verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Карикатурални црти

on 6 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

Makedonija_vrabotuva-crop-resize

 

[Рецензија: Проектот „Македонија вработува“ со очекувани првични резултати]

 

Акцијата за вработување која ја покрена власта во рамките на постојаната политичка криза и се чини во пресрет на конгресот на владеечката партија, од почетокот е прогласен за волшебно стапче за едно сериозно економско и социјално прашање. Кога на овој проблем се приоѓа пропагандистички, се добиваат текстови со карикатурални црти и може да служи и за потсмев. Сеедно, за министерот за труд тие резултати се доволни за самофалба и овој текст е пренесен во дузина други медиуми: акцијата наводно веќе по неколку денови постигнува „резултати“. Да видиме за што се работи?

ЛMakedonija_vrabotuvaинк до оригиналниот напис: Проектот „Македонија вработува“ со очекувани првични резултати

Време на објавување: 30.04.2015, 18:15

Датум на рецензирање: 03.05.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Интересот на компаниите за проектот „Македонија вработува“ од ден на ден е се поголем и до сега за четири дена од стапувањето на сила за оваа мерка имаат аплицирано над 50 приватни компании за повеќе од 60 вработувања, а веќе се постигнати 30 вработувања во овие 50 компании.“

Најпрвин веста, која се базира на податоци кои се добиени од министерот за труд, се конфузни: 50 компании аплицирале за 60 вработувања, а примени се само 30, што треба, белким, да значи дека нема доволно потребни кадри или лица со потребни квалификации? Некој требало да му подготви соодветни податоци на министерот, ама, белким, и тој требало да види што говори. Сеедно, ама тие 60 вработувања веднаш се во нокаут, нели. А, не се ниту некаква бројка за алал! Се работи за проектот „Македонија вработува“, при што бројки кои би требало да бидат небитни и за еден работен ден во заводите за вработување, како „фреквенција“, треба да ги примиме како сензација!

Демек, власта се отепува од работа за да ја намали енормната невработеност по која сме на врвот на континентот (официјално, според податоците на Заводот за статистика, во последното тримесечје на 2014 година имало 265.370 невработени лица, односно стапката на невработеност изнесувала 27,6 проценти).

Со оглед дека не се работи за текст кој е само собраниски извештај, туку своевидна аналитика за, да ја наречеме така, акцијата за вработување на Владата, би се очекувало и соодветно соочување со кампањата. Еве само кус наш прилог за порталот кој се занимава со економски анализи и вести – со ова темпо, ако тоа хипотетички се одржува (!) за цела година би имале 1.500 – 1.700 вработувања, а, според настапот на Спасов во парламентот, оваа акција треба да е поубедлива од претходната на неговото министерство, која за една година вработила, според министерот, 8.000 невработени.
На ваквите акции секогаш нозете се куси, ама можеме и да се насмееме, на сета мака на нацијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

Оценката за успешноста на акцијата не е точна

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести