verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензии: Груевски: Македонија била таргет на снимање разговори на странска разузнавачка служба

на 3. 03. 2015 | |
  На денот кога опозицијата преку настап на Зоран Заев ја објави т.н. „четврта бомба“, премиерот излезе со свој соло-настап пред новинарите и тоа само еден час по завршување на првоспоменатата прес-конференција. Тоа беше негово прво излегување пред јавноста по 31 јануари, кога објави дека некој сакал да направи „пуч“ во земјата и природно дека новинарите имаа многу прашања, по драматични повеќе од три недели, и за него, првиот човек на Владата, ама и за државата во која сите живееме. Сепак, иако за организаторот на прес-конференцијата во Владата имаше многу прашања, гледачот, оној кој ги следеше ТВ-вестите, требаше да врти доста канали и да изгледа доста информативни емисии за да дознае за само дел од нив. Изборот на прашањата кои

Рецензии: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска

на 25. 02. 2015 | | sq
  Употребата на анонимни „дојави“ останува класика за тоа како овде се набљудуваат релациите меѓу двете најголеми партии. Дури и во атмосфера на максимална политичка борба, кога барем едната страна не е заинтересирана да остане анонимна. Проблемот на овој начин на приоѓање на анализите е што дури и кога некои навистина информирани извори даваат податоци за новинарот (новинарката), ние веќе стануваме скептични. Впрочем, таквото информирање може да е инцидентно, а не да станува атрибут на „брендот“ во новинарството.
Во текстот е проблематичен насловот кој не ја одразува суштината на одговорите, но затоа ја спинува јавноста. Линкуван наслов на анализираниот напис: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска Датум и време на објавување: 19.02.2015, 17:26 Датум на

Рецензија: Што значат засуканите ракави и погледот во камерата

на 19. 02. 2015 | |
  Анализата на говорот на телото не е нешто што не е предмет на користење во многу анализи. Таа е метод кој е инструмент на комуниколозите, на маркетинг-агенциите… иако, ако ги користите во некој медиум и тоа згора во контекст на последните настапи на двајца најспоменувани политичари во земјава, морате да имате силен мотив и оправдување. Особено, кога тие политичари немаат свои говори на тела, како извор на сознанија, туку излегуваат со свои аргументи кои се користат во последните месеци како дел од силна политичка борба која длабоко го потресува општеството. Проблематично во текстот е што написот се јавува токму како замена на аргументи на едната страна во таа борба против другата страна! И, секако, она што е најважно, анонимноста

МТВ со однапред подготвени прилози го прескокна „баксуз денот“

на 16. 02. 2015 | |
„Некои ја продале државата за пари“, се вели во најавата на трибина на режирано и непознато здружение за еднократна употреба во 5. минута на централниот дневник на МТВ. Фото: видеоклип скриншот  

Ако за дел од македонските медиуми два настани беа централни во земјата во петокот, на 13 февруари – масовниот протест на хонорарците и третиот ден од протестите на УКИМ, за Македонската телевизија целиот централен дневник мина во однапред

Чуварот на замокот и кафезот во дијаспората

на 13. 02. 2015 | |
МРТ сат – Првиот сателитски канал го презема ТВ-дневникот на МРТВ. Неинформирани и изманипулирани странски претставници ја шират владината пропаганда и во земјата и меѓу нашите иселеници во странство. Фото: видеоклип скриншот  

Власта со големо внимание ги држи уздите на информирањето кон нашите сонародници во странство. Ги контролира вестите кон дијаспората и од неа кон нас и тоа помоќно од времето кога за тоа беше доволна една радиоемисија во

Рецензија: Откако малата Тамара почина, социјалните мрежи бараат оставка од Тодоров

на 13. 02. 2015 | | sq
  Ако се изземе прес-конференцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вест на денот во понеделникот, на 9 февруари, секако, беше смртта на Тамара Димовска од Велес, девојчето што боледуваше од сколиоза и кое почина, чекајќи ја седмата операција. Тешко е да се рече кој ја даде првата вест откако девојчето имало контактот со првото медицинско лице (а тоа било во 6 часот наутро), но реакцијата на јавноста беше брза и жестока, пред сѐ, во насока на барање одговорност – таа мала насмеана и секогаш ведра појава практично умираше пред очите на сите нас, нејзината смрт беше најавена, ама имаме катастрофално потфрлање на институции и на поединци на функција. Порталот држeше добар контакт токму со социјалните мрежи и, секако, придонесе

Рецензии: Русија кажа дека нема да дозволи повторување на украинско сценарио

на 9. 02. 2015 | |
  Во многуте анализи што се појавија во медиумите во врска со аферата „Пуч“, најмалубројни се оние поврзани со реакциите на меѓународната јавност. Особено со реакцијата што дојде од руското МНР, кое ги изненади сите, бидејќи, од овој извор првпат имаме каква било реакција на состојби во Македонија. Овој текст тоа го „исправа“, ама на начин кој е повеќе од проблематичен – се влечат паралели со ситуации кои никако не држат. Едната е со ситуацијата со Украина, каде власта била сменета нелегитимно, па белки од Москва и тука виделе таков обид! Втората паралела е со потпишувањето на Рамковниот договор каде паралелата е уште почудна, што се признава од текстопишувачите, ама го оставаат како теза и таа добива право на граѓанство.

Експертите претпоставуваат, граѓаните „сметаат“, ама нигде ги нема

на 5. 02. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали]

  Дилемата што се отвори со т.н. афера „Пуч“ и со барањето на МВР до Јавното обвинителство да се отвори постапка против четири лица за насилна промена на власта, за дел од медиумите веднаш стана поле каде прелесно „ќе гине“ и презумцијата на невиност и каде ќе се „насочува“ Обвинителството во своето составување на евентуалното обвинение. Ова е секако – првин – притисок од страна на медиум врз независноста на правосудството и тоа не со конкретни сознанија, туку со претпоставки кои без ниту еден доказ стануваат на крајот – вистина! Линк до оригиналниот напис: Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали Датум и време на објавување: 02.02.2015,

Рецензии: За порталите на СОРОС симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да бидат родители

на 3. 02. 2015 | | sq
  Речиси еднонеделното бомбарадирање на читателите и на гледачите со изјави на родители со кои тие бараат прекин на штрајкот на СОНК од голем дел медиуми во земјава, имаше и свое „крешчендо“ со атак врз медиумите кои оправдано реагираа во спротивна насока – како родителите, макар и со партиски книшки на „вистинската партија“, можат да оспоруваат легитимно право на прекин на работа. Впрочем, некои медиуми на овој настан му пријдоа со потребната широчина и со изобилство на информации на сите засегнати страни, што во случајот со овој напис е далеку од поставена цел. Линк до оригиналниот напис: За порталите на СОРОС симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да бидат родители Датум и време на објавување: 27.01.2015 Датум на рецензирање: 31.01.2015 Рецензент:

Никогаш не велете му збогум на радиото

на 28. 01. 2015 | | sq
„Ајфон“ со најмодерна интерфејс-конзола и звучници во ретро-стил на старо радио и вистинско бакелитно старо музејско радио. Фото: „Ибеј“ (комерцијална понуда, лево) и Robneild, „Википедија“, 2007, (Bakelite Museum, Somerset, UK, десно)
 

Овој медиум се покажа најприлагодлив на технолошките промени во светот, иако неколкупати беше прежален. Најверен слушател е – човековата осаменост и примордијалната потреба некој глас да биде тука, до вас – од колевка до гроб

  Пишува: Љубомир

Претплатете се за најнови вести