verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пристрасен, наменски скроен материјал во функција на политичка пресметка

on 11 - 04 - 2015       

Аналитичари СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација Македонската Радио Телевизија-crop-resize

 

[Рецензија: Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација]

 

Станува збор за материјал во кој намерно се изместува тежиштето на проблемот, вистината се извитоперува, а приказната се моделира според проекциите на владејачката партија. Па, во една таква искривена перцепција, опозицијата, која веќе два месеца објавува аудиоснимки, кои, пак, наводно сведочат за „криминалот и коруптивното однесување на врвот на владејачката партија, како и за непринципиелни договарања со владиниот коалициски партнер – ДУИ“,  се обвинува  дека креира сценарио за дестабилизација на државата.

Аналитичари СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација Македонската Радио ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација

Датум и време на објавување: 06.04.2015, 17:54

Датум на рецензирање: 08.04.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Директен повод за овој прилог е 18. „бомба“ (6 април 2015 година), во која лидерот на СДСМ објави разговори, во кои, како што кажа, се слуша како: „Лично Никола Груевски се испазарил со Али Ахмети за затворање на хашките случаи со амнестија. Груевски лично наредил, за тој да се заштити, целата постапка да ја префрли во парламентот“.

Меѓутоа, написот целосно ја игнорира содржината на презентираните тонски записи, од кои, според опозицијата, се гледа како се носело автентичното толкување на Законот за амнестија летото во 2011 година, по завршувањето на парламентарните избори.

Истовремено, текстот намерно го насочува вниманието на Законот за амнестија, донесен уште во 2002 година (по завршувањето на воениот конфликт во 2001 година), а без воопшто да спомене  дека ова законско решение не ги опфаќа четирите хашки случаи: „Мавровски работници“, „Липковска брана“, „Непроштено (киднапирани Македонци)“ и „Водството на ОНА“.

Овие случаи, пак, се амнестирани токму со автентичното толкување на Законот за амнестија (од 2011 година) за кое,  според  снимките што ги објави Заев,  Груевски, наводно, давал инструкции тоа да се направи во Собранието:

„Веднаш, и да сме на раат после цел мандат…“

„До кај понеделник, најкасно вторник другата недела да се заврши приказната. Гласање-масање…“

Сосема е јасно дека овие важни моменти  намерно се премолчани, со што прилогот се става во заштита на премиерот и на партијата на власт. А, потоа, со извртување на тезите и со манипулирање, топката се префрла во дворот на опозицијата, која се напаѓа дека е подбуцнувачка и поткрева тензии во државата.

 

ИЗВРТУВАЊЕ НА НЕШТАТА

Написот продолжува во истиот  дух и притоа се надоврзува со критики до Заев дека ги „саботира односите со пријателските земји“, во конкретниот случај – Израел. За таа цел се користи настапот на премиерот од собирот во Тетово, како и мислењето на еден аналичичар, кој е често присутен на националната телевизија, со изјави во кои ја брани владејачката партија, а ја напаѓа опозицијата. Неговото мислење, пак, се издигнува на ниво на доминантен став на експертската јавност. Што е, едноставно, претенциозно.

И, во ситуација кога нештата се поставуваат наопаку, не се ни споменува дека „саботирањето“, всушност, се состои во објавата на 15. политичка бомба (1 април 2015 година), која, според  Заев, укажува  дека:

„директорот на УБК,  земал провизија од половина милион евра за набавка на опрема за прислушување од израелска фирма.“

Но, од друга страна, несомнено било многу важно, во финишот на текстот да се потсети Заев дека „МВР работи на изготвување кривична пријава за оддавање државна тајна и дека за ваквото дело во Законот е пропишана затворска казна и до 10 години“.

Ваквата порака упатена до лидерот на СДСМ, дополнително го засилува впечатокот дека на јавноста ѝ е понуден пристрасен, наменски скроен  материјал кој нема намера да информира, туку е ставен во функција на политичка пресметка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести