verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев е прочитан, сценариото разобличено- кривичните пријави имаат политичка цел

on 10 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Firefox_Screenshot_2015-03-08T22-20-37352Z-crop-resize

 

„Партиско соопштение“ – ете така, без каква било резерва, може да се нарече овој напис кој бесрамно, во стилот на кукавичко јајце, ни се подметнува како легитимен новинарски производ. Целиот текст, всушност, е само некаква си платформа за пласирање само една страна на приказната, нормално таа на власта.

Firefox_Screenshot_2015-03-08T22-20-37.352ZЛинк до оригиналниот напис: Заев е прочитан, сценариото разобличено- кривичните пријави имаат политичка цел

Датум и време на објавување: 05.03 2015, 15:57

Датум на рецензирање: 08.03.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРЕМИЕРОТ ЛИ Е, ЕКСПЕРТИ ЛИ СЕ?!

Аргументацијата за, можеби за некого, пресилната квалификација на почетокот, ја влечам од фактот дека тезата оти „сценариото е разобличено – кривичните пријави имаат политичка цел“, која е основниот лајтмотив во текстот, всушност, ја пласира премиерот и никој друг. Оттука, тоа што бомбастично ни се најавува како „разоткривање на опозицискиот план“ е само изјава на политичар, кој, нормално, ја претставува само својата страна од приказната. Значи, нема истражување, нема соговорници кои би го поткрепиле тврдењето, туку сè се темели врз настапот на премиерот. Ако ова не е „новинарско злодело“, тогаш навистина не знам што е.

На пример, во еден дел од четивото се вели дека „познавачите и експертите сметаат дека никако не може да се стави знак еднаквост меѓу двете страни кои добиваат кривични пријави“, за потоа веднаш да се увиди дека нема ама баш какви било познавачи или експерти. Ама, затоа се цитира изјава на премиерот, во која тој вели дека „она што е мој впечаток е дека господинот Заев се обидува практично да пушти што е можно повеќе кривични пријави за да испрати една порака до јавноста дека ние имаме кривични пријави, ама имаат и тие. И да стави некаков знак равенство дека сите имаме кривични пријави“. Во новинарството не се прави знак на равенство меѓу експерти и активен политичар. Точка!!! Толку од и за вистинитоста.

 

ДОСТА СО ПОТЦЕНУВАЊЕТО НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА НА ПУБЛИКАТА!

Отсуството на јасни извори на информации, барем во форма на т.н. експерти и познавачи, очекувано има лош ефект врз содржината на понудениот материјал. Да бидеме искрени, сè ќе било поедноставно ако само се објавела изјавата на премиерот, па од понуденото читателите сами да си извлекле заклучоци. Никој не би бил кабает, ќе било „ни лук јал, ни лук мирисал“. Но, не, морало да се додадат и други елементи кои се само параван, би рекол провиден, за главните обвинувања кои на адреса на лидерот на опозицијата ги испорачува баш премиерот. Затоа, конечниот производ е папазјанија, микс, секако недозволив, меѓу желба за „информативен текст“ и билтен, чие место е официјалната партиска интернет-страница, а не портали кои ја замајуваат публиката дека се занимаваат со новинарство. Ако навистина се имало желба да се пласира вест, тогаш таа секако дека би морала да биде исчистена од елементите кои недвосмислено укажуваат на пристрасност и на необјективност. Впрочем, тоа најдобро се гледа од користените коментари:

„…Со овој потег, опозицијата уште еднаш ја потцени интелигенцијата на народот.

 

Со ова е јасно дека потегот на СДСМ со кривичните пријави има политичка цел и обид за  маркетинг, а не некаква посакувана правна разрешница.

 

СДСМ сака да дојде на власт без избори и на насилен начин, па и со помош на странски служби. Тоа нема да им помине кај граѓаните.“

Пак да повториме, бидејќи како тешко да се разбира дека:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари. 

Конечно, навистина доста нè потценувате со вакви текстови.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

непотпишан текст, најверојатно оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести