verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензии: Груевски: Македонија била таргет на снимање разговори на странска разузнавачка служба

on 3 - 03 - 2015       

Pres_Gruevski_09876-098-crop-resize

 

На денот кога опозицијата преку настап на Зоран Заев ја објави т.н. „четврта бомба“, премиерот излезе со свој соло-настап пред новинарите и тоа само еден час по завршување на првоспоменатата прес-конференција. Тоа беше негово прво излегување пред јавноста по 31 јануари, кога објави дека некој сакал да направи „пуч“ во земјата и природно дека новинарите имаа многу прашања, по драматични повеќе од три недели, и за него, првиот човек на Владата, ама и за државата во која сите живееме. Сепак, иако за организаторот на прес-конференцијата во Владата имаше многу прашања, гледачот, оној кој ги следеше ТВ-вестите, требаше да врти доста канали и да изгледа доста информативни емисии за да дознае за само дел од нив. Изборот на прашањата кои се споменуваа во извештаите многу се разликуваше од студио до студио, а повеќе од две прашања на новинарите објавија само неколку независни телевизии.

Pres_Gruevski_09876-098Линкуван наслов на анализираниот напис: Груевски: Македонија била таргет на снимање разговори на странска разузнавачка служба

Датум и време на објавување: 25.02.2015, 17:38

Датум на рецензирање: 26.02.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Одговарајќки на новинарски прашања Груевски рече дека не прифаќа, како што до сега не прифатил техничка влада, дека нема да има парламентарни избори и оти дијалог со опозицијата е можен и треба да се реализира во Собранието на Македонија. За објавената бројка од 26 односно 20 илјади снимени телефонски разговори тој рече дека МВР и тој немаат такви информации и оти според нив се прислушкувани главно политичари и јавни личности.“

Овој медиум од прес-конференцијата на Груевски објави три речиси сосема различни прилози. Овој што го посочуваме беше емитуван прв, во првите попладневни вести. Потоа објави втор прилог, во 20.27 минути, кој во содржинска смисла нема никаков вовед и во него гледачот не може да препознае за кој настан се работи, ниту што е повод за текстот, туку се оди – што би рекле Србите – „с неба у ребра“ – веднаш на одговорот на прашањето кое веќе го имаше во првиот прилог. Не се кажува дека прилогот е ново (авторско или какво видување?) и дека е втор сегмент од прес-конференцијата на Груевски. Потоа следува одговор на две прашања кои не се присутни како такви, туку само одговорите, што значи „кроење“ на прес-конференцијата низ извештајот (да не заборавиме дека се работи за средба на премиерот со новинарите, каде двете страни се рамноправни), бидејќи, такви какви што се, би биле неприфатливи за уредниците на оваа телевизија и би сокривале непријатни сознанија за третманот на актуелните владини политики во јавноста!

Ова е, секако, од аспект на елементарните познавања на новинарскиот бон-тон, неприфатлив „шнајдерај“ и заради една баналност – тешко е да се разликува во текстот односно во видеоприлогот дека некој сегмент е одговор на премиерот или е само дел од неговото излагање, а уште потешко, односно невозможно, да се види дали премиерот воопшто одговорил на прашањата како што му биле поставени. Во прилогот за кој говориме (вториот), имаме одговор за меѓународната изолација на земјата, односно за тоа како институциите си ја вршат својата работа.

Во стварноста прашањето за функционирањето на институциите беше сосема поинаку поставено – зошто одговорните кои дозволиле така масовно и сеопфатно прислушкување сè уште се на функциите, при што се споменати министерката за внатрешни и првиот човек на УДБ! Се работи, рече новинарот, за напад врз приватноста на новинарите, а прашањето го постави првиот човек на ЗНМ. Ова, секако, јасно говори кон какви сè стилизирања пристапила оваа телевизија.

И, конечно, тука е и третиот извештајот од споменатата прес-конференција (емитуван во 19.35), одново без вовед и објаснување (без пролог), во кој е посочена само една тема – неговиот (премиеровиот) „дијалог“ со Заев, без да се каже општиот амбиент и да се споменат прашањата на новинарите. Како да говори свикувачот на прес-конференцијата во својот кабинет (видовме, таму и има камери), а не пред дузина новинари.

Само како илустрација, треба да се спомене дека на неколку непријатни прашања, според неговите логика и расудување, Груевски не одговори (во стилот „сè што имав кажав во настапот!“), а на прашањето зошто за сегментите кои говорат за наодите на МВР и на обвинителството не дојдат да говорат оние кои дошле до тие сознанија од овие две институции, премиерот сосема непримерно, во некаков маалски стил, одговори „Зошто така јас одлучив“!

На крајот, може да се констатира дека и покрај трите ТВ-прилози, релативно независни и неврзани на тема – премиеровата прес-конференција, не добивме ниту појаснување за потребата од поделеност на говорот (да го има што повеќе, белки и да го покрива ефектот од прес-конференцијата на Заев?), а од прашањата на новинарите не добивме речиси ништо, па и тоа што го имаше, беше непростлив „стајлинг“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

се работи за прес од кој се изоставени поголем дел од прашања на новинарите

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

има стилизирани, креирани информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести