verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ТВ-новинари се исплашија од камера?

on 3 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ALFA-TV1-098876-098-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ ги снима новинарите]

 

Нејасна информација која не одговара на прашањето зошто е ова е важно? Уште повеќе изненадува фактот што ТВ-камера насочена кон лица кои се вработени во телевизија предивикува вознемиреност.

 ALFA TVНаслов на анализираниот напис: СДСМ ги снима новинарите

Датум и време на објавување: 15.2.2015

Датум на рецензирање: 19.2.2015

Рецензент: Александар Пешев

Па што? Ова е клучно прашање кое треба да се постави пред која било објава, бидејки основна функција на новинарството е да понуди информации што се од јавен интерес, поточно вести кои би биле корисни за аудиториумот. Во случајов, имаме новинари кои се жалат дека биле снимани. Зошто е тоа релевантно за публиката, не се знае.

 

БОРБА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ

Снимањето прес-конференции од организаторите не е новост. Поголемите политички партии, покрај телевизиите, ги снимаат своите прес-конференции за потоа на редакциите да им понудат линк или готов видеоматеријал, кој им ја зголемува шансата за објавување, особено ако медиумот немал можност или првичен интерес за снимање на настапот.

 

КОНТРАПЛАН

На секој ТВ-новинар му е јасен концептот на контраплан: снимка од спротивен агол, која се користи при монтажа за да се покрие сечењето на изјавата и да се избегне таканаречен „валкан рез“ – скок во кадар сниман од ист агол. Останува нејасно зошто за колегите од телевизијата која го објавува прилогот ова е нејасен концепт. Можеби актуелната политичка ситуација потпалува параноја, можеби нема симпатии кон домаќинот што ја организира прес-конференцијата. Во секој случај, имаме објава која наликува на лов на вештерки, кога авторот од мравка прави слон. Не се знае дали текстот се базира на факти. Се создава сомнеж за политичка наклонетост, особено ако се има предвид дека од сите партии што ги снимаат своите прес-конференции, токму на конференцијата за медиуми на СДСМ настанала конфронтација за која се објавува текст. Сомнежот за новинарски спин се создава со фактот дека објавата доаѓа во моментот кога е актуелна афера за прислушување. Факти нема – тврдењата се на „жими мајка“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести