verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Информирањето потклекнато пред трката по „предавници“

on 11 - 04 - 2015       

Inicijativa_Zaev-Predavnik-09876-098

 

[Рецензија: Граѓаните масовно се потпишуваат на иницијативата Заев да биде прогласен за велепредавник (видео)]

 

За што известува и раскажува оваа „новинарска“ сторија? За да не погрешиме, еве ја „главата“ на оваа вест:

„Вечерва во Автокоманда се отвора граѓанска иницијатива за поведување на постапка за одговорност за велепредавство на Зоран Заев. Граѓаните во редици чекаат да го стават својот потпис на оваа иницијатива.“

Оваа реченица јасно опишува од кој настан е оваа информација и за што станува збор. Она што го отвора како дилема оваа информација е, ако на организаторот на овоj настан не му е јасно во што ги вовлекува граѓаните, дали медиумите немаат обврска да го разјаснат контекстот во кој е ставена оваа иницијатива и дали граѓаните се целосно свесни за својата постапка.

Во битките во политичката арена има многу валканици. Одговорноста во тие битки им припаѓа на актерите на политичката борба, а една од должностите на медиумите е целосно да им го опишат контекстот и амбиентот на политичката арена и да укажат на можните манипулации во кои можат да бидат вовлечени.

Во име на тој контекст, имавме предупредувања дека организаторите на оваа иницијатива ги туркаат граѓаните во кривични дела  – лажно пријавување.

Тоа треба да биде должност на медиумите за да биде една информација целосна и сеопфатна, најмногу заради интересот на граѓаните. Тие, се разбира, имаат право да изберат, но медиумот, секако, е должен да предупреди.

Исто така, за да биде целосно избалансирано известувањето за една ваква иницијатива, треба да се контекстуализира и „делото“ поради кое е покрената. Односно, да им се објасни на читателите дека кога се обелоденуваат прислушувани разговори, со кои се открива можен криминал, тој што го открива тоа претставува „дошепнувач“ или „свиркач“ кој, според досегашната практика, најчесто бидува заштитен од надлежните институции, а неговите информации сериозно се испитуваат од надлежните институции.

04072015-RepublikaZaevPotpiЛик до оригиналниот напис: Граѓаните масовно се потпишуваат на иницијативата Заев да биде прогласен за велепредавник (видео)

Датум и време на објавување: 06.04.2015, 20:52

Датум на рецензирање: 09.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Тоа се професионалните етички стандарди во новинарската практика од овој тип. Одредени аспекти на овие прашања се, уште повеќе, и во Кодексот на новинарите, почнувајки од неговата преамбула:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

Должноста да не се афирмира и поттикнува омраза го регулира и членот 10 од Кодексот:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Во амбиент на крајна политичка поларизација и оваа медиумска содржина оди во корпусот на политичко пристрасно известување, а членот 14 од Кодексот е дециден и по ова парашње:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Веќе констатиравме дека политичката битка е жестока, но таа мора да биде жестока по прашањата на аргументите, а не по прашањата на личностите. Ако новинарството го почитува тоа, тогаш веројатно нема да се прекршува и членот 16:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Според Принципите на етичкото новинарство утврдени од Истражувачкиот центар за добро новинарство „Пју“ од Вашингтон, САД, новинарскиот израз има цел. Тоа е повеќе од собирање и каталогизирање на информациите. Заради сопствениот опстанок, новинарството мора да балансира меѓу она што публиката знае дека го сака и она што истата таа публика не може да го предвиди, а е битно за неа. Ефектот на една новинарска сторија е предодреден од вниманието што публиката ѝ го посветува и од степенот на просветувањето од неа. Во таа смисла, новинарите мора постојано да се прашуваат која информација има поголема вредност и кој е најдобриот начин таа да биде пласирана. Новинарството кое се раководи од јавниот интерес секогаш е придобивка за доброто на заедницата, додека новинарството во чиј интерес се тривијалните и безначајни информации станува еден од генераторите на тривијалните општества.

Затоа, еден од споменатите принципи нагласува дека „вестите треба да бидат комплетни и пропорционални“:

Настојувањето вестите да бидат пропорционални во однос на нивното значење е, исто така, во основата на трагањето по вистината. Новинарството е како картографијата: тоа создава мапи кои на граѓаните им помагаат успешно да се снаоѓаат во општествените системи. „Дувањето“ на настаните заради сензационализам, потценувањето на другите извори, стереотипизирањето и несоодветниот негативен став, не создаваат веродостојни мапи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести