verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лажно информирање за лажно пријавување

on 11 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ZAEV-GRAGANI-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Заев против граѓаните – ги потцени и навреди!]

 

Ова е текст кој, да не е насловот, би бил коректен. Се работи за прераскажан и за парафразиран текст преземен од „А1 он“ (без линк, само е наведен изворот) во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека има можност да ги тужи граѓаните кои потпишуват петиција со која бараат државата да го прогласи за велепредавник. Проблемот кој сака да го истакне текстот, а што е, всушност, спин, е тоа што се тврди дека наводно Заев им се заканил на граѓаните. Со тоа написот сака да го омаловажи претседателот на СДСМ, што е и единствената цел на ова четиво.

ZAEV GRAGANIЛинк до оригиналниот напис: Заев против граѓаните- ги потцени и навреди!

Датум и време на објавување: 07.04. 2015, 14:32

Датум на рецензирање: 09.04.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ

Текстот, инаку, во најголем дел е пренесен од „А1он“, каде Заев има своја изјава околу случувањето со собирање потписи за негово затворање. И тука, а и во текстот на „А1 он“ се вели дека постои можност да ги тужи граѓаните за лажно пријавување. Притоа, тој не се заканува, ниту навредува, туку само изнесува можност која е дадена во Законот, а е во интерес на граѓаните да не подлегнуваат на провокации затоа што прават кривично дело. Од кога тоа предупредување за кривично дело станува закана?

Според член 366 став 1 од Кривичниот законик:

Тој што ќе пријави друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, а знае дека не е сторител, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Со тоа паѓа во вода тезата на текстот дека Заев ги заплашува граѓаните. Тој само им укажува на кривичното дело што го прават.

Ова е уште еден текст од низата кои имаат цел да се омаловажи лидерот на опозицијата. И постојано тоа се прави непрофесионално, со слабости, со спинови. Тоа само покажува дека намерата не е професионално да се известува, туку во пропагандни цели.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести