verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цела судска „манџа“ зготвена во еден текст – недостига само пресудата

on 11 - 04 - 2015       

До крајот на мај можна пресуда за Заев и за Верушевски-crop-resize

 

[Рецензија: До крајот на мај можна пресуда за Заев и за Верушевски?]

 

Повикувајќи се на неофицијални извори на истрагата, написот, кој е предмет на оваа рецензија, на јавноста ѝ соопштува по кој редослед ќе тече постапката против лидерот на опозицијата Заев и осомничениот поранешен висок полициски службеник Врушевски. Се работи за аферата „Пуч“, односно за две тешки кривични дела: против Заев (насилство врз највисоките претставници на државата власт, со уцената врз премиерот Никола Груевски и за оддавање државна тајна со објавувањето снимки од безбедносни структури за набавка за опрема на МВР).

Текстот објавува кога ќе има обвинение до надлежниот суд и кога ќе почне и кога ќе заврши судењето, сето тоа вметнато во доста ексклузивни рокови, барем на прв поглед. Уште да ни се каже и пресудата, бидејќи се добива впечаток дека „целата манџа е готова“, а написов како да е работен во самата кујна.

Дека има чудни коинциденции говори фактот дека вечерта, по објавување на овој текст, во салата во Автокоманда во Скопје почна собирањето потписи, со кои, практично, се бара отворање постапка за велепредавство на Заев, што укажува на оркестрација на притисокот кон обвинителството кое некому, како да му оди на нерви, заради „одолжувањето на истрагата“?

Текстот на индиректен начин, фактички, признава дека постојат протекувања на информации од орган од каде тоа не смее да се случи. И по неколку дена од таа информација, нема реакција од Обвинителсвото за ваквиот пристап на дневниот весник?! Таа вест, инаку, претставува вовед во класичен притисок врз институциите кои одлучуваат врз основа на кривичната пријава. Истата, да се потсетиме, директно ја даде премиерот против својот главен политички противник, факт од кој секоја нормална демократска земја се наежува.

Текстот има и други професионални неодржливости.

До крајот на мај можна пресуда за Заев и за ВерушевскиЛинкуван наслов на анализираниот напис: До крајот на мај можна пресуда за Заев и за Верушевски?

Време на објавување: 05.04.2015

Датум на рецензирање: 08 04.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Од поднесувањето на кривичната пријава на МВР на 31 јануари против шестмина осомничени (поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, потоа неговата сопруга, двајца припадници од МВР, Заев и негов соработник во општина Струмица) за кривични дела против државата, главно шпионажа и за неовластено снимање и објавување телефонски разговори поминаа повеќе од два месеца. Една пресуда, и тоа осудителна, со која се потврдува делото, веќе е донесена врз основа на признание од вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање, кој призна дека за материјална корист по налог на Верушевски неовластено снимал телефонски разговори за странски служби. За останатите обвинети сѐ уште се чекаат обвинителен акт и судска постапка.“

Иако насловот сугерира дека ќе ни открие дали и како лицата Зоран Заев и Зоран Верушевски за само два месеци ќе бидат осудени, текстот, всушност, само бегло го отвора тоа прашање. Притоа, се цитира наводно законот кој одредува рокови за кои треба да се изјасни обвинителството, што на прв поглед и збунува – па постојат ли тие извори во истрагата или се прави некаква аматерска математика? При ова итро се прескокнува фактот дека тие рокови, што се користат како „алатки“, може да важат дури откако ќе постои поднесен обвинителен акт! Нема никакви рокови во текот на истрагата, а токму тој процес е сега во ек!

Во мигот, значи, нема обвинителен акт, па сите пресметки се злонамерни, да не се рече и „јавна опомена“ до истрагата да побрза, без притоа, да не заборавиме, колку се тие премиерски пријави во корелацијата со оние на СДСМ! А, зашто не важи и за нив потребата истрагата да побрза? Бидејќи од другата страна се работи за високи функционери на власта, чии наведени кривични дела нè дестабилизираат во најголема можна мерка?

Основата која треба да го оправда постоењето на текстот, односно неговото ширење, се мислењата на „правни и безбедносни стручњаци“. И, си мислите дека пред вас ќе дефилираат поранешни или сегашни професори од Правниот факултет, па некогашни обвинители, адвокати и слично… Ама, имаме смо два такви стручњаци. Едниот, погодувате однапред, е Александар Пандов, кој стана последните месеци стручњак ама баш за сè. Инаку е само пратеник, без какво било експертско искуство на кое било поле (!). Тој, пак, се повикува на политиката, која, според него, укажува дека Македонија е во опасност, накусо ако не биде осуден Зоран Заев!

Вториот стручњак, кој е заталкан во „полемиката“, е деканот на Воената академија, Орце Поповски, кој со ништо непредизвикан вели дека народот има доверба во полицијата и во војската, а сега некој како да сака да ја урне таа доверба. Без при тоа да објасни кој ја урива довербата во правниот систем и воопшто во функционирањето на институциите на системот, бидејќи, токму „бомбите“ на Заев се однесуваат на севкупните состојби, а не на одделни сегменти.

Пред себе имаме класичен пример на хушкачко новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Има точни факти и претпоставки, во комбинација

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Нема прецизни извори за основната поента во текстот а има два коментари за другите димензии од случајот

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

Коментирањето го препушта на два извори

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

Со сегментот каде се говори за велепредавство тој поттикнува на насилство, па и линч

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести