verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Јанкулоска фрапирана како некој се вработил во суд без партиска книшка

on 10 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

Jankulovska-vraboten-sud-09876-098-crop-resize

 

Објавувањето на записите за прислушувањата кои се вршени врз граѓаните на Македонија, во најголем број од медиумите предизвика дебата околу формалните аспекти, а многу малку се оние стории кои се врзуваат за содржината на тој материјал и за – пораките.

Провладините медиуми, главно, инсистираа на моментот „кој снимал“, додека оние другите, главно, површно ги раскажуваа сознанијата од т.н. „бомби“, кои, секоја за себе, има внатре многу предизвици за пишувачите и за аналитичарите. „ТВ Нова“ пренесува една таква извлечена сторија од подолг телефонски разговор меѓу министерката за внатешни работи и министерот за финансии, за маките кои ги имал вториов, со „пребеган кадар“ во правосудството.

Jankulovska-vraboten-sud-09876-098Линкуван наслов на анализираниот напис: Јанкулоска фрапирана како некој се вработил во суд без партиска книшка

Датум и време на објавување: 03-03-2015, 13:19

Датум на рецензирање: 08.03.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„У кабинет го имаме еден правник, добро типче од аспект на работа, ја врши работата, ама е од тие свилените знаеш. Ништо потешко, посложено или вака посензитивно, да не ризикува. И ОК, али ми требаше правник да ги гледа предметите од тој аспект и добро ја вршеше работата. Влага денеска, итно нешто да сме се виделе. Викам ај нека дојде. Шо? Министре јас да Ви кажам дека ме избраа во Апелационен суд. Леле кога ми се стемни! Му викам, искачај да не те гледам.“

Оваа сторија практично покажува дека бунарот на шокатни „детали“ за релациите по кои се одвива и пројавува власта треба допрва да се „црпи“ и дека тој е извор на нови, непознати и потресни, во основа, детали, во секој случај ја докажува автократската природа на власта.
Министерката Гордана Јанкулоска во објавениот текст, кој е поддржан од аудиоснимка, што е посебен квалилитет и која се задржува токму на овој сегмент од подолгиот разговор, како поддршка на присутниот дијалог со колегата Зоран Ставрески, обзнанува одново каква е и кој ја води кадровската политика во правосудството, кое, реално ја изгуби својата позиција уште со втората „бомба“ на Зоран Заев, лидерот на опозицијата. Ставрески во тој дијалог е возбуден бидејќи последен дознава дека негов близок соработник нашол нова работа во Апелационен суд, иако бил политички неутрален, односно не бил член на ВМРО-ДПМНЕ!.

Патем, тој не говори најдобро за својот подреден, иако признава дека без него практично не може „да мрдне“ во правните работи во Министерството, додека неговата соговорничка е шокирана како на посочениот му успеало да влезе во судот, толкувајќи го тоа како влијание (асоцијација) на оние кои го примиле со неговото актуелно место („мислам, он си фатил врски, најверојатно преку овие таму нашите, ама не е во ред“).

Овој прилог секако е за поздравување, бидејќи „ТВ Нова“ излегла од шемата на површно предавање на она што е резултат на макотрпна и опасна работа околу архивирање на прислушувањата и наоѓање нивен пат до – јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

Со оглед дека се работи за снимка од елефонски разговор и не може да има повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

Предава снимен материјал, со содржина која е дадена

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести