verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Експертите претпоставуваат, граѓаните „сметаат“, ама нигде ги нема

on 5 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ekspertite gragjanite grcija 0987-0980-crop-resize

 

[Рецензија: Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали]

 

Дилемата што се отвори со т.н. афера „Пуч“ и со барањето на МВР до Јавното обвинителство да се отвори постапка против четири лица за насилна промена на власта, за дел од медиумите веднаш стана поле каде прелесно „ќе гине“ и презумцијата на невиност и каде ќе се „насочува“ Обвинителството во своето составување на евентуалното обвинение. Ова е секако – првин – притисок од страна на медиум врз независноста на правосудството и тоа не со конкретни сознанија, туку со претпоставки кои без ниту еден доказ стануваат на крајот – вистина!

ekspertite gragjanite grcija 0987-0980Линк до оригиналниот напис: Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали

Датум и време на објавување: 02.02.2015, 16:39

Датум на рецензирање: 03.02.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Кои странски служби би имале интерес да му достават на лидерот на македонската опозиција Зоран Заев, материјали од снимени телефонски разговори на македонското државно раководство, но и на голем број граѓани на Македонија? Експертите во земјава, најголемиот сомнеж го ставаат на нашиот јужен сосед. Според нив, токму Грција е земјата која има најголем интерес да го направи тоа.“

Она што вистинска новинарска сторија во овие околности треба да направи, во овој миг, ако ја отвора темата, е првин да одговори дали во оваа афера има странска служба? Имено, од излагањето на министерката за внатрешни работи, која е потписник на кривичната пријава(!), излегува дека се работи за „класифицирани документи во форма на електронски записи; кај првоосомничениот се документи кои се со класифицирана содржина, но и со податоци за следење на комуникации на незаконски начин, станува збор за нелегално прибавување на информации, бидејќи на ниту еден легален начин не можел и не смеел да ги поседува“.

Ова значи – во превод – дека документите се одземени од МВР (види подетално тука). Авторот не одговара на таа дилема – дали странската служба ги зела документите од МВР, па ги предала на Зоран Заев, лидерот на опозицијата, или, пак, странската служба си имала свои документи од следење на разговорите во земјава(!), па му ги предала на Заев.

Место тоа, надминување на првата нелогичност и дилема, текстот се фрла на шпекулации за тоа која земја имала интерес да прави неуставно менување на раководството? Се премостува она „дали“ и „како“ и веднаш се оди на она „зошто“, да се држиме до новинарските правила. Колку е релевантен заклучокот, во текст со таков приод, секако не треба да се објаснува!

Инаку, во сторијата се вовлечени Александар Пандов, кој за потребите на кампањата наеднаш стана аналитичар(!), белки за да ја зајакне приказната, иако тој е само актуелен пратеник на владејачката партија, кој, се разбира, нема што да анализира, туку си го следи шефот, кој веќе го кажа своето. Тоа е погрешно претставување, нов фаул во целото отворање на ова прашање. Инаку, Пандов има аргумент, а тој се вика „огромен сомнеж“, бидејќи Грција имала политички интерес за правење ваква афера. Тој, воедно, како „аналитичар“, се занимава со зголемување на посетите на Заев на Грција (15 – 20 пати!), иако „неговиот“ извор, „Курир“, беше далеку поскромен (тука стои само девет пати, на пример). Ова, секако, говори за релевантноста на изворот на „стравувањето“, а не е поддршка на релевантноста на сторијата.

Вториот извор на сознанија е професорот по меѓународно право и по човекови права, Александар Даштевски, кој е со сличен став. И тој „претпоставува дека најголем интерес од ова сепак има Грција“. Пак имаме претпоставка! А таа произлегува од фактот дека за вакви афери не биле заинтересирани големите сили. А, кој ги откри документите за Санадер, на пример, заради кои тој се најде во затвор – голема или мала сила и дали Хрватска е голема земја…. Да не навлегуваме одново во релевантноста на повиканиот за „погодување“ на земјата која би имала интерес.

И, конечно, третиот „аналитичар“ е Драган Павловиќ-Латас. За неговото излагање свој суд даде и Здружението на новинарите, а тука се користи извадок од тој настап на МТВ. И тој гледа во „стаклена кугла“ и вели дека се работи за Грција или Турција.

Толку за аргументите на авторот. Тој не споменува дека во аферата „Шпион“, која почна пред година и половина и која нема првостепена пресуда (пресудата е прочитана, ама не е врачена на актерите и по неколку месеци!), обвинети беа исто така две држави, како соучеснички, во шпионирањето – Грција и Унгарија. Никој ништо не покрена против Грција (за такви работи имаме протерување на службеници, прекин на дипломатски односи и слично, нели), а на унгарскиот премиер Орбан нашиот премиер му врачи орден, иако аферата беше претходно актуелна! Му честитал за шпионирањето? Ова е само доказ дека текстот многу работи пумпал, а доста релевантни работи редуцирал.

Повеќе од проблематичен е и насловот, кој говори „граѓаните мислат“, а нив, пак, ги нема никаде. Не дека не би можеле да се најдат такви кои би ја потврдиле „каузата“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

Нема извори, има претпоставки

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Нема ниту еден аргумент за вистина

извртување на вистина (спин)

Претпоставките се прикажуваат како факти

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести