verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензија: Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот

на 28. 01. 2015 | | sq
  Ако до изборите во Грција во неделата главно прашање за новинарските анализи беше колкава ќе биде победата на СИРИЗА, од денес, овој понеделник, главна тема е како оваа левичарска партија ќе ја консумира власта. Што да направи новинарската аналитика во сабота наутро, кога излегуваат викенд-изданијата? За овој текст е одлучено да се направи паралелизам кај клучните политички понуди за читателот, да се воочат разликите меѓу партиите и лидерите и тоа да не биде здодевно, туку да претставува можност за брзо осознавање на материјата, заедно со лесната прегледност.

Линк до оригиналниот напис: Светот внимава на парите, Македонија на ставовите за спорот Датум и време на објавување: 24.01.2015 Датум на рецензирање: 26.01.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Она во што сите се согласуваат

Рецензија: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија

на 23. 01. 2015 | | sq
  Уште еден од потезите кој придонесува во паѓањето на сите професионални стандарди во трката по гледачи. Овој прилог беше најавуван како сензација. И со квалитетот – технички, пред сѐ, откриваме  дека се одело во брзина на известувањето, отколку на подготовка на теренот. Небаре слетале вонземјани, па сега епохалното сознание за „ракоубиецот“ емитуван во првите вести, ги надминува сите други критериуми. Прилогот треба да се види од надлежните за следење на програмата и по повеќе основи заслужува да ја чуеме нивната реакција. Линк до оригиналниот напис: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија Датум и време на објавување: 22.01.2014, 16:35 Датум на рецензирање: 23/01.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Личи на краставица, но не е. Горчлива диња или Карела,

Рецензии: Во повеќе општини во Македонија во вторник нема да се штрајкува

на 21. 01. 2015 | | sq
  Спроти најавите на СОНК – мнозинскиот синдикат во областа на образованието, предучилишното воспитување и културата – дека од 20 јануари нивните членови нема да работат, односно ќе стапат во штрајк, многу наши медиуми објавија прилози во кои негираат дека ќе има прекин на наставата и се повикуваат родителите да ги испратат децата на настава. И ова е еден таков прилог, кој почна да се емитува во неделата доцна попладне, но и преку целиот следен ден. Сознанијата во овој текст се еднострани и се засноваат врз фактори кои не се релеватни, во крајна линија, за процесот на образованието, додека оние кои се најрелеватни по ова прашање никаде ги нема. Линк до оригиналниот напис: Во повеќе општини во Македонија во вторник

Рецензии: Катар најавува поинтензивни бизнис активности во Македонија

на 18. 01. 2015 | | sq, en
  Колку пати треба да се посети Катар од некој од нашите врвни политичари за да се добие некоја нивна инвестиција? И колку пати треба некој од нивните официјални лица да дојде во Скопје за да се развијат потенцијалните економски врски? Ова е логично прашање кога и деновиве се читаат извештаите од Катар, во кои стои дека шефот на македонската држава, Иванов, заминал во оваа земја на Заливот. Јасно е дека како голем љубител на спортот, отишол да навива за македонската ракометна репрезентација. Не е јасно што е со онаа другата цел, која добива апсолутен приоритет во новинарските јавувања – развојот на меѓусебните економски односи. Со оглед на големиот интензитет на посети на нашите политичари во оваа земја, од еден

Рецензии: Македонската влада во 92-ра прифатила решение согласно грчките критериуми ?

на 15. 01. 2015 | |
  Еден од посензационалните наслови кои се појавија во нашите медиуми е и овој, кој сугерира дека македонската влада во 1992 година прифатила решение за името според критериумите кои ѝ одговарале на Атина. Прилогот, кој се заснова на интервју на дописникот на агенцијата од Атина, има проблем во просејувањето на битното од небитното (насловот не е извлечен од она што е повод за интервјуто – имено што може да се очекува од идната влада на СИРИЗА), но и во дефинирањето на „вината“ – кога се случил тој „пропуст“, кога за името меѓу нас и Грците теоретски можеле да одлучуваат две различни влади! Имено, се работи за процес кој почнал на некој датум и некаде и завршил – морало да се

Рецензии: Греењето изминатата годинава беше проблем за училиштата

на 9. 01. 2015 | | sq
  Кризата што ја зафати земјава пред и за време на новогодишните празници поради неспремност на неколку фактори да одговорат и на не толку големиот предизвик во форма на прв снег и голомразица, неминовно стана вест број еден во нашите медиуми. Кај дел од македонските медиуми вината се префрли на оние фактори каде раководни луѓе се претставници од коалициониот партнер во власта – ДУИ. Забележливо беше дека еден од оние кои посебно беа на удар беше и кичевскиот градоначалник, кому овде му е стокмен прилог кој го напаѓа за судените училници. Дали истиот има смисла со оглед на датумот кога е објавен и со оглед на фактот што проблемите со греењето на училиштата се застапени практично во целата земја? Линк

ТВ-дневник: Светот невидлив од паричките во божикните погачи на македонската елита

на 8. 01. 2015 | |
Вељаноски и Иванов: Кај кого се падна паричката – поважно од масакрот во Париз. Фото: Видеоклип скриншот, обработка СПФМ
 

[Анализа на ТВ-дневник на Македонската телевизија – 7 јануари 2015 година, во 17 часот]

  Скандалозен е односот на овој ТВ-дневник во однос на настанот што го потресе светот – убиството на француските новинари. Во светот и во регионот се прекинуваа други емисии и вести, се правеа дебати, а МТВ,

Рецензија: На Балканот дипломи се купуваат со крави, овци, ориз, дрва

на 3. 01. 2015 | |
  Обид написите во некои германски весници да се претворат во „надворешна поддршка“ на војната што премиерот ја води со академската заедница, со студентите и со професорите. Во основа, се работи за трик на изместена перспектива, да не речеме – географија, за проблеми (афери) во две соседни земји да се генерализираат на целиот регион, како да се работи за грип кој неминовно „се шири“. Во текстот е најспорно и прашањето на авторството. Да расчистиме за што се работи.
Линк до оригиналниот напис: На Балканот дипломи се купуваат со крави, овци, ориз, дрва Датум и време на објавување: 28.12.2014, 21:06 Датум на рецензирање: 02.01.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Факултетските дипломи се масовна стока на Балканот а во Албанија некои студнти си ги

Рецензии: Проектот „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет

на 31. 12. 2014 | |
  Еден од најтаинствените проекти на актуелната власт, „Купи куќа, купи стан“, постојано го влече со себе парадоксот „да не ги открива нозете“, иако постојано е во центарот на вниманието. И сега, кога пред Нова година се организираа јавни манифестации по повод оваа акција, некои и во големите трговски центри, нам сè уште не ни е јасно – успеа ли оваа акција во остварувањето на својата цел и кога ќе ги дознаеме сите релевантни бројки? Линк до оригиналниот напис: Проектот „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет Датум и време на објавување: 24.12.2014, 16:02 Датум на рецензирање: 29.12.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „„Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет и интерес врз основа на саемите што ги направивме. Само во декември

Рецензија: 2014 година успешна за рударството

на 30. 12. 2014 | |
  Дефиницијата на успехот не мора да е филозофско прашање. Тоа најдобро го знаат економистите, кои, за да го дефинираат, се потпираат на „здрави аргументи“. Тоа се, пред сè, бројките. Во случајот имаме обид да се најде предновогодишпна стопанска пофалница, која треба да нè вклопи во општиот амбиент на самореклами, кои владината екипа се обидува да ги шири околу себе. Оваа агенциска вест од рударскиот сектор е, веројатно, и затоа масовно преземана, ама во неа се избришани темните настани, кои ги имаше и тоа токму во овој сегмент на економијата, а како поддршка на тезата не се нудат некои недвосмислени бројки. Линк до оригиналниот напис: 2014 година успешна за рударството Датум и време на објавување: 22.12.2014, 18:10 Датум на рецензирање:

Претплатете се за најнови вести