерална „семејна“ политика, која ја пушта на телевизиите во форма на скапо платени пропагандни пораки

  Пишува: Љубомир Костовски   Кога говориме за недозволиви рекламни пораки,

Позитивно светло врз проблематичен проект со прикривање информации

на 27. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Ќе се продаваат 18 хектари земјиште за комплексот „Љубаниште 1“]

  Веста дека Владата на РМ неодамна на редовна седница ја усвоила одлуката за основање посебна туристичка зона „Љубаништа 1“, на брегот на Охридско Езеро, онака како што е објавена и пласирана е навремена, точна во своите „параметри“ и има многу податоци за тоа што ќе добијат како поволност тие што таму ќе вложуваат во туристички атракции. Владата во својата одлука предвидува ослободувања од многу обврски што вообичаено ги имаат инвеститорите за оние кои ќе се одлучат да градат во близина на Свети Наум. И сето тоа, во основа, даденo низ долг текст, заради проценката дека задоволува поширок интерес, е за пофалба. Се покажува дека е полезно кога

ТВ-дневник: Груевски и Николовски – нашите „дописници“ од ЕУ

на 22. 04. 2015 | |
Груевски и Николовски, новите дописници на МТВ од Брисел и Стразбур. Фото: видео клип скришот колаж  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на МТВ од 21 април 2015 година во 19.30 часот]

 

Екипите на МТВ, наместо да ги ловат странските политичари и функционери во Брисел и од нив изворно да чуеме мислења за Македонија и за нејзините проблеми, ги користат премиерот и пратеникот Александар Николовски како пренесувачи на впечатоци! Тоа можеле да го сторат и на аеродромот во Петровец!

  Пишува: Љубомир Костовски   //   Заради настанот од липковскиот регион, многу беше веројатно дека македонските гледачи ќе се „залепат“ за малите екрани и дека вестите ќе станат погледан дел од програмата во однос на, да речеме, турските играни серии.

Продолжува фабрикацијата на измислени вести кај случаjот „Пуч“

на 15. 04. 2015 | | sq
 

Рецензија: Адвокатот на Случај „Пуч“: Верушевски не го негира, туку го призна делото

  Една од вестите што покажуваат колку страшна може да биде фабрикацијата на невистината во земјава се однесува на наводното признавање на Зоран Верушевски на делото за кое е осомничен, во рамките на аферата „Пуч“. Оваа вест, доколку би била точна, секако би ја помрднала оваа афера од мртвата точка, бидејќи се покажа дека по најавувањето на овoј случај од страна на премиерот (31 јануари годинава), предметот што го достави МВР до истражните органи стои во место. Од неодамна се зголеми времето што осомничените шестмина го минуваат во канацелариите на истражните органи, ама, сеедно, дали постоеше основ да се тврди дека првообвинетиот Верушевски го признал делото?

Цела судска „манџа“ зготвена во еден текст – недостига само пресудата

на 11. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: До крајот на мај можна пресуда за Заев и за Верушевски?]

  Повикувајќи се на неофицијални извори на истрагата, написот, кој е предмет на оваа рецензија, на јавноста ѝ соопштува по кој редослед ќе тече постапката против лидерот на опозицијата Заев и осомничениот поранешен висок полициски службеник Врушевски. Се работи за аферата „Пуч“, односно за две тешки кривични дела: против Заев (насилство врз највисоките претставници на државата власт, со уцената врз премиерот Никола Груевски и за оддавање државна тајна со објавувањето снимки од безбедносни структури за набавка за опрема на МВР). Текстот објавува кога ќе има обвинение до надлежниот суд и кога ќе почне и кога ќе заврши судењето, сето тоа вметнато во доста ексклузивни рокови, барем на

Претплатете се за најнови вести