verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев лажно обвинува, СДСМ ги призна избирачкиот список и изборните резултати

on 10 - 03 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-082-Зеев-лажно-обвинува-СДСМ-ги-призна-избирачкиот-спис-crop-resize

Текстот што го рецензираме има проблем со вистинитоста и со хронологијата на настаните што ги опишува. Кулминација на непрофесионалниот пристап и на пристрасноста е видлива уште во насловната конструкција. Навистина, од каде толкава храброст на граѓаните да им се фрла прав в очи со констатaцијата дека „СДСМ ги призна изборните резултати“, кога од првиот ден на соопштување на резултатите од гласањето, опозицијата јасно им стави до знаење на граѓаните и на меѓународната заедница дека не ги признава изборните резултати поради низа неправилности и манипулации, дека поради тоа бара формирање техничка влада и нема да влезе во парламентот (СДСМ не ги признава изборите, ВМРО ДПМНЕ слави, СДСМ не ги признава изборите).

FireShot Screen Capture #082 - 'Зеев лажно обвинува, СДСМ ги призна избирачкиот спис' - www_kurir_mЛинк до оригиналниот напис: Заев лажно обвинува, СДСМ ги призна избирачкиот список и изборните резултати

Датум и време на објавување: 06.03.2015

Датум на рецензирање: 07.03.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

КРАТКО ПАМЕТЕЊЕ

Бидејќи има медиуми кои не објавуваат ништо за содржината на криминалите за кои се говори во телефонските разговори на највисоките функционери на власта како ги местеле изборите, направена е пресметка: со бајати информации од претходните и оние пред-претходните избори, со лаги и со полувистини да им се фрли прав в очи на граѓаните.

Крајно непрофесионално и пристрасно, се прави отворен обид граѓаните да се убедат дека имаат кратко паметење и оти, всушност, „самите помнат дека СДСМ ги признала изборните резултати и регуларноста на избирачкиот список“, што не е точно. Конструкцијата дека опозицијата ги прифатила резултатите од избори со ништо не е поткрепена.

„Лидерот на СДСМ повторно со лажни обвинувања сака да го замајува народот. Македонските граѓани помнат како поминаа изборните циклуси и дека сопартијците на Заев јавно ги признаа и изборните резултати и регуларноста на избирачкиот список.“

 

ПЕРЕЊЕ ВАЛКАНИ АЛИШТА

Разбирливо, ова е објаснување само за наивните. Вистината е сосема поинаква (ВМРО ДПМНЕ слави, СДСМ не ги признава изборите). Се прави обид да се исперат валканите и нечесни игри на владејачката партија за време на изборите, злоупотребата на државните органи при гласањето, корумпирањето гласачи, издавањето лажни лични карти… И, затоа се прави манипулација со хронологијата на изборните циклуси, се цитираат од денешен аспект неактуелните изјави на опозициските функционери (од трите по ред предвремени парламентарни избори, 2008, 2011, 2014 година) за да се збунат читателите, да им се одвлече вниманието и да се фрлат во сенка сознанијата за изборните манипулации што лидерот на опозицијата ги презентирал преку снимените телефонски разговори на носителите на највисоките државни функции.

„Паѓаат во вода тврдењата кои Заев ги изнесе денес јавно од партиската говорница. Освен прочистениот изборен список, СДСМ во неколку наврати го призна и поразот на изборите. Граѓаните со години по ред не ѝ даваат поддршка на опозициската партија, а тоа им е кристално јасно на нејзините челници.“

 

ПРАВ В ОЧИ

Се пласира конструкција дека не само што опозицијата ги признала резултатите од изборите, туку немало никаков проблем ни со избирачките списоци, иако вистината е спротивна. До денот на изборите ДИК имаше проблеми околу прочистувањето на избирачкиот спиок и забелешки дека со него нешто не е во ред. На тоа јасно укажале и претставникот на СДСМ во ДИК, Дамјан Манчевски, и Џон Аран, експерт на ОБСЕ за регистрација на гласачите кој тогаш изјавил:

„Голем број гласачи се регистрирани на една иста адреса, но има гласачи кои се заведени во списокот, а веќе не живеат во Македонија. На една адреса се јавуваат по 70, а некаде и по две до три илјади гласачи. …„Има сомнежи дека на списокот се заведени лица кои се веќе починати, гласачи кои се распоредени на различни избирачки места, а одредени гласачи не се запишани во списокот.“ (Голем број гласачи на иста адреса)

Додека трае целата оваа рашомонијада со „бомбите“, медиумот свесно шири магла, им фрла прав в очи на граѓаните и ги замајува со старите и депласирани информации за одамна заборавените коалиции помеѓу СДСМ и ВМРО–НП, изјавите на Бранко Црвенковски уште од првите избори кога оваа партија ја загуби власта, анализи на „аналитичарите“ од време на локалните избори… а, сè за да се затскријат трагите на нерегуларностите, фалсификатите, подмитувањата, лажните избирачи и лажните лични карти, местенки од последните избори кои резултираа со сериозна и предолга политичка криза во земјата, за целата вина за таа ситуација да се префрли на опозицијата и да се фрли во сенка актуелната состојба во државата и сериозноста на обвинувањата на опозицијата, кои произлегуваат од презентираните снимени телефонски разговори за време на последните избори.

Кристално е јасно дека овде е прекршен еден од основните принципи на новинарството – премолчена е вистината. Од јавен интерес е граѓаните да знаат што и како правеле носителите на највисоките јавни функции за време на изборите. Новинарот е должен да го штити јавниот, а не партискиот или поединечниот интерес на одредени центри на моќ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести