verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Рецензиja: Протест против плаќањето на придонеси за хонорарците

на 24. 12. 2014 | | sq
  По утрото, денот, нели, се познава. Така е и со одгласот на секако најзначајниот настан во Македонија во понеделникот, на 22 декември, во најголем дел од нашите медиуми, електронски и печатени. Ако нешто се премолчува, секако го оддава и односот кон тој настан пост фестум. Значи, протестот на хонорарците, настан за кој станува збор, не мина „славно“ и во известувањето од него потоа! Во некои медиуми не осамна најава за она што значеше трето масовно излeгување во последните 40-тина денови на народот на улица и што, без сомнеж, беше своевиден „политички земјотрес“. Одгласот од протестот следниот ден, барем според овој текст, беше, како што очекувавме, под дозволените стандарди. Линк до оригиналниот напис: Протест против плаќањето на придонеси за хонорарците

Рецензиja: Урбанистички хаос во општините, гласачки хаос во советите?!

на 22. 12. 2014 | | sq
  Новиот Закон за урбанистичко планирање ја отвора можноста деталните урбанистички планови во иднина да се донесуваат само со една третина од советничките гласови во општините. Ова е содржано во членот 39 од измената на овој Закон, кој ги разбранува страстите не само во Собранието, туку и во општините за кои и се однесува оваа одлука. Ова е тема на која во овој текст ѝ се посветува достојно внимание, само што постои крајна неизбалансираност во односот „про или контра“, па читателот може да добие впечаток дека навистина „малцинстото ќе внесе ред во хаосот кој настанал во општините“. Линк до оригиналниот напис: Урбанистички хаос во општините, гласачки хаос во советите Датум и време на објавување: 18.12.2014 Датум на рецензирање: 20.12.2014 Рецензент:

Рецензии: Блазе си му на Путин со ваква моќ!

на 18. 12. 2014 | | sq
  Станува збор за пренесена фото-вест од воените вежби на руската војска во Калининград, најзападната точка на Руската Федерација. Користена е информација која била достапна на „Ројтерс“ и која содржи вообичаени податоци за бројот на учесниците и за средствата (оружјата) кои биле дел од демонстрацијата на воената моќ и на ефикасноста на армијата. Притоа, редакцијата си ставила наслов каков не би се осмелил да стави ниту некој „патриотски“ весник во земјата каде се изведува вежбата. Линк до оригиналниот напис: Блазе си му на Путин со ваква моќ! Датум и време на објавување: 16.12.2014, 11:58 Датум на рецензирање: 17.12.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Рускиот претседател Владимир Путин наредил кон почетокот на месецов да се одржи вонредна воена вежба на западот од земјата.

ТВ Дневник: Студентите во стаклен ѕвонец

на 15. 12. 2014 | |
Умберто Паскали: Наводен аналитичар кој е секогаш на малите екрани кога политиката на власта е во криза. Фото: Видео клип скриншот  

[Анализа на неделен дневник на ТВ „Алфа“ 14.12.2014]

Македонските студенти се присутни и на почетокот на вестите и при крајот, ама ниту со ставови, ниту со акции, туку се дел од невидливиот непријател кој треба да се изолира и против него да се испроба една пропагандна машинерија.

 

Убиство со мобилка

на 9. 12. 2014 | |
 

Интернетот дава нови можности за притискање до ѕид на индивидуата чии интимности се следат поуспешно и од Орвелово „време“. Некаде тоа завршува со самоубиство, како неодамна во Марибор, или до најниска дисквалификација како во Подгорица. Притоа, сега е уште помалку важно отколку порано дали некоја содржина за дисквалификација е монтирана (измислена) или не. Но, затоа е многу поважно од порано утврдувањето на јавниот интерес и тоа што е навистина

Рецензии: Нови примери кои раководството на СДСМ го прават фашистичко

на 9. 12. 2014 | | sq
  Текстот што е предмет на оваа рецензија, на денот на објавувањето беше предмет на масовно преземање од други медиуми, вклучително и агенции, па секако предизвикува внимание. Истиот, по формат, содржината и по структура може, евентуално, да одговара на нешто што би го нарекле новинарски или уреднички коментар, со оглед дека е и непотпишан и покрај сериозната должина, но никако не одговара во однос на неговото поставување среде текстовите кои се однесуваат на класични вести. Тоа е, секако, само првична забелешка за присуството на една текстуална појава на веб-страницата, а која поставува амбициозни задачи пред пишувачот за да се оправда најпрвин памфлетистичкиот наслов, кој нема во себе само статистички претпоставки („нови примери“), туку и идеолошко-теоретски (фашизмот на левицата!). Линк до

Рецензиja: Ја критикува државата ама имотот не го одбива

на 5. 12. 2014 | | sq
  Дали враќањето на имотот преку денационализација е дел од процес што треба да се заслужи со нешто посебно или е тоа само надомест за нешто што е одземено многу порано, еден вид „порамнување на сметките“? Ова прашање се поставува откако ќе се прочита написот во весникот со карактеристичен наслов – „Ја критикува државата ама имотот не го одбива“. Повод е завршувањето на процесот на денационализација за имот на ИВЗ – вратени се дуќани и 20.000 квадратни метри градежно земјиште. Линк до оригиналниот напис: Ја критикува државата ама имотот не го одбива Датум и време на објавување: 25.11.2014 Датум на рецензирање: 02.12.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „На почетокот на годината Валентина Божиновска (директорка на Комисијата за односи со верските

Рецензии: Естрадните криминалци гласале за двајца пејачи

на 27. 11. 2014 | | sq
  Иако естрадата обично е извор на забавни вести или такви кои нè оддалечуваат од сивото секојдневие, годинешниот „Скопски фестивал“, воедно и база за избор на наш учесник на „Евровизија“, стана предмет на скандал бидејќи во изборот мораше да се вмеша и полицијата и тоа во доста широко поставен состав. Поради сомневање во местење на резултатите преку телефонското гласање, имаше приведувања, истраги и слично. Линк до оригиналниот напис: Естрадните криминалци гласале за двајца пејачи Датум и време на објавување: 20.11.2014 – 15:33 Датум на рецензирање: 26.11.2014 Рецензент: Љубомир Костовски
„Според неофицијални извори од истрагата, дознаваме дека од сите 2.500 картички се гласало само за двајца пејачи, и тоа еден машки и еден женски изведувач, кои на сцената застанаа кон крајот

ТВ-ДНЕВНИК: Премиерот и баба Ванѓа

на 24. 11. 2014 | | sq
 

[Рецензија на ТВ-дневникот на ТВ „Сител“ 22.11.2014]

Саботниот ТВ-дневник кај најгледаниот концесионер на национална фрекфенција на 22 ноември беше карактеристичен, пред сè, по гостувањето на премиерот, по присуството на теми од религијата и од надземното, по парцијална обработка на теми „зададени“ со претходната прес-конференција во Владата на РМ и од нејзиниот портпарол.

  Пишува: Љубомир Костовски   Првиот ден за викенд во програмскиот сет на оваа национална телевизија е

Рецензии: Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со името

на 24. 11. 2014 | |
  Деновиве, на речиси сите културни страници во македонските медиуми беше „закачена“ веста на МИА дека грчки претставници ја спречиле Новата европска театaрска акција – НЕТА да стане членка на Унијата на театри од Европа (УТЕ). МИА се повикува на „јавија денеска грчките медиуми“. Изворот не е посочен, барем еден од тие медиуми! Само овде има обид да се провери веста таму каде што треба – кај најпосочуваната цел, кај некогашниот министер за култура, а сега „само“ режисер и продуцент Благоја Стефановски. И се доби класичен демант по сите основи! Линк до оригиналниот напис: Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со името Датум и време на објавување: 19.11.2014 13:16 Датум на рецензирање: 21.11.2014 Рецензент: Љубомир Костовски

Претплатете се за најнови вести