verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Љубомир Костовски

Текст во транс отвори војна со новинарските стандарди

на 6. 04. 2015 | | en
 

[Рецензија: Чарлс Гарет отвори војна со половина милион гласачи на ВМРО-ДПМНЕ]

  Деновиве бевме сведоци како во еден текст објавен во дневниот печат, два, можеби клучни, во секој случај непознати факти за просечниот читател за разбирање на кризата кај нас, по објавување на „бомбите на Заев“, се заплеткуваат во дидактичкиот стил на авторите, кои, место да ги осветлат новините – како класичен новинарски рефлекс – се обидуваат со тие

Кој и зошто ѝ се нафрли на „Ал Џазира Балканс“ во Македонија?

на 5. 04. 2015 | |
Горан Милиќ со екипата на „Ал Џазира Балканс“ во студиото во Сараево – еве овие новинари во слободно време спроведуваат Шеријатско право. Сигурно. Фото: Ал Џазира Балканс, 2011  

За балканските недемократски лидери, навикнати на многу начини да ги контролираат домашните медиуми, регионалните телевизии се непријатен сведок на нивната валкана прагма на владеењето

  пишува: Љубомир Костовски   Оние телевизиски манијаци кои постојано ја бараат вистинската содржина за таа вечер

Цела Македонија да гласа за ГТЦ? Како што цела Македонија гласаше за „Скопје 2014“?

на 29. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Цела Македонија плаќала за ГТЦ, само Центар ќе одлучува]

  Во написот што е предмет на рецензија, испоровоциран од идејата на градоначалникот на Центар за спроведување референдум околу изгледот на ГТЦ, не се гледа кој е изворот на информациите за тоа како се собирале средства за ГТЦ и кои се тие субјекти што го изградиле. Постои ли некаков напис од тоа време, документи или слично? Или некој кажал нешто. Ама кој? Можеби е тоа запишано на некоја плоча, која е составен дел од објектот? Вториот проблем со овој текст е што постои јасен обид уште во насловот во име на „сопствениците“ (кои поголем дел веќе не постојат, се „фалименто“, ако се тие) да се продолжи со промената на

Куќата на братучедите на опозицискиот лидер претворена во врвен јавен интерес

на 29. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Како Заеви станаа сопственици на хациенда на Халкидики од три спрата за само 110 000 евра?]

  По објавувањето на телефонските разговори поврзани со плацеви на Водно што профитерски ќе се продаваат одпремиерот, како што беше објавено во „бомбата“ на опозиционерот Зоран Заев од 15 март, можеше да се очекува некаква медиска контраофанзива. Сега веќе ја знаеме и накусо таа гласи – Заеви купиле хациенда во Грција. Значи, минативе десетина денови речиси нема провладин медиум кој не го користи зборот хациенда, кој доаѓа од шпанското говорно подрачје и кој веројатно треба да асоцира на нешто големо. Идејата е, секако, да се изгради мост од тоа нешто големо кон „фактор два“ – ниска цена кој посочените, „фактор три“, во

Рецензија: „Дивата алтернатива“ се обиде да го прошверцува Стојанче Ангелов на Радио 103-ка!

на 23. 03. 2015 | | sq
„Дон Кихотот“ на македонската политика, полицискиот генерал Стојанче Ангелов, постојано е деновиве присутен со своите обиди да анимира интерес кај граѓаните за работата на Владата, Обвинителството, МРТВ… Поканата да гостува во една емисија во живо на „Канал 103“ предизвика скандал поради „проширувањето на ингеренциите“ на обезбедувањето на зградата, чиј претставник направи упад во програмата, што беше снимено без екипата таму тоа и да го посакува. Овој прилог покажува дека еден прилично голем текст не треба да ја содржи другата страна во целиот тој случај, а згора пласира тези кои се многу сериозни без да има каков било извор. Линкуван наслов на анализираниот напис: „Дивата алтернатива“ се обиде да го прошверцува Стојанче Ангелов на Радио 103-ка! Датум и време на објавување:

Прибирачите на докази ја убиваат потребата од фер и непристрасно судење

на 21. 03. 2015 | |
Доказни материјали во судска постапка или забава за народ. Фото: видеоклип скриншот – овде и овде  

Еден од начините на пресија врз правосудството или, пак, давање алиби на веќе подготвените судии да ѝ служат на извршната власт е – протекувањето докази од истражната постапка. Тие можат да истечат само од две места: од полицијата или од обвинителството

  Пишува: Љубомир Костовски   Една од темите кои се актуелни во

Овој напис покажува што е класично креирање

на 13. 03. 2015 | | sq

[Рецензија на написот „Нов скандал: Заев, Рилковски и Дума на тајна средба“]

Во рамките на актуелната и отворена пропагандна војна меѓу големите партии, која во најголем дел од медиумите наликува на „општа практика“, дури и нешто како утринска гимнастика или рутина, се издвојува и овој прилог каде се тврди дека опозиционерското водство имало тајна средба со членовите на ДИК. Не се кажува целата листа на учесници, местото на таа тајна

Рецензија: Јанкулоска фрапирана како некој се вработил во суд без партиска книшка

на 10. 03. 2015 | | sq
    Објавувањето на записите за прислушувањата кои се вршени врз граѓаните на Македонија, во најголем број од медиумите предизвика дебата околу формалните аспекти, а многу малку се оние стории кои се врзуваат за содржината на тој материјал и за – пораките. Провладините медиуми, главно, инсистираа на моментот „кој снимал“, додека оние другите, главно, површно ги раскажуваа сознанијата од т.н. „бомби“, кои, секоја за себе, има внатре многу предизвици за

Рецензија: Поранешниот известувач игнорира прашања на „Дневник“ за „Пуч“

на 6. 03. 2015 | | en
Фактот што еден од највлијателните европарламентарци, Ричард Ховит, се „осмелил“ да ја предупреди власта во Македонија да не помислува да го апси лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во некои кругови очигледно е земено за голем грев. Затоа, авторката на написот што е предмет на оваа рецензија, се обидувала од петни жили, како што таа вели, да стапи во контакт со овој британски политичар, чија адреса е, главно, бриселска. Обидот не бил успешен и покрај наводната упорност, што одново се товари на сметка на некомуникативноста на Ховит, чиј асистент, сепак, ѝ се јавил и, наводно, ѝ ветил одговор. Сè останало на тоа ветување. Линкуван наслов на анализираниот напис: Поранешниот известувач игнорира прашања на „Дневник“ за „Пуч“ Датум и време на објавување:

Рецензии: За ЗНМ не е проблем што се прислушкувале новинари, ако е за потребите на СДСМ

на 3. 03. 2015 | | sq
Потребата од заштитата на екслузивноста на нечија политика кај нас е толкава што може да се случи некоја вест место за настанот или за мотивот за известување, веднаш да почне да коментира и да не дознаете ама баш ништо за она што е предмет на текстот. Таков е и овој пример. Линкуван наслов на анализираниот напис: За ЗНМ не е проблем што се прислушкувале новинари, ако е за потребите на СДСМ Датум и време на објавување: 26.02.2015, 14:20 Датум на рецензирање: 01.93.2015 Рецензент: Љубомир Костовски „Кога е за потребите на СДСМ, за новинарското здружение на СОРОС и опозицијата нема проблем да се прислушуваат новинари. Претседателот на ЗНМ во оваа скандалозна изјава вели дека доколку новинарите не направиле криминал, нема потреба

Претплатете се за најнови вести